Damnation уште една вестерн серија која ми се допаѓа. Не е нешто посебно добра, но мене ми е интересна, а и имам мерак на таков жанр.
Излезени се веќе 7 епизоди.
Ја изгледав цела за нецели 2 дена, чекав да излезе и 10та епизода па да удрам маратонски
Се сложувам со тоа што си пишал, ништо посебно, иако морав да ја погледнам ради жанрот, и сепак не се разочарав. Убаво опфатен јужњачкиот шмек, добар саундтрек, ептен ми се свиѓаше работава на камерата, некои кадри ми останаа во памтење и беа одлични. Плус си го поштувам Логан Маршал Грин од Quarry, одличен беше и тука, штета што не ја продолжија со втора сезона оваа.
Ич нејќам очигледни сцени и дијалози, ама сцената после убиствата во црквата се наежив колку добро го доловија моментот и двајцата, hands down.