Oldtimers

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Си имал проблеми со полицијата поради тоа или по своја желба поради безбедност си ги монтирал, мене 2-3 пати ми имаат правено проблеми, ама ги отерав кај со не треба, пошо во ЗБСП убаво е опишано во врска со безбедносните појаси, користење и употреба...
Не, така ја купив, ама со консултации со Струмикс а и по чиста логика (ако ме држи добро меморијата Волво Амазон од 1969 година бил прв модел со појас) сигурно се ставани нахнадно.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
И мојот ги нема...исто од 1969-та е... а и кога ќе го завршам пак ќе ги нема...најверојатно.
А 1300 ја има припремата за појаси...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
И Фиатот нема појаси. И мојот немал на времето (од 1969 година е) ама ставени се нахнадно!
Не, така ја купив, ама со консултации со Струмикс а и по чиста логика (ако ме држи добро меморијата Волво Амазон од 1969 година бил прв модел со појас) сигурно се ставани нахнадно.
сите возила мора да имаат појас за врзување. ако немаат може и мора да се монтираат наКнадно. исклучок нема за никого. знам многу луге што попија казни заради овој закон и наКнадно тураа појаси, зашто во законот децидно стои дека мора да бидеш врзан со појас. полицијата и судот не ги интересира дали возилото имало или немало фабрички... тоа што ке оттераш некого (полицаец) со зборови, не значи дека ке ти упали и кај друг полицаец... ке ти пише и око нема да му трепне.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
сите возила мора да имаат појас за врзување. ако немаат може и мора да се монтираат наКнадно. исклучок нема за никого. знам многу луге што попија казни заради овој закон и наКнадно тураа појаси, зашто во законот децидно стои дека мора да бидеш врзан со појас. полицијата и судот не ги интересира дали возилото имало или немало фабрички... тоа што ке оттераш некого (полицаец) со зборови, не значи дека ке ти упали и кај друг полицаец... ке ти пише и око нема да му трепне.
Ако ги ставам, губам на оригиналност...ако не ги ставам ризикувам казна од 45 евра мислам беше во денарска противвредност...
Ако имам доволно нерви и успеам да го регистрирам како олдтајмер, тогаш нема ништо од казните, ама на тоа не ни помислувам...
Хммм...ќе ја замајувам лешинаријата на финта „гледај колку прекрасно среден 1300!!!“ хахаха
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
пробај... на крајот на краиштата, ако кеифот е преголем не е премногу пари тоа...
 
<K A F E R>

I love my MACEDOIA!
Член од
20 ноември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
12
сите возила мора да имаат појас за врзување. ако немаат може и мора да се монтираат наКнадно. исклучок нема за никого. знам многу луге што попија казни заради овој закон и наКнадно тураа појаси, зашто во законот децидно стои дека мора да бидеш врзан со појас. полицијата и судот не ги интересира дали возилото имало или немало фабрички... тоа што ке оттераш некого (полицаец) со зборови, не значи дека ке ти упали и кај друг полицаец... ке ти пише и око нема да му трепне.
Ти бе изгледа си некој тежок-огромен инат кој си убеден дека буквално знаеш се, си имаш некој свои самостојни заклучоци, до кои сам си стигнал и мислиш дека тоа е така, може и грешам ама пошо по првото наше препукување ти посветив малку внимание и ти разлистав сите мислења за да видам што личност си.... и ИЗВИНИ АМА КАТАСТРОФА СИ!!! Нигде не даваш свое мислење како останатите туку одма судиш, пресудуваш тоа е така и мора да е така како што ти си го замислил или чул од некој "неписмен" но нема врска еве ти го законот за безбедност во сообраќај и немој да ми објаснуваш понатаму пошо кај и да е ќе почнам јас лично тоа да го работам (професионално), Струмикс кажа не сакам појаси губам од оригиналноста на автомобилот-тоа е најмалку што е лошо, полошото е што кај нас има секакви будали, се знае како се вози, епа не дај боже поради наша грешка или пак некоја будала, се се случува, пак ќе казам не дај боже, во сообраќајна незгода, го изгуби некој животот (секако се оди во затвор кога има жртви), тогаш возилото се носи на вештачење, а ти си вградил појаси пошо некој полицаец (или Онак) ти казал дека мора да има, а возилото немало фабрички, знаеш ли тогаш што ќе снајде, не сакам ни да помислам на тоа, ни па да го објаснувам понатаму.... Уште еднаш ќе кажам не дај Боже.... Во продолжение еве ти го членот од законот за безбедност во сообраќај наменет баш за појаси....

Член 23

(1) Возачот на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицето кое се превезува со тоа возило, се должни да бидат врзани со тие појаси за време додека возилото се движи во сообраќај на пат.
(2) Обврската од ставот (1) на овој член не се однесува на:
- доставувач на стока во прометот,во местото на испорачувањето и
- возачи кога со возило се движат со брзина на човечки од, кога се движат наназад и на паркиралишта.
(3) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот на моторното возило од ставот (1) на овој член кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член
(4) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече на лицето кое се превезува со возилото од ставот (1) на овој член,кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

А еве ти и линк, да не речеш којзнае од каде сум го ископал или измислил па можеш да си читнеш за нешто со сигурност да научиш....

http://www.mvr.gov.mk/Uploads/zakon za bezbednost na soobrakajot na patistata.pdf
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Мислам дека ако возилото било направено/увезено во период кога не бил во сила соодветниот закон за безбедност во сообраќај, правилото не важи...
Е сега, помина од тогаш баги време и ако цајканот има поима од животот нема да ти пиши казна. Ако не ќе ја обжалиш казната дека возилото е пред да влези во сила соодветниот закон.

Законите за сообраќај колку што ми е мене познато не важат ретроградно.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Ти бе изгледа си некој тежок-огромен инат кој си убеден дека буквално знаеш се, си имаш некој свои самостојни заклучоци, до кои сам си стигнал и мислиш дека тоа е така, може и грешам ама пошо по првото наше препукување ти посветив малку внимание и ти разлистав сите мислења за да видам што личност си.... и ИЗВИНИ АМА КАТАСТРОФА СИ!!! Нигде не даваш свое мислење како останатите туку одма судиш, пресудуваш тоа е така и мора да е така како што ти си го замислил или чул од некој "неписмен" но нема врска еве ти го законот за безбедност во сообраќај и немој да ми објаснуваш понатаму пошо кај и да е ќе почнам јас лично тоа да го работам (професионално), Струмикс кажа не сакам појаси губам од оригиналноста на автомобилот-тоа е најмалку што е лошо, полошото е што кај нас има секакви будали, се знае како се вози, епа не дај боже поради наша грешка или пак некоја будала, се се случува, пак ќе казам не дај боже, во сообраќајна незгода, го изгуби некој животот (секако се оди во затвор кога има жртви), тогаш возилото се носи на вештачење, а ти си вградил појаси пошо некој полицаец (или Онак) ти казал дека мора да има, а возилото немало фабрички, знаеш ли тогаш што ќе снајде, не сакам ни да помислам на тоа, ни па да го објаснувам понатаму.... Уште еднаш ќе кажам не дај Боже.... Во продолжение еве ти го членот од законот за безбедност во сообраќај наменет баш за појаси....

Член 23

(1) Возачот на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицето кое се превезува со тоа возило, се должни да бидат врзани со тие појаси за време додека возилото се движи во сообраќај на пат.
(2) Обврската од ставот (1) на овој член не се однесува на:
- доставувач на стока во прометот,во местото на испорачувањето и
- возачи кога со возило се движат со брзина на човечки од, кога се движат наназад и на паркиралишта.
(3) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот на моторното возило од ставот (1) на овој член кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член
(4) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече на лицето кое се превезува со возилото од ставот (1) на овој член,кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

А еве ти и линк, да не речеш којзнае од каде сум го ископал или измислил па можеш да си читнеш за нешто со сигурност да научиш....

http://www.mvr.gov.mk/Uploads/zakon za bezbednost na soobrakajot na patistata.pdf
не си психолог па да ме анализираш. мојот стил на комуникација е мој, ако не ти се свига не комуницирај со мене, тоа си е твоја работа... животот ме научил таков да бидам... и кој ти даде за право да ме анализираш и да ме крстиш и етикетираш со зборовите КАТАСТРОФА СИ?

а за она што го пишав за каишите, пробај на таква кола да му објасниш на некој твој “колега“ (во иднина) кога ке те заустави... еден куп луге знам што си добија казни... да, можеш да обжалуваш, можеш, да идеш на суд да се објаснуваш и нај веројатно ке ти ја избришат казната, ама малтретирањето ке ти остане... затоа знам убаво што напишав и стојам зад тоа... а ти во иднина немој да етикетираш. ја кажувам свое мислење на мој начин. зарем треба секоја реченица и пост да ја полнувам со зборовите: ЈАС МИСЛАМ ДЕКА.... ова ме потсека на приказните за деца: некогаш, преку седум мориња, седум ридови, седум планини, си живееле.... бла бла бла...

што се однесува до сугурноста, на додавањето каиши на возила без нив фабрички. нив ги става некој што се разбира, затоа што неможе било кој да го направи тоа, не е тоа врзување жички, туку баш треба и мора да биде цврсто врзано, на стубови или носачи од возилото... а како и да свртиш, ако при НЕДАЈ БОЖЕ таква немила случка немаш каиш, дефинитивно си во поголема опасност, одколку со додаден каиш...

може да бидам жесток во зборувањево како сега, ама не навредувам никого... а ако тебе сум те навредил со нешто, еве јавно ти се извинувам.. ИЗВИНИ ЗА НАВРЕДАТА, не ми било намера тоа... нити сега, нити порано, нити во иднина, несакам никого да навредувам... поготово што сум строг почитувач на правилата...
 
Член од
18 јули 2010
Мислења
278
Поени од реакции
177
Јас би ставил каиши заради безбедносни причини. Во град ретко ставам т.е. ако тргнувам на пат ги ставам одма уште кога влезам а ако знам дека е до град не ставам. Ама на отворено секогаш ставам појаси.

Инаку кај мене на кадетот од 75 та немаат механизам за собирање каишите. Кај некои исто од тоа годиште имало зависи од опремата тогаш каиш со механизам за собирање бил додатна опрема хаха.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Јас би ставил каиши заради безбедносни причини. Во град ретко ставам т.е. ако тргнувам на пат ги ставам одма уште кога влезам а ако знам дека е до град не ставам. Ама на отворено секогаш ставам појаси.

Инаку кај мене на кадетот од 75 та немаат механизам за собирање каишите. Кај некои исто од тоа годиште имало зависи од опремата тогаш каиш со механизам за собирање бил додатна опрема хаха.
Хммм...ај вака да размислиме малку околу (не)ставањето каиши...
Реков дека не планирам да ставам заради тоа што колата ќе загуби на оригиналност, а ако немам потврда за олдтајмер според законот, тогаш не ми бега казна...и тоа е ОК, значи се нафаќам да се расправам со лешинарите, и да си плаќам казни...
А сега околу безбедноста на моето возило, со и без каиши, т.е. дали воопшто каишот ќе смени нешто драстично или не...
Секако дека врзан нема да летне човек низ шофершајбната. Точно, прифаќам и се согласувам со тоа.
ФИАТ 1300 има ниски седишта, кои мене (184 цм висок) кога седам ми доаѓаат некаде отприлика под рамењата... при судар, телото оди напред по инерција, а потоа силно се враќа назад, и имајќи предвид висината на седиштето, многу лесно може да се скрши вратот што може да биде фатално, а тука нема врска дали си врзан или не.
Башка, стара кола без деформациски зони, воздушни перничиња и сл...
Така да не игра никаква битна улога дали ќе ги има или не каишите.
Сосема поинаква приказна се современите побезбедни возила, конструирани да дадат поголема шанса за преживување во однос на старите возила.
Сепак, гинат луѓе и сега како што гинеле и некогаш кога денешните олдтајмери биле нови.
Затоа...да не чува Господ кога сме на пат...јас само тоа си го повторувам кога тргнувам некаде.
 
Член од
18 јули 2010
Мислења
278
Поени од реакции
177
Што па се фаќате за оргиналноста???
Јас лично планирам на кадетот да му сменам и мотор и се што може да се смене од механика. Единствено оргинално што ќе зачувам е надворешната форма. :)
А не е само за судар каиш туку повеќе за нагли кочења што се случува многу често на нашите патишта што поради дупки што поради животни на патот.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Што па се фаќате за оргиналноста???
Јас лично планирам на кадетот да му сменам и мотор и се што може да се смене од механика. Единствено оргинално што ќе зачувам е надворешната форма. :)
А не е само за судар каиш туку повеќе за нагли кочења што се случува многу често на нашите патишта што поради дупки што поради животни на патот.
Епа има една разлика...
Јас правам реставрација, а ти правиш рестомод.
Мене ми е битна оригиналноста, значи да ја доловам 1969 година кога ќе ја завршам колата, а ти на стара основа, правиш нешто со помодерна механика, можеби нешто електрика...на некој начин апгрејд.
Кај мене на пример ако има радио, тоа ќе биде некое од времето, и тоа со еден звучник на шалт таблата, а ти можеш да ставаш и појачала и огромни басови и се што ќе ти текне...
Разликата е во стилот :)
 
Го чувам и јас оргиналното радио од 75 та што било има само радио и опел знак си има техника опасна е :) ама ни на крај памет не ми е да го пак ставам тоа. Не сум по озвучувањето ни јас имам само 4 звучници два напред два позади и едно средно радио со касети.. ама наскоро ќе земам некое што има за мемориска и усб ова многу го цеди акомулаторот кога работи со касета. :)
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Епа има една разлика...
Јас правам реставрација, а ти правиш рестомод.
Мене ми е битна оригиналноста, значи да ја доловам 1969 година кога ќе ја завршам колата, а ти на стара основа, правиш нешто со помодерна механика, можеби нешто електрика...на некој начин апгрејд.
Кај мене на пример ако има радио, тоа ќе биде некое од времето, и тоа со еден звучник на шалт таблата, а ти можеш да ставаш и појачала и огромни басови и се што ќе ти текне...
Разликата е во стилот :)
Се согласувам во потполност со ова. Колку и да сакам да си слушам по некое музиче во 1100тката не би ставил никакво радио затоа што и оригинално немало, а и башка поубава музика од работата на моторот нема :))))
 
<K A F E R>

I love my MACEDOIA!
Член од
20 ноември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
12
Хммм...ај вака да размислиме малку околу (не)ставањето каиши...
Реков дека не планирам да ставам заради тоа што колата ќе загуби на оригиналност, а ако немам потврда за олдтајмер според законот, тогаш не ми бега казна...и тоа е ОК, значи се нафаќам да се расправам со лешинарите, и да си плаќам казни...
А сега околу безбедноста на моето возило, со и без каиши, т.е. дали воопшто каишот ќе смени нешто драстично или не...
Секако дека врзан нема да летне човек низ шофершајбната. Точно, прифаќам и се согласувам со тоа.
ФИАТ 1300 има ниски седишта, кои мене (184 цм висок) кога седам ми доаѓаат некаде отприлика под рамењата... при судар, телото оди напред по инерција, а потоа силно се враќа назад, и имајќи предвид висината на седиштето, многу лесно може да се скрши вратот што може да биде фатално, а тука нема врска дали си врзан или не.
Башка, стара кола без деформациски зони, воздушни перничиња и сл...
Така да не игра никаква битна улога дали ќе ги има или не каишите.
Сосема поинаква приказна се современите побезбедни возила, конструирани да дадат поголема шанса за преживување во однос на старите возила.
Сепак, гинат луѓе и сега како што гинеле и некогаш кога денешните олдтајмери биле нови.
Затоа...да не чува Господ кога сме на пат...јас само тоа си го повторувам кога тргнувам некаде.
Тукмо и на тоа мислев во мојот претходен пост со тоа "не дај Боже да се случи" одличен опиц даде, е сега после таква дешавка возилото иде на вештачење, и кога ќе утврдат дека накнадно некој мајстор ги вградил, а ко што кај нас има одлични адвокати (само кеш ги интересира и гледаат што повеќе да извадат од вакви немили настани) кои како што вели народната "отишло магарето он се фатил за оглавот" е тогаш кај му е крајот на возачот, зарем не му е доволна казната што ќе го јаде совеста и понатаму треба да живее со тој немил настан кој во никој случај не го посакувал.... А тие мороните ќе ја свртат одма работата, во најлош случај дека дури и појасот бил пресуден за жртвата, бидејќи производителот не го предвидел во возилото, не бил стручно монтиран итн, како што вика Онак мајсторот знае каде треба да се монтира на столбови, ова она, па нормално се знае каде стои појас сигурно нема да го монтира на ретровизор.... Ако мора појаси, тогаш мора да се сменат и седишта, ако се од ниските, пошо тие седишта + накнадните седишта се најбрз пат до најлошото, убаво го објасни Струмикс тоа, а инаку дека треба потврда за олд-тајмер не се согласувам пошто кај нас сеуште нема таков член во законот, ако му го посочиш на џандарот членот од законот е тогаш види дали ќе му држи и на него да ти пише казна, пошо во законот убаво е опишано ...ВО КОЕ СЕ ВГРАДЕНИ... а и тој е доволно свесен по годината на производството на возилото и ќе сфати, а инаку сите возила после 1972/73 имаат појаси, СИТЕ, нормално мислам на патничките моторни возила, јас кажав дека неколку пати сум имал проблем да ми барале појаси, ама тие беа од "браќава" кои ги напикаа, а до вчера копале по нивине не знаат ни да пишуваат ама го претставуваат законот, јбг, од толку што му сечеше ме тераше да му отворам гепек кога ме праша што имам позади а јас му кажав мотор, целиот се изгуби му викам абе господине Буба е ова...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom