Online плаќање

  • Креатор на темата Креатор на темата slobodar
  • Време на започнување Време на започнување
Еве уште подобро:

www.payoneer.com

Јас аплицирав сега ќе видиме.

Ова до го дознав од getafreelancer.com, аплицираш и добиваш препејд МАСТЕРКАРД. Ти исплаќаат преку интернет или на сметка или со твојот е-маил. Има одредени трошоци (како 3 долари месечно) ама одземаат од балансот, ако е нула-ништо. И на твоја и на нивна страна (тие што ти плаќаат) има одредени трошоци. И ваљда ќе треба 20 долари за активација на сметката, ама прво ја добивате, па после треба да ја активирате.
 
Ја користам Mooneybookers за онлајн плаќање тоа е нешто слично како PayPal, поупотребувано е во Европа и што е најважно ја има Македонија на листата. Исто ми го зголемија лимитот на пари што можам да го ставам на акаунтот со тоа што ми пратија писмо со код на адреса (во поштенско сандаче, дома значи :) ) кој го куцнав таму.

Иначе пишав во некој друг топик дека според мене најдобро е плаќање да вршите со интернет картичката од стопанска банка која функционира како секоја обична картичка (значи ја примаат како валидна сите сајтови на кои сум ја пробал) и пари на нејзе се префрлаат од тековната сметка/дебитната/кредитната картичка од стопанска банка преку e-banking. Добро е тоа што си двојно заштитен (главната сметка е недостапна за никој друг на нет) и
префрлањето пари го правиш од дома/компјутер. :) BTW функционира беспрекорно.
 
Земав VISA дебитна картичка за да платам преку интернет и ми јавува некоја глупа грешка, чаре?
 
Во ретки случаи можеш да плаќаш со дебитна онлаин и глупавата грешка највероватно ти е несоодветна картичка или несоодветен број кој започнува картичката бидејќи има определени броеви накој започнуваат ДЕБИТНИТЕ и на кој КРЕДИТНИТЕ па системите за онлине плаќање го запазиле тоа...чаре имам напишано во претходните постови прочитај си
поздрав.
 
Ја користам Mooneybookers за онлајн плаќање тоа е нешто слично како PayPal, поупотребувано е во Европа и што е најважно ја има Македонија на листата. Исто ми го зголемија лимитот на пари што можам да го ставам на акаунтот со тоа што ми пратија писмо со код на адреса (во поштенско сандаче, дома значи :) ) кој го куцнав таму.

Иначе пишав во некој друг топик дека според мене најдобро е плаќање да вршите со интернет картичката од стопанска банка која функционира како секоја обична картичка (значи ја примаат како валидна сите сајтови на кои сум ја пробал) и пари на нејзе се префрлаат од тековната сметка/дебитната/кредитната картичка од стопанска банка преку e-banking. Добро е тоа што си двојно заштитен (главната сметка е недостапна за никој друг на нет) и
префрлањето пари го правиш од дома/компјутер. :) BTW функционира беспрекорно.
Да и јас ја имам видено Mooneybookers добра е и за СТБ е-банкингот исто така е супер од дома си плаќам сметки :) перфекција
 
Пере значи да земам кредитна од стопанска банка, така?
Не тоа не е КРЕДИТНА тоа е ИНТЕРНЕТ КАРТИЧКА се препознава како кредитна а работе на принцип на дебитна КОЛКУ ИМАШ ТОЛКУ ТРОШИШ моментално тоа е најдобто решение.
Ти го препорачувам
 
http://www.payoneer.com

Ми стигна МастерКард ПриПејд, и ја активирав.

Кошта 20 долари активацијата (од првиот трансфер зема).

И во зависност дали подигате готовина (2,5 долари) или плаќате во продавница (бесплатно), можете да ја користите и кај нас.

Супер е за да ви платат за услуга/производ.

Нормално и moneybookers е добар, само што овде ја имате картицата.
 
Luge aj nekoj neka mi objasni sto se podrazbira pod DEBITNA KARTICKA?Vrska nemam. FALA!!!!!
 
Може ли така некое подетално објаснување
трошоци можности придобивки гледам дека веќе ја користиш картичката
 
Luge aj nekoj neka mi objasni sto se podrazbira pod DEBITNA KARTICKA?Vrska nemam. FALA!!!!!

Дебитна: Колку кеш ке дадеш во банката толку ќе имаш да тошиш од картичката.

Кредитна: Банката ти ја дава картичката со пари кои мижеш да ги трошиш, па после ги враќаш со камата.
 
Може ли така некое подетално објаснување
трошоци можности придобивки гледам дека веќе ја користиш картичката

Имаш на сајтот нивни, оваа ти е ако од странство ти уплаќаат пари преку е-маил, ти ги добиваш на картицава, трансакциите ги следиш онлајн. провери на сајтот, имаш таму еден куп информации.
 
Еве официјални иформации за Visa Интернет Картичка, дебитна картичка на Стопанска Банка специјална креирана за плаќање на интернет:
КАРАКТЕРИСТИКИ НА VISA ИНТЕРНЕТ КАРТИЧКА
Основни карактерисики
• ВИСА Интернет картичката е наменета исклучиво за едноставни и безбедни купувања преку Интернет
• Картичката не се користи за купувања во продавници, на банкомати, за телефонски или поштенски нарачки. За сите овие намени користете ја Вашата кредитна или дебитна ВИСА картичка од Стопанска Банка
• Интернет картичкатa е дебитна картичка, поврзана со денарска сметка
• Со картичката можете да користите онолку средства колку што имате на располагање т.е. онолку колку што ќе уплатите
• Плаќањето на интернет може да биде во било која валута, а задолжувањето е секогаш во денари
• Можност за уплата на средства на сметката за интернет картичка преку е-banking системот на Стопанска банка или било кој шалтер на Стопанска Банка
• Не е можна исплата на шалтер. Несикористениот износ препорачливо е да се префрли на Вашата тековна сметка во Стопанска Банка преку системот на е- banking.
Важност
• Рок на важност 3 години
Годишно членство
• БЕСПЛАТНА Интернет картичка за сите иматели на некоја од меѓународните ВИСА кредитни или дебитни картички издадени од СБ
• Годишна претплата од 300 денари за имателите на ВИСА Electron дебитна како и за сите останати Потребни документи
1. Барање
2. Копија од лична карта Е-banking на СБ
Во моментот на аплицирање автоматски Ве пријавуваме и за системот на електронско банкарство на СБ при што Ви доделуваме корисничко име и лозинка.
Преку системот на електронско банкарство можете да:
  • вршите уплати и исплати од сметката за Вашата Интернет картичка и
  • имате целосен увид во сите трансакции направени со картичката.
Во моментот на издавање на картичката Ви доделуваме:
  • корисничко упатство за системот на електронско банарство на СБ и
  • сертификат (на ЦД) за потпишување на плаќањата преку системот на е- banking. За сертификатот се наплаќа износ од 50 денари, еднократно од Вашата тековна сметка.
ИНФО телефон
+389(0)2 3163772

http://javascript<b></b>:popOpen('N_VisaOpsto.asp?seg=8','Visa', 'scrollbars=yes', 'toolbar=no');
 
Никогаш не сум купил или порачал онлајн, но би сакал сепак.... дали тоа е сигурно или само ПРЕВАРА !?
 
Никогаш не сум купил или порачал онлајн, но би сакал сепак.... дали тоа е сигурно или само ПРЕВАРА !?

Тоа зависи од страната од кај што ќе наручаш. Ако е страната ок нема што да биде превара....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom