One Оператор - Генерална Дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Како да се деактивира пакетот со 500 бесплатни неделно? Џабест ли се вика, 79 денари се плаќа по 7 дена.
Активирај го ЏаБест неделниот пакет на еден од следниве начини:
  • јави се на бесплатниот број 1414 и следи го автоматот
  • испрати SMS на бројот 181 со текст: DZABEST 79 START
  • јави се во Центарот за грижа за корисници на 181
  • или дојди во кое било продажно место на ONE
За да провериш до кога ти трае пакетот, само прати SMS со текст: DZABEST 79 STATUS
Пакетот автоматски ќе ти се обновува, на секои 7 дена, за да не се мачиш нон-стоп да го активираш.
А кога ќе сакаш да го деактивираш, прати SMS со текст: DZABEST 79 STOP
Извор
 
Дали може од постпејд на ОNE, да се префлиш со истиот број во припејд на ONE?

И дали некој има искуство со бодовите на крај на истек на договорот(постпејд) каде даваат бесплатен тел?Како се пресметуваат? Ми ги кажаа али се мењале од тарифниот модел кој би го земала ..па не разбирам баш..Ми дадоа листа со мобилни и цени во различни тарифни пакети..
 
Како да дознаам колку минути имам потрошено кон ONE и кон другите мрежи? (Телефон на претплата)
Кога испраќам порака SMETKA на 142 142 добивам само износ во денари, но не и колку минути имам потрошено или колку ми остануваат.
Благодарам за помошта.
 
Дали може од постпејд на ОNE, да се префлиш со истиот број во припејд на ONE?

И дали некој има искуство со бодовите на крај на истек на договорот(постпејд) каде даваат бесплатен тел?Како се пресметуваат? Ми ги кажаа али се мењале од тарифниот модел кој би го земала ..па не разбирам баш..Ми дадоа листа со мобилни и цени во различни тарифни пакети..

Мислам дека такво нешто не е можно. Можеш само припејд -> постпејд трансфер на бројот да направиш, обратното не.

Имам Џабест број, ја ставив сим картичката првпат, го внесов пинот. Пробав да заѕвонам на 1221, ми вели имате забрана за појдовни повици. Пробав да звонам од друг мобилен кон овој број, таа фината тетка ми вели дека корисникот кој се трудам да го добијам има забрана за дојдовни повици.

До што е проблемот?
 
Дечки како да го подесам телефонот за да може да користам интернет? Го иам пакетот XS и покушав да го подесам телефонот според постапката опишана и ми вика дека не може да се конфигурира мојот телефон (LG E900h).
Ja ставив картичката на Nokia N73 за да не ми пропадне интернетот, пак исто според постапката идам, ми стига пораката за конфигурација, ја отварам пораката ама ми вика Settings recieved but not saved. Message deleted. Чаре?
 
Ова телефоноф оптимус 7 треба да е... така?

Ако е така, тогаш тој користи Андроид колку шо памтам.

еве ти упатство за Андроид!

http://one.com.mk/files/files/androidOSprilagoduvanja-mk.pdf
 
Windows Phone е, не користи Андроид.

Моја грешка.....

Тогаш најди го менито за APN (Accses point names) и внеси ги параметрите прикажани на сликата во чекор број 7.
Не треба да е толку комплицирано мислам!
 
Почитувани, согласно со законските прописи на РМ, задолжителна е регистрација на лицните податоци на сите при-пејд корисници. Ве молиме оставете ги Вашите лични податоци: Име, презиме, адреса и матичен број на https://moj.one.mk/ppdc_mk.html или пратете СМС на 14181 со текст 1 за МК или 2 за АЛ јазик и ќе добиете СМС инструкции. СМС пораките за регистрација се бесплатни. благодариме...

Шо бе евидентираат секаде сеа? или што е ова?
 
Донесен е закон ,секој оператор мора да си ги евидентира своите при пејд корисници се со цел за воведување ред и спречување на секакви злоупотреби на припејд броевите кој воља на вистината до сега не се знаеше кој ги поседува и кој од каде и на кого врти и малтретира.

Sent from my HTC Hero using Tapatalk 2
 
А ако не се регистрирам?
 
Незнам до кој датум беше регистрацијата,но сите нерегистрирани броеви по тој датум ќе бидат исклучени.

Sent from my HTC Hero using Tapatalk 2

Аха, фала :) се вакцинирав :D
 
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ воведува неверојатна пост-пејд понуда. Од 7 декември, ОНЕ го збогатува своето портфолио со два нови промотивни тарифни модели во мобилен пост-пејд резидентен и бизнис сегмент: МЕГА 5.000 и МЕГА 10.000.

Со МЕГА 5.000, за само 499 денари, корисникот добива неверојатни 5.000 МБ интернет, 5.000 СМС пораки и 5.000 минути кон сите национални мрежи, засекогаш.
Со МЕГА 10.000, за само 999 денари, корисникот добива неверојатни 10.000 МБ интернет, 10.000 СМС пораки и 5.000 минути кон сите национални мрежи, засекогаш.
Цената на повик кон сите национални мрежи по искористување на бесплатниот сообраќај изнесува 5,9 во МЕГА 5.000, односно 4,9 во МЕГА 10.000.
-Во моментов на корисниците на мобилната телефонија им го нудиме најдоброто. Ова е навистина една неверојатна понуда која превртува наопаку и е одлична можност за опуштена комуникација и долги разговори со сите, бидејќи со новата понуда на ОНЕ за првпат на пазарот на мобилната телефонија во Македонија се нудат тарифни модели во кои цената на повикот кон сите национални мрежи не зависи од неговото времетраење, изјави на прес конференцијата Генералниот директор на ОНЕ, Цирил Кафол.
Новата понуда на ОНЕ во мобилен пост пејд е достапна за сите приватни и бизнис корисници кои ќе склучат или обноват договор во времетраење од 24 месеци.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/94787-Neverojatna-ponuda-na-ONE

Цена за воспоставување на повик во рамки
на претплатата без разлика на времетраењето на повикот
2,5 денари

http://www.one.mk/MEGA_tarifni_modeli.html
 
Чек сега, секое воспоставување на повик ти зема 2,5 ден. а наредните минути ти се бесплатни како што разбрав ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom