Еве официјални иформации за Visa Интернет Картичка, дебитна картичка на Стопанска Банка специјална креирана за плаќање на интернет:
КАРАКТЕРИСТИКИ НА VISA ИНТЕРНЕТ КАРТИЧКА
Основни карактерисики
• ВИСА Интернет картичката е наменета исклучиво за едноставни и безбедни купувања преку Интернет
• Картичката не се користи за купувања во продавници, на банкомати, за телефонски или поштенски нарачки. За сите овие намени користете ја Вашата кредитна или дебитна ВИСА картичка од Стопанска Банка
• Интернет картичкатa е дебитна картичка, поврзана со денарска сметка
• Со картичката можете да користите онолку средства колку што имате на располагање т.е. онолку колку што ќе уплатите
• Плаќањето на интернет може да биде во било која валута, а задолжувањето е секогаш во денари
• Можност за уплата на средства на сметката за интернет картичка преку е-banking системот на Стопанска банка или било кој шалтер на Стопанска Банка
• Не е можна исплата на шалтер. Несикористениот износ препорачливо е да се префрли на Вашата тековна сметка во Стопанска Банка преку системот на е- banking.
Важност
• Рок на важност 3 години
Годишно членство
• БЕСПЛАТНА Интернет картичка за сите иматели на некоја од меѓународните ВИСА кредитни или дебитни картички издадени од СБ
• Годишна претплата од 300 денари за имателите на ВИСА Electron дебитна како и за сите останати
Потребни документи
1. Барање
2. Копија од лична карта
Е-banking на СБ
Во моментот на аплицирање автоматски Ве пријавуваме и за системот на електронско банкарство на СБ при што Ви доделуваме корисничко име и лозинка.
Преку системот на електронско банкарство можете да:
- вршите уплати и исплати од сметката за Вашата Интернет картичка и
- имате целосен увид во сите трансакции направени со картичката.
Во моментот на издавање на картичката Ви доделуваме:
- корисничко упатство за системот на електронско банарство на СБ и
- сертификат (на ЦД) за потпишување на плаќањата преку системот на е- banking. За сертификатот се наплаќа износ од 50 денари, еднократно од Вашата тековна сметка.
ИНФО телефон
+389(0)2 3163772
http://javascript<b></b>:popOpen('N_VisaOpsto.asp?seg=8','Visa', 'scrollbars=yes', 'toolbar=no');