Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
оваа новава на нетфликс ја фалат The Night Agent, ја изгледа некој, мислења?
прва епизода изгледав и се откажав.
На толку зборење баш ништо посебно.

Инаку ја изгледав четврта сезона YOU и некако претерано ми изгледа.
За мене прва и втора беа врвни.
 
Јаооо Лизо, колку најмногу на свет ти не знаеш да глумиш.
Не ми е јасно како некој дозволил тие тејкови да поминат.
 
Комедија бр. 7 - Master of None на Netflix. Прочитав неколкумина што ја пофалија, ама за жал не прочитав ни еден што стигнал до крајот. Првите 2 сезони, со Азиз Ансари во главна улога се супер, се си беше таман, се си беше на место. На моменти и ова удираше повеќе на драма отколку комедија, ама не ми сметаше воопшто. Но...

Третата сезона е буквално ОЧОБОЛ! Претенциозна, крајно woke (за црни лезбејки е!), Азиз се појавува само 2 пати по неколку минути и во ниту една сцена нема грам хумор. Тотално ко друга серија да гледав. Всушност и друга серија е, не знам зошто го носи истото име. Цела среќа па само 5 епизоди беа, ама искрено едвај ги проголтав. Жива катастрофа, едно од најлошите нешта што сум ги гледал на телевизија. Па една The Walking Dead во најлошите сезони, кога почнаа да тапкаат во место и да се вртат во круг би можела да се опише ко masterpiece во споредба со ова. А и по тонот беа слични - ова демек комедија, ама повеќе накај трагедија маваше, вени да исечеш. Ужас! Не препорачувам никому!

Состојбата по 7 изгледани „комедии“:
1681331801699.png

Не е лошо, полека позеленува сликата.
 
HBO ја најавија серијата за Хари Потер, базирана на 7 седум книги.
За мене звучи интересно, за вас не знам.

 
HBO ја најавија серијата за Хари Потер, базирана на 7 седум книги.
За мене звучи интересно, за вас не знам.


Со оглед на ставовите на Роулинг бар се надевам дека нема да има правила за родова застапеност. Ако го направат Хари како црнец, Хермиона лезбо и Рон џанки, не фала, нема да гледам.
 
Прашање на време беше кога ќе почнат да ја молзат и оваа крава, со оглед на тоа колкава фан база има а и со фактот дека добија додатна популарност со Hogwarts Legacy играта.

Само не ми е јасно, зашто ќе прават римејк на филмовите? За преголем универзум станува збор и можеле да одберат некоја друга ера, не морале пак според книгите да одат.
 
Не е прв пат, и веројатно нема да биде и последен, но за да не ја испуштите можноста да ја гледате баш во времето кога се прикажувала:

КОЈ ЈА НЕМА ГЛЕДАНО SUCCESSION - ЌЕ ОСТАНЕ ЗАСЕКОГАШ ТАПЧО ВО СВЕТОТ НА СЕРИИТЕ.

Почнете ја веднаш! Ќе дозволам и плукање отпосле, ама знам дека тоа нема да се случи.

Штотуку ја гледав најдобрата епизода во историјата на телевизијата, по изгледани 5704 епизоди од преку 100 серии, или по пет месеци, 24 дена и 8 часа пред ТВ екран!
 
Со оглед на ставовите на Роулинг бар се надевам дека нема да има правила за родова застапеност. Ако го направат Хари како црнец, Хермиона лезбо и Рон џанки, не фала, нема да гледам.

Не пратам многу али како шо прочитав Роулинг моментално е во војна со woke светот. Цел поранешен каст ја нападна заради анти транс ставовите, али кутрите шо да прават тек се на почеток на кариера.

Од друга страна Роулинг ги има сите авторски права за франшизата, неможат да снимат реклама без нејзина дозвола и затоа си дозволува вакви изјави. Иначе серијата ќе биде прецизно изработена според книгите. Секоја книга ќе добие своја сезона и ќе бидат на широко опфатени многу детали шо ги немаше во филмовите. Така да не очекувам многу осцилации со woke идиотите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom