Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Кој бара интересна крими серија за разонода, Ozark е добра. Не очекувајте ништо посебно за на газ да паднете ама има одредена напетост.
 
Кој бара интересна крими серија за разонода, Ozark е добра. Не очекувајте ништо посебно за на газ да паднете ама има одредена напетост.
+1

Ми се чини дека во еден здив ја изгледав цела прва сезона.
 
Damnation уште една вестерн серија која ми се допаѓа. Не е нешто посебно добра, но мене ми е интересна, а и имам мерак на таков жанр. (y)
Излезени се веќе 7 епизоди.
Ја изгледав цела за нецели 2 дена, чекав да излезе и 10та епизода па да удрам маратонски :D
Се сложувам со тоа што си пишал, ништо посебно, иако морав да ја погледнам ради жанрот, и сепак не се разочарав. Убаво опфатен јужњачкиот шмек, добар саундтрек, ептен ми се свиѓаше работава на камерата, некои кадри ми останаа во памтење и беа одлични. Плус си го поштувам Логан Маршал Грин од Quarry, одличен беше и тука, штета што не ја продолжија со втора сезона оваа.
Ич нејќам очигледни сцени и дијалози, ама сцената после убиствата во црквата се наежив колку добро го доловија моментот и двајцата, hands down.
 
Солидна аргентинска крими драма, штета што пак излезе шпанска серија на крајот

El Jardín de Bronce
https://www.imdb.com/title/tt7048386/
Ја изгледав уште летото, мене ми беше одлична од секој аспект. :cuc: Навистина неочекуван крај, иако имаше логика. Ќе има и втора сезона годинава.

Ја гледал некој Епитафи (Epitafios) исто ко-продукција на HBO и Pol-ka? Две сезони има со тоа што втората сезона е снимена дури 5 години по првата. По жанр е хорор крими-драма, а сум прочитал многу добри критики за истата. Ја има истотака на HBO видеотека како и Бронзената Градина.
http://www.imdb.com/title/tt0423646/
 
Ја изгледав уште летото, мене ми беше одлична од секој аспект. :cuc: Навистина неочекуван крај, иако имаше логика. Ќе има и втора сезона годинава.
Така така ми беше, ама последните 2 епизоди беа доста лоши и ми делуваа некако избрзано. Не ми се допаднаа Индијана Џонс елементите во приказната.
 
Homicide: Life on the Street

Партали. Кој гледал The Wire и оваа ќе му легни скроз. Голем дел од екипата се повторува, плус нешто Сопранови, плус по некоја филмска ѕвезда. Сценариото одлично, дијалозите на ниво со добар хумор, и имаш карактери од генијалци до типичен џандар кој си тера филмот.
 
Џеф Даниелс беше генијален во The Newsroom (штета што серијата стана многу лоша) а сега во најава е серија со одлична тема и актерска екипа The Looming Tower
 
Препорака за мистерија слична на The Missing, ама да не биде sci fi?

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom