Кога врне ми е посебен ден. Или сум расположена и најсреќна на свет, или денот си го поминувам во депресија и плачење.
Ако ми е погодено, одам надвор. Ми нема поубаво чувство, дефинитивно. Со оглед на тоа дека ниту еден од луѓето што ги познавам не сака дожд, не па да излезе со мене додека врне... Сама. Накиснувам, настинувам... Ама убаво ми е.
Може и со точак. А да, и сакам да седам во кола додека врне. Уште поубаво ако е навечер.
Ако не можам да излезам, тогаш ги затворам сите можни прозори освен еден на кој си седам и бројам капки, или читам некоја срцедрапателна книга, или гледам/слушам тажен филм/музика, а ако сум доволно нерасположена и не сум способна за асален муабет си го поминувам денот во кревет.
Друштво е добредојдено и во двата случаи. Ама никогаш го нема.:skoka: