...On a rainy day...

  • Креатор на темата Креатор на темата Slatka_Mala
  • Време на започнување Време на започнување
Уф кога врне дожд сум најсреќен. Ми се будат некои спомени тогаш,размислувам и се враќам во минатото,се будат стари спомени,болки,рани,радости некои прекрасни моменти. Како да сум тамо како пак да ги доживувам. Чуствата се преголеми,како да сум створен за нив и тие за мене...Само кога врне дожд.....

Ми се будат некои романтичарски идеи, се ме тера тогаш да размислувам за тоа... и само оваа слика тогаш ми се врти во главата..
skinhead.jpg


Скинер со....:):smir:
 
Еј, ама јас сакам кога шетам да шетам без чадор, онака да накиснам до коска (летоска, за да не настинам :)) и после кога ќе се вратам дома под туш :vozbud:
 
кога врне дожд обожавам,особено кога ке дојде ненадејно...додека се шетам негде надвор а особата что највеке ми значи е до мене.Сакам да шетам на дожд супер е чуството додека не почуствуваш дека веке мрзнеш и мораш да одиш дома:pos2:
 
Мммм...Обожавам дожд и многу ми е убаво кога врне...ептен!!посебно ако врне вечерта после полноќ си излегувам на тераса и си го разбиструвам мозокот, тогаш најубаво мислам..И многу сакам кога сум во море или базен да врне..........
 
Обожавам кога врне.Излегувам надвор и палам цигар.Прекрасно е.Посебно мирисот.Ме потсетува на убави нешта.
 
Обожавам да спијам кога врне. Ама ако имам обврски, мразам да треба да излегувам по дожд
 
Еј го мразам дождот само затоа што зимоска се праи кал и има идиоти икретени возачи и може да те испрскаат.... Значи го обожавам само летниот дожд.....
 
... уживам да се гушкам со него додека гледаме некој филм. shy:
Сакам да шетам на летен дожд, кога е топло... Само не ги сакам последиците (мокра коса, мокра облека, болести на плуќа :pos:).
Убаво ми е кога врне. :pipi:
 
Сите видови на дожд, сладок летен, есенски и обилен, краток, целодневен, ммммм.
Коа врне, спијам, седам на тераса или глеам телевизија и грицкам зеленчуууук :).
 
Денес врнеше...
Со еден другар трчавме по дождот, се бркавме на Шпанија во Младински, седевме на клупите за да ни се познаваат рецки на фармерките...
Си купивме кутија цигари и ги прошетваме сите улази во секоја зграда која ни се виде покрш.
Аххх ... убави се деновите кога врне дожд. :tv:
 
On a rainy day ... Играм бесилка со дечко ми :icon_lol: (То го праевме денес дури чекавме да преврни)
 
On a rainy day добро ми доаѓа кафе и муабет со другарка. Или a little quality time with my boy :back:
 
Порано многу сакав дожд, ама сега не можам да го смислам... сакам само летен дожд и тоа краток... ама дожд како овој сега, ич нејќам зошто... па зошто да го сакам? И плус тревата у парк ќе биде сеа пак мокраааа... Нека престане!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom