Oldtimers

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
;4073121 напиша:
Тукмо и на тоа мислев во мојот претходен пост со тоа "не дај Боже да се случи" одличен опиц даде, е сега после таква дешавка возилото иде на вештачење, и кога ќе утврдат дека накнадно некој мајстор ги вградил, а ко што кај нас има одлични адвокати (само кеш ги интересира и гледаат што повеќе да извадат од вакви немили настани) кои како што вели народната "отишло магарето он се фатил за оглавот" е тогаш кај му е крајот на возачот, зарем не му е доволна казната што ќе го јаде совеста и понатаму треба да живее со тој немил настан кој во никој случај не го посакувал.... А тие мороните ќе ја свртат одма работата, во најлош случај дека дури и појасот бил пресуден за жртвата, бидејќи производителот не го предвидел во возилото, не бил стручно монтиран итн, како што вика Онак мајсторот знае каде треба да се монтира на столбови, ова она, па нормално се знае каде стои појас сигурно нема да го монтира на ретровизор.... Ако мора појаси, тогаш мора да се сменат и седишта, ако се од ниските, пошо тие седишта + накнадните седишта се најбрз пат до најлошото, убаво го објасни Струмикс тоа, а инаку дека треба потврда за олд-тајмер не се согласувам пошто кај нас сеуште нема таков член во законот, ако му го посочиш на џандарот членот од законот е тогаш види дали ќе му држи и на него да ти пише казна, пошо во законот убаво е опишано ...ВО КОЕ СЕ ВГРАДЕНИ... а и тој е доволно свесен по годината на производството на возилото и ќе сфати, а инаку сите возила после 1972/73 имаат појаси, СИТЕ, нормално мислам на патничките моторни возила, јас кажав дека неколку пати сум имал проблем да ми барале појаси, ама тие беа од "браќава" кои ги напикаа, а до вчера копале по нивине не знаат ни да пишуваат ама го претставуваат законот, јбг, од толку што му сечеше ме тераше да му отворам гепек кога ме праша што имам позади а јас му кажав мотор, целиот се изгуби му викам абе господине Буба е ова...
Грешка си...
Постои цел закон со кој се утврдуваат критериумите, класите, како и постапката за да едно возило се стекне со статус олдтајмер во Македонија.
Дома го имам службениот весник забутан некаде...Од 2010 е законот.
А во целата оваа приказна, мене ме буни фактот што на моето возило има подготовка на столбовите и јасно е дека токму на тој внт влегува шрафот кој го држи таму појасот...значи, некој предвидел такво нешто, ама оригинално не го вградил...и тоа во лукс варијантата...
 
<K A F E R>

I love my MACEDOIA!
Член од
20 ноември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
12

И кај мене има на Бубато истото што ти го кажа, и мене тоа ме буни малку..... А инаку за законот имам нешто чуено, ( не е стапен во сила, од тоа што го имам и барав не го најдов изгледа нишо не бидна од тоа баш пак ќе се распрашам) имаше некои мислења, и е многу контроверзен(поради тоа изгледа и се затапка), требаше да се издаваат и посебни таблици за олд-тајмери, со самиот закон ако се одлучиш возилото да го пријавиш како олд-тајмер добиваш посебна таблица и да кажам "доживотна" регистрација на возилото, со тоа што возилото мора да се носи на технички преглед на секои 6 месеци, со што се добива и потврда, имаш ограничено движење со тоа возило, имаш право само да го возиш, носиш на авто мото собири и слични собири од таков карактер, па после оваа глупост излезе дека нема менување таблици на возилата како олд-тајмери (се добива потврда за олд-тајмер, ти што ја спомна), туку сите возила постари од 30 години треба задолзително да идат на технички преглед секои 6 месеци и нормално возилото можеш да си го возикаш кај што ќе ти текне, за на крај ништо да не се деси од ова и не верувам дека ќе се случи брзо....
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907

Тоа беше порано. Сега има закон за увоз на возила над 35 години. Имаш 5 категории на рангирање дрн дрн дрн...дури и чудни стандарди за проверка имаат. Пример дали имаш оригинален карбуратор (а за моторот ништо не пишува :))) )
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Тоа беше порано. Сега има закон за увоз на возила над 35 години. Имаш 5 категории на рангирање дрн дрн дрн...дури и чудни стандарди за проверка имаат. Пример дали имаш оригинален карбуратор (а за моторот ништо не пишува :))) )
E то да видиш... а шо ако увезам дизел машина? Да му барам карбуратор на сопственикот :pos:
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
E то да видиш... а шо ако увезам дизел машина? Да му барам карбуратор на сопственикот :pos:
Нема...ќе си ставиш карбуратор..нема трте-мрте, закон е ова или шо :) :) :)

Дебилна работа бе...
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Тоа беше порано. Сега има закон за увоз на возила над 35 години. Имаш 5 категории на рангирање дрн дрн дрн...дури и чудни стандарди за проверка имаат. Пример дали имаш оригинален карбуратор (а за моторот ништо не пишува :))) )
Какви се давачките за увоз на олдтајмерите ,знаеш нешто за тоа ???
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Нема...ќе си ставиш карбуратор..нема трте-мрте, закон е ова или шо :) :) :)

Дебилна работа бе...
Ако е дизел тогаш свеќиците и разводникот за палење ќe ти бараат да се оригинални, посебно бобината!:vozbud::drk:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
да погодам... соколов е во таа комисија?
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Врска неам :) Ама има голема веројатност да е, или син му :))
 
<K A F E R>

I love my MACEDOIA!
Член од
20 ноември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
12
Тоа беше порано. Сега има закон за увоз на возила над 35 години. Имаш 5 категории на рангирање дрн дрн дрн...дури и чудни стандарди за проверка имаат. Пример дали имаш оригинален карбуратор (а за моторот ништо не пишува :))) )
Повеќе овде http://www.mvr.gov.mk/Uploads/ZAKON ZA VOZILA.pdf , обрнете вимание на членот 25, како и на членот 6 -Исклучоци, дека возила олд-тајмер може ПРИВРЕМЕНО да се увезе поради натпревари, музеи и слични манифестации, нормално ова не е само за олд=тајмерите туку и за "тркачките возила", ме мрзеше да ги куцам членовите, но убаво пишува се, така да може да го читнете законот, нормално кој има желба...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Мммм...ДА!!!!
Сигурно нема да се замарам со Правилникот... Сега си го препрочитав и дефинитивно сум убеден во тоа.
 
<K A F E R>

I love my MACEDOIA!
Член од
20 ноември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
12

Јас не гледам ништо спорно тука, муабетот беше за казнување за појаси од страна на полицијата(во возила кај што истите не се вградени), и тоа мислам дека е многу јасно, нагласено во законот за безбедност, а ова со правилниците е убаво напишано и нема врска со појасите, убаво кажав дека ако си го пријавиш возилото како олдтајмер немаш право секојдневно да го возикаш, што не ми се допаѓа и не би играл на таа карта, друго многу е добро опишано како треба да изгледа олдтајмер, и мислам дека треба малку да го читнат, а за жал тешко од тоа, оние што налупале на пазар3 некои ненормални цени дека продавале олдтајмери, и не знам какви ми ти биле, изгледале некоја емисија на Дискавери и мислат дека тоа што го виделе одма автоматски важи и за нивното возило и горди на тоа ја кренале цената на возилото( жалосно за возилото што така ќе пропаѓа) а притоа имаат сменето некои работи, пример карбуратор пошо многу му трошело и што ти ја знам, а додека ние што би му го посветиле целото внимание и би го реставрирале и вратиле повторно на патиштата само поради нивните убедувања сме спречени-финансиски неисплатливо, значи кога ќе ја поминат целата процедура законски, возилцето тип тип средено тогаш да секоја чест... Ова го кажувам и од искуство, кога ја купував јас Бубата цената ја договоривме со сопственикот (стар човек да не кажам дедо) и стварно ја земав многу многу евтино за тој модел, и баш кога падна пазарот се јавува синот на стариот и вика чекај дечко не може таа цена, ние малку избрзавме дрн дрн јариња, олдтајмер ова она и баш кога му го кажав тоа-правилникот за олдтајмери, мада колата беше во тоталната оригиналност, но му реков средија како што и прилега, извадија потребната документација за олдтајмер и јас ќе ја земам по новата цена без никакво ценкање, почна со приказни дека јас ќе сум ја земел и сто посто ќе сум ја продал 5 пати повеќе, демек татко му не разбирал па само ја откачил цената а најтрагично кога се јавив тој ми се јави и ми ја кажа цената ама после тоа и може му светнала некоја сијаличка.... Виде не виде се помири со тоа и јас станав сопсвеник на Бубачката и стварно сум многу горд на тоа.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Не дека баш секој ден ќе возам колата, пред се ја правам за себе, по мој вкус и мерак.
Секако, ја правам во оригинал, т.е. нема ништо накнадно, единствено не нејзино, така да кажам е онаа топката на менувачот (ви текнува оние од времето со бубачка внатре?), како и ретровизорите (пишете на Гугл bullet style TEX mirrors ), но тие се работи од епохата кога е и колата произведена.
А да... и магленките кои ќе ги има се од епохата, значи мали, правоаголни, хромирани со жолто стакло.
Според Правилникот, најверојатно моето би било група 3, од став 6 член 22.
Ама...не ми се трчкаат такви работи...иако го имам Правилникот отприлика откога излезе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom