Она што не го разбираме, го плукаме?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Имав една професорка во средно, која често велеше: Луѓето кога не разбираат нешто или кога не е нешто на кое се навикнати - почнуваат да плукаат по тоа, мислејќи дека ќе се осеќаат подобро. Особено муабетот и беше за луѓе, велеше: Ако некој се издвојува од околината, малку е поразличен, ексцентричен или е со поинакви ставови, одма е осудуван од околината, отфрлан, плукан затоа што луѓето не можат да го сфатат тој човек, не се ни трудат па затоа и плукаат. Ако не можете да разберете некој, ако е поразличен - не го плукајте барем.

Дали се согласувате со ова?

Дали навистина кога нешто не разбира човекот или ако некој човек е поразличен од стандардите на општеството е плукан, отфрлуван и исмејуван? Или нема врска?

Ако е навистина така, зошто мислите дека е така? Зошто е полесно да се плука и исмејува, отколку да се седне и да се размисли?

Зошто да се исмева? Зарем не е подобро ако не разбираш некој, ако не сакаш да го сфатиш, барем да останеш рамнодушен и да го игнорираш, отколку да го плукаш?
 
Да, слагам се со тоа дека има многу такви луге кои попрво би исплукале отколку да се обидат да разберат и да прифатат рнешта кои се поразлични за нив, или несфатливи. Немора да значи ако некој е поразличен или не се уклопува во она `нормалното` дека не го чувтвува тоа шо го демонстрира на било кој начин.
Јас мислам дека тие личности(поразличните), имат свое јас и знаат точно кои се и не се плашат да го покажат тоа, бидејки искрено СЕ`, а мегу `другите` има многу повеке кои се плашат да го покажат сето тоа баш у вистинско светло, баш така како шо е.
Ако сакаш да си прифатен, треба и да прифакаш. Не се битни тие шо `плукат` затоа шо најверојатно се неспособни да сфатат нешо, и најверојатно скапуват у улогата на `само еден од многуте`. Нема нешто полошо од тоа САМ да се ограничуваш и сам да си поставуваш граници. Кај секој можеш да најдеш нешто убаво без разлика колку е тоа неразбирливо.
 
Сите ние разбираме нели, срам да им е на тие што плукаат, ама среќа ние не сме такви, нели? :pipi:
 
Најдобра одбрана кога не разбираш нешто. Кога нешто ти е претешко да го разбереш секој човек неможе да го признае тоа зашто дефакто ке се прогласи за поглуп од тој што го разбира. Затоа го напаѓа тоа што не го разбира и вели дека не е правилно.
 
Почитувам индивидуализам... и излегување од општствените норми и граници ....што има тука интересно ако сите сме исти шаблонски произведени карактери и личности со сличен начин на живот кои секогаш се во согласност со јавните мислења за која и да работа ...точно обично таквите луге кои не можат да ги сватат со кои не можат да се идентификуваат шемаџиите почнуваат да ги плукаат и да факаат сеир но за жал не ја гледаат сопствената бедотија на нивниот досаден и празен начин на живот. Како беше онаа поговорка... ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во твоето не ја гледаш, баш за тоа тука станува збор....
 
Имав една професорка во средно, која често велеше: Луѓето кога не разбираат нешто или кога не е нешто на кое се навикнати - почнуваат да плукаат по тоа, мислејќи дека ќе се осеќаат подобро. Особено муабетот и беше за луѓе, велеше: Ако некој се издвојува од околината, малку е поразличен, ексцентричен или е со поинакви ставови, одма е осудуван од околината, отфрлан, плукан затоа што луѓето не можат да го сфатат тој човек, не се ни трудат па затоа и плукаат. Ако не можете да разберете некој, ако е поразличен - не го плукајте барем.

Дали се согласувате со ова?

Дали навистина кога нешто не разбира човекот или ако некој човек е поразличен од стандардите на општеството е плукан, отфрлуван и исмејуван? Или нема врска?

Ако е навистина така, зошто мислите дека е така? Зошто е полесно да се плука и исмејува, отколку да се седне и да се размисли?

Зошто да се исмева? Зарем не е подобро ако не разбираш некој, ако не сакаш да го сфатиш, барем да останеш рамнодушен и да го игнорираш, отколку да го плукаш?
za zal seto ova e edna golema vistina,i da navistina lugeto plukaat po se sto e porazlicno od toa sto oni go pravat,a uste poveke plukaat ako toa porazlicno znaci i mnogu podobro,...e pa polesno e da plukaat po toa otkolku da go prifatat...
 
Погледнете ми го аватаров и се е јасно...
 
Кога не разбирам нешто, гледам да разберам што е тоа...
 
Зошто да се исмева? Зарем не е подобро ако не разбираш некој, ако не сакаш да го сфатиш, барем да останеш рамнодушен и да го игнорираш, отколку да го плукаш?

Најчесто е така ....за жал
Повеќето не се трудат да разберат за што станува збор.Едноставно полесно е да се исмее нешто отколку да се бара логично објаснување.А и поинтересно е некогаш.Го исмеваш она што не одговара на твоите стандарди на однесување и размислување.Во право е оној кој се согласува со нас.....
 
Она што не го разбираме го плукаме,најчесто поради страв.Кај мнозинството постои фобија од промени,од непознато,ново...Ако се појави било што кое отстапува од она што го сметаме за конвенционално,веќе постоечко и прифатено,истото се доживува како закана за понатамошно "нормално" функционирање на некаков си систем.

Луѓето отсекогаш се плашат од разлики,униформираноста ја доживуваат како некој вид на штит кој спречува конфликти и им помага да ја имаат и задржат контролата.Во денешно време кога на велико се прокламира демократија,слобода на изразување,однесување и разни други слободи и права,односно кога се повеќе се настојува да се елиминираат сите законски регулативи кои би ги санкцонирале сите видови на отстапувања од општо прифатената норма,исмевањето и плукањето на истото е и ќе си остане легитимен начин да се обидеме да ја сузбиеме секаква разлика и на тој начин да си продолжеме да си живееме удобно и сигурно,цврсто уверени дека се е под контрола.:pipi:
 
Ако некој се издвојува од околината, малку е поразличен, ексцентричен или е со поинакви ставови, одма е осудуван од околината, отфрлан, плукан затоа што луѓето не можат да го сфатат тој човек, не се ни трудат па затоа и плукаат. Ако не можете да разберете некој, ако е поразличен - не го плукајте барем.
Па има различни и "различни". Едните се можеби навистина поразлични, но другите се трудат да се поразлични, истовремено иритирајќи ги сите околу нив. Тоа е исто лошо како и она несфаќање, плукање...
У ствари се јавуваат и некои дилеми околу првата различност

Прво во што се состои различноста од другите, во кој смисол поразличен-треба и тоа да се запази нели.
Понатаму би било она-кој е плукан, а да е поразличен? Дали има некој таков?
Дали е (се повторувам од погоре) навистина различен?

Па сега...:toe:
 
Да бе и јас не знам зошто плукаат по осама бин Ладен кога не можат да го сфатат чоекот и не можат да прифатат различитости...
 
Сум ги мразел општествените норми и закони од секој пат! Пушти ја индивидуата да размислува и да одлучува за себе... Зарем не се бориме за човекови права?!

П.С. Знам дека е тоа така, али, и јас плукам по некои такви исклучоци... Тоа како во генот да ни е... :kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom