Одлуката на Меѓународниот суд за правда по повод тужбата на Македонија против Грција (општа тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Пресудата беше многу интересно балансирана. Грциja беше признаен за виновна, но не j беха наложени санкции и не беше задолжена да не ja блокира РМ наново и ако това се бараше от суда.
Тази присуда создава уште поголема патова состоjба от сегашната.
РМ може само да се надева на чудото во Чикаго - прием на државата под референцата. Според мен само това е можно како положителен излез.
Сега на совета на 8-9 ти декември - многу тежко да се каже каков курс ке поеме Грциja. Тамо ке е првото решение на ГР после присудата во Хаг и тази средба ке покаже многу што ке се деси и во Чикаго.
Некои овде зборуват след присудата от Хаг РМ да прекине преговорите - това автоматски ке е автогол за РМ. Грциja ке тужи РМ во Хаг, заштото според привремената спогодба РМ и ГР се обврзуват да преговарат, а прекинуването на преговорите е нешто совсем различно.
 
Засега е најобична Пирова победа и ако не е веќе договорено некоја голема сила да не поддржи во НАТО се ќе остане исто како пред пресудата.

Едно што ме чуди, скоро сите сте за НАТО со референца, а тоа е срамота. Јас сум за НАТО како Македонија или никако. Време е еднаш срамот со БЈРМ да се прекине!

Сите се буниме кога наши спортисти ќе настапат како БЈРМ а за една огромна меѓународна организација како НАТО си легнувате на брашно со референца или нешто друго што ќе ни се сервира.

Не сакам никаков компромис за наше имe и прва прилика треба тие бесмислени преговори што се срам за секоја нормална земја да се напуштат а знамето наместо 16-крако сонце треба да добие 8-крако сонце најдено во Бонче и завршена работа. Така и Грција и WIPO се заќутуваат трајно по темата. Името Македонија со државното уредување како Република МОРА да се врати во игра, доста беа 20 години чекање.

Од премногу одолговлекување само ние губиме а Грција добива. ЕУ не ја ни спомнувам како приоритет, треба да бараме привилегиран статус и да си задржиме суверенитет. Целосно членство за земја како нашата може да се покаже како катастрофа а сменетиот идентитет и име не ги ни спомнувам.

Време е нашата дипломатија малку да погледне позади НАТО и ЕУ, доста седиме заглавени во еден бесмислен спор.
 
Не е Пирова туку морална победа.
Иначе на југот ништо ново:

Грција нема да отстапи од своите позиции


Грција не попушта. И покрај силните правни аргументи со кои Македонија ја порази во Хаг, грчките власти ја враќаат пресудата на политички терен.
Нивниот премиер Лукас Пападимос вели дека неговата Влада ќе остане на цврстите позиции и дека нема да отстапи од барањето, решението на спорот да се најде преку определување име за севкупна употреба. Тој оценува дека Атина постојано се труди да ги консолидира добрососедските односи и го подржува европскиот курс на Македонија, за разлика од Скопје кое провоцира и не придонесува за зајакнување на пријателството и на заемната доверба. За разлика од Пападимос кој не ја коментираше пресудата, за грчкото министерство за надворешни работи, одлуката на Хаг
воопшто не се однесува на разликите за името, туку таа била потврда дека проблемот треба да се реши низ преговори.

Интересно е дека според толкувањето на грчката дипломатија пресудата претставува индиректен повик до Македонија да демонстрира дух на компромис, кој ќе води до заеднички прифатливо решение..

Грчкото МНР смета дека пресудата нема да го смени начинот на кој НАТО ги носи своите одлуки, ниту ќе има влијание врз критериумите што треба да ги задоволат идните членови на Алијансата. Македонија ќе ја добие поканата за членство само доколку прашањето на името, дециден е ставот на грчкото МНР.

Лидерот на грчките националисти Јоргос Караџаферис ги обвини ПАСОК и Нова Демократија дека се виновни за тоа што Грција била ставена во непријатна позиција. Како солуција понуди референдум, на кој сите грчки граѓани би одлучувале за името на Македонија.

Среќко Поповски

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=43283
 
Ако бе, нека стават уште едно вето.Тек тогаш тоа ќе значи самоубиство за нив.Тогаш и те како ќе им наложат да престанат со мерки како вето и плус ќе си бараме оштета.
Баш да видиме, еве нека стават вето па да видам што ќе прават после откако ќе добиеме втора тужба.
 
На референдум грчките граѓани да одлучувале за името на Македонија.:tapp:
Не знам кој е полуд.Тие или ние што преговараме/разговараме со нив.
 
Во ред е барем знаеме дека Грција нема повеќе Македонија да ја блокира во евро-атлантската интеграција ( или така би требало ), но прашање дали воопшто во понатамошниот период тоа би било проблем!?
 
за експертите по меѓународно право и за завршено вечерно училиште по дипломатија тука на форумот.
судот не и наложува на грција да не не блокира понатаму или ајде да не ја крши привремената спогодба од проста причина што тоа само посебе се подразбира. одлуките на судот се обврзувачки и конечни што значи грција ја прекрши спогодбата , стави вето , крива е. што по автоматизам се подразбира дека понатаму не би требало да ги повторува. ова не е малски договор туку меѓународен суд.
ако грција се дрзни да не го почитува , тоа им дава за право и на другите вклучувајки не и нас да не ги почитуваат и одлуките на овај суд и на сите други одлуки од меѓународни организации. или општ хаос во меѓунаропдната политика.
ако мислите дека грција има толку мадиња да направи преседан толку отворен како досега и апла да стави вето, не би рекол.
дека ке проба на друг начин да стави вето тоа сигурно. доволно е франција или било кој да не се согласи и тоа ке биде тоа. сега колку на другите држави им се игра по музиката на грција тоа е сосем друга работа.
п.с за изјавата на американскиот амбасадор да потсетам дека моментално се демократите на власт, а тие се отворени сојузници на грција. до кога ке видиме, ама како што му тргна на обама изгледа не за долго. друго се и дипломатските игри и умерени изјави кои можат да се сватат како што сакаш.
додека се реши спорот за името?? тие викат да се реши , а не како ке се реши. во секој случај одлуката на судот далеку ни ја подобри преговарачката позиција, да не речам како кец на десетка ни падна. сега треба само добро да се изигра.
 
За симболите судот не прогласи без вина, сем некој изолиран случај во 2004. Се надевам дека сега Геро нема да се самоубие.
Нема да се самоубие. Од таа багра не треба да се очекува никаква доследност.
Ние со години бевме убедувани од Албанците и од македонските аналитичари, интелектуалци и невладини организации дека и ние сме тие кои ја прекршуваат спогодбата и дека грчките прекршувања се само реакција.

Сеа? Шо праиме?

Дали именувањето на аеродромот е прекршување на спогодбата?
- Кој ќе знае. Треба некој суд тоа да го одлучи.

Чекај....

Ох, па веќе одлучил.:pos:

Кај е сега таа силна "општествена авангарда"?
Треба некој да им ги извади на виделина сите цитати од нив, кои во светлина на судската одлука видливо го презентираат мазохистичкиот синдром на самоуништување, кој во суштина, кога станува збор за нивниот случај, не е ниту тоа, туку обично платеништво или предавство (за пари, секако).
 
Сега треба сите протагонисти на големогрчките идеи во Македонија како што се Фрчко Геро Борјан да излезат и да се извинат на својот народ за "заблудата"(парите) во која биле непромислено вовлечени.
Ако имаат малку македонско во нив мора да го сторат тоа.
 
Нивната “Антиквизација“ не била против привремениот договор. И сега за џабе трубеле против дел од Македонскиот идентитет и историја.
 
...
дека ке проба на друг начин да стави вето тоа сигурно. доволно е франција или било кој да не се согласи и тоа ке биде тоа. сега колку на другите држави им се игра по музиката на грција тоа е сосем друга работа.
...
Ама судот реши дека тоа е вето.
Таква беше ситуацијата во 2008. Грција, ветото го реализира на таков начин, со тоа што ги убеди НАТО да не` не примаат без решение за името.
НАТО и денес повторно изјавија дека нема да не` примат без решение за името.
Дали НАТО ја прекршува пресудата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom