Ориз и секакви комбинации со него

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
обожавам ориз и го сакам во комбинација со грашок и пченка или како рижото дали со морски плодови, месо или зеленчук не е важно само нека е варен, ориз тава несакам да видам, јадам не викам не, но не со апетит.
 
100 грама ориз има 350 калории.. а 100 грама ориз е отприлика пола тава.. или едно мало тенџере.. Затоа дефинитивно ќе ја листам темава и ќе пратам рецепти.. Пошто доста го јадам..

Иначе еве рецепт.. Ставете мелено месо и ориз во тенџере.. нека се сварат за пола сат.. Топ комбинација на протеини и јаглехидрати :D
 
обожавам ориз и го сакам во комбинација со грашок и пченка или како рижото дали со морски плодови, месо или зеленчук не е важно само нека е варен, ориз тава несакам да видам, јадам не викам не, но не со апетит.
(y)ориз,пченка,грашок,кромид и црвена пиперка - убаво зачинето и се’ заедно да се крчка во бело винце
и на крај резултатот
rizoto-sto-piato1.jpg
 
Ми се допаѓа комбинацијата што ја постирал кул, ама јас би ја тргнала пченката, што знам не ја сакам.
Јас најчесто ориз приготвувам во комбинација со грашок, пиперка, кромид, домати, компири.
Најпрво во загреано масло се упржува кромидот, оризот, грашокот....сите состојки кои треба да се стават, јас практикувам да ставам 2-3 домати претходно излупени и на ситно здробени така и оризот добива малку црвена боја, ставам зачин (вагета, бибер) потоа ставам вода и го ставам во рерна.
Сакам и благ ориз со млеко односно сутлијаш.
 
(y)ориз,пченка,грашок,кромид и црвена пиперка - убаво зачинето и се’ заедно да се крчка во бело винце
и на крај резултатот
rizoto-sto-piato1.jpg

токму така и го спремаме, винцето какво вкус му дава прсти да излижеш па и печурки кога ќе се додадат е убаво, а најубав ми е оризот со долго зрно.
 
токму така и го спремаме, винцето какво вкус му дава прсти да излижеш па и печурки кога ќе се додадат е убаво, а најубав ми е оризот со долго зрно.
браааво-
ова за печуркиве (y)
 
Пробував повеќепати да направам тава ориз... де ќе ми загори... пробав го затворив со фолија, не загорува, ама како варен нешто излегува... би ми помогнал многу некој/а ако знае да ми каже... и за вкус некои додатоци, зачини...
 
Picture 1412.jpg еве што остана од денешниот ручек, тавче ориз со пилешки копани,така е секогаш јас кога го правам.
Секое зрно си се двои и си е само за себе,милина да не ти се станува од маса+ладен шприцер а може и пиво,салата обавезно.
Види го дното на тавата,нема ни едно зрно залепено ниту пак загорен,ако си во близина повели да пробаш,
види ги и ивиците на тавата,ни таму нема ништо загорено,тавата не ја покривам,вода не дотурам.
Пробував повеќепати да направам тава ориз... де ќе ми загори... пробав го затворив со фолија, не загорува, ама како варен нешто излегува... би ми помогнал многу некој/а ако знае да ми каже... и за вкус некои додатоци, зачини...
 
Последно уредено:
Вака јас ја правам и нема загорено ништо............зејтин и кромидче ситно исецкано го загреваш и пржиш некое време додека не почне да покафенува кромидот......потоа додаваш пример еден филџан ориз во тавчето и го пржиш минута време, заедно со вегета и црб бибер......после минута две додаваш три и пол филџани вода (истиот филџан :)), додаваш вегета, црн бибер, црвен пипер ситно исечкана пиперка и го буткаш во претходно загреана рерна на 200 степени....(не е проблем и претходно да го ставиш пред да е загреана толку, нема значење). Подобар вкус ке ти даде ако имаш претходно сварено пилешко месо, копанчиња да речеме, и од таа вода ги мериш филџаните. Прво го провриваш месото 5 минути, потоа се вари во чиста вода, и таа вода на крај кога се сварени копаните ја додаваш во оризот, и ги ставаш и копанчињата да пливаат и ги буткаш во рерна. :)
 
Прегледај го приврзокот 89276 еве што остана од денешниот ручек, тавче ориз со пилешки копани,така е секогаш јас кога го правам.
Секое зрно си се двои и си е само за себе,милина да не ти се станува од маса+ладен шприцер а може и пиво,салата обавезно.
Види го дното на тавата,нема ни едно зрно залепено ниту пак загорен,ако си во близина повели да пробаш,
види ги и ивиците на тавата,ни таму нема ништо загорено,тавата не ја покривам,вода не дотурам.
На празна тепсија му велиш повели да пробаш :P
 
рецепт од ЈНА за ризи бизи, мене ми е убав и гледам барем еднаш неделно да го спремам
препржувам праз (секогаш место кромид користам праз) ситно исецкан пашканат, целер и пилешко (обично ќе сварам 2-3 копани со надкопани па нешто за супа нешто за ориз), додавам ориз - 1-2 прста помалце од шоља за чај ми е мерка за 4 оброци, го пржам сето тоа додека оризот не стане стаклест - прозирен, тогаш додавам конзерва 400 грама грашок, сол, вегета и налевам со 3 шољи вода. Сето тоа врие на рингла додека водата речиси цела не испари,па го тргам и оставам пола сат за преостанатата течност да се упие во оризот. Јас оризот го сакам посув не водлест или кашест. По желба може прeд да му туриш вода, да му ставиш неколку чешниња ситно сецкано лукче или љуто пиперче.....
брзо се спрема и е вкусен
 
Еве ти го рецептот за правење на Македонска тава ориз со копани/пилешко..... нема промашување при готвењето :)

Тава ориз со пилешко

Потребни состојки
- 1 главица кромид
- 6 мали филџани ориз
- 1 кг. пилешко по желба (копани, стек...)
- зејтин
- сол
- бибер
- вегета

Подготовка:
Пилешкото месо ставете го во вода со сол да се вари 1-1,5 часа.
Кога ќе се свари,исецкајте го кромидот и ставете го во тава со загреан зејтин да се пржи. Оризот исчистете го, измијте го и додајте го во тавата со кромидот да се запржи 3-4 минути. Додадете сол, бибер и вегета, распоредете го во тавата и ставете го во тавата пилешкото месо. Сипете 11 кутлачи вода и убаво промешајте. Ставете во загреана рерна на 250 степени да се пече додека оризот не ја впие водата т.е 30-40 минути.

Всушност со овој рецепт и со ова јадење за прв пат се натпреварував во Кајгана готвач натпреварот....., а јадењето беше нешто превкусно, а и е дел од моите омилени јадења...
Еве дел од сликите... :)

1.jpg

3.jpg
 
Фала ви многу луѓе... Од утре па натаму ќе и се пуштам на кујната... :)
 
@Sungerot Bob кој е соодносот за тава ориз? На пример ако ставам еден голем филџан ориз колку филџани вода ќе треба?

И исто за варен ориз сооднос ме интересира?

Јас никако не можам да направам саглам ориз, никако не ми излага, на истиот начин сум го правела и ништо. Ми треба точниот сооднос вода-ориз.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom