Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Од Орифлејм ми се чини имам се испробано, бев зачленета едно време, ама кога видов дека претерав со порачување, одлучив да прекинам и членство.
Од колекцијата Џордани перлите се прекрасни, сенките златна/сребрена боја исто така, а за четката за перли немам зборови. Попријатна за лице не сум користела, презадоволна сум. И парфемот сум го користела, убаво мириса, но брзо се ветрее.
Од колекцијата Орифлејм некои од кармините ми се допаѓаат, а од сенките сум задоволна (посебно од двобојните сенки суво-водено).
Колекцијата Вижн според мене е за никаде, ја мразам. Само моливчињата за очи можам да кажам дека се убави.
Сите млека за тело ми се допаѓаат како мирисаат, но за мојата кожа не се доволно хидратантни и не сум ги користела.
eci^^^ спомна погоре за колекцијата од морски алги. Гелот за туширање, сапунот и пилингот за тело навистина се покажаа одлични, свежо мирисаат.
Римелите си беа ок, но четчињата за нанесување не ми се допаѓаат, апликаторите за сенки се катастрофа - еднаш употребуваш и фрлаш. Не ми се по ќејф производите од бронзената колекција освен пудрата во прав која е одлична за замена за руж.
Колекцијата за нега на стапала е убава, посебно сум задоволна од тоа за реднање
)) петици.
Зборувам за производите кои ги користев пред една година, а одамна не сум купувала и не знам сега дали се сменети.
Гледав каталог на Авон и некои производи ми оставија око, па за почеток си порачав римел со интересна спирална четкичка, па ќе видиме како ќе се покаже.