Здраво на сите, имам Astra H 1.7 cdti Z17DTR motor so 125 KS. Колата при средно оптоварување на пример 2000 обртаи во 5 брзина 100 km/h, на мала угорнина фрла грешка P0234 overboosting и влегува во save mode. Ова не се случува ако се вози побрзо или во помала брзина. Актуаторот на турбот работи проверен, map сензор сменет , нема протекување на вакум, турбото работи нормално, нема свирење, едиствено засега што е забележано подослабена е вакум пумпата, даба 650 mbar, a нормални вредности биле од 750 до 850 mbar. Има некој искуство со овај проблем и како да се реши?