Телекомуникацискиот оператор ОНЕ воведува неверојатна пост-пејд понуда. Од 7 декември, ОНЕ го збогатува своето портфолио со два нови промотивни тарифни модели во мобилен пост-пејд резидентен и бизнис сегмент: МЕГА 5.000 и МЕГА 10.000.
Со МЕГА 5.000, за само 499 денари, корисникот добива неверојатни 5.000 МБ интернет, 5.000 СМС пораки и 5.000 минути кон сите национални мрежи, засекогаш.
Со МЕГА 10.000, за само 999 денари, корисникот добива неверојатни 10.000 МБ интернет, 10.000 СМС пораки и 5.000 минути кон сите национални мрежи, засекогаш.
Цената на повик кон сите национални мрежи по искористување на бесплатниот сообраќај изнесува 5,9 во МЕГА 5.000, односно 4,9 во МЕГА 10.000.
-Во моментов на корисниците на мобилната телефонија им го нудиме најдоброто. Ова е навистина една неверојатна понуда која превртува наопаку и е одлична можност за опуштена комуникација и долги разговори со сите, бидејќи со новата понуда на ОНЕ за првпат на пазарот на мобилната телефонија во Македонија се нудат тарифни модели во кои цената на повикот кон сите национални мрежи не зависи од неговото времетраење, изјави на прес конференцијата Генералниот директор на ОНЕ, Цирил Кафол.
Новата понуда на ОНЕ во мобилен пост пејд е достапна за сите приватни и бизнис корисници кои ќе склучат или обноват договор во времетраење од 24 месеци.