ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Има логика, сакале да направат сензација со апсење на терористите ама не излегло како што треба планирањето.
Сакале да го спроведат истиот начин како и при апсењето на брат Љубе ама на глупостите на Пастирот му нема крај.
 
Uste bugar fali da go zameni i da se resime :)

Biltusko jas kako opozicionen Srbin nemam sto da izjavam za Sitel TV.
Go spomnav samo kako primer deka tie so ambicija veke se spremaat za denot d ko ke zamine gruevski. Koga ke bide toa treba da vidime.
 
Груевски го планираше откажувањето од тие луѓе. ДПА глуми лудило и плука по ДУИ. На прв повик ќе бидат каде што треба да бидат. Ако не веруваш, ене го Тачи во Тетово, ќе одиме да слушнеш во прво лице. :D

Ахмети денес избра да гласа за предлозите на Груевски. Се појавија во Собрание и без никаков приговор гласаа за. Во Европскиот парламент секоја пратеничка група си има свој потпретседател. Овој што е цитиран од Плусинфо е на Алијансата на либералите и демократите. Значи неговиот збор има тежина слична на зборот на Павле Трајанов во Македонија.

На Заев пред некој момент му извадија снимка од ПИ мерки која сама по себе е доволен доказ за кривично дело барање поткуп. А има уште две други обвиненија. Така да, ептен има смисла да зборувам за единствена опција (нема опции веќе) на Заев.

Абе и Горде пред 2 дена рече децидно дека нема да поднесе оставка.
 
Има тука куклен театар, само дечињата се пенат...се додека не се реши со Ципра, дали навистина мисли да иде кај Бутин или само се пазари со Бама, пастирот останува. Ако случајно, иако е малку веројатно, Ципра го сврте кормилото накај Бутин, пастирот ќе биде многу важен, всушност само во таа ситуација ние нема да го менуваме името...
б.т.в., далечната земја нема да ја смени одлуката за признавање под уставното име, ако и треба промена, прво ние ќе го смениме уставното име... нивната одлука останува...
 

Не знам шо да речам :) Сега ми се појави на почетна. Уште го разглобувам низ анализа. Ми личи на пим мерка договрена однапред. Од друга страна не смее да излезе истата вака предвреме и се одговара, но кога ќе видиш добивката од ,,малку предвремена вистина" поднатежнува.
Ова е оној случај за кој пред два месеци ЗЗ изјави дека ќе ги тужи за местење на поткуп?
Во кој тврдеше дека една година некој се обидувал да го мести со нудење на пари и дека се работи се осмислено местење.
 
Абе и Горде пред 2 дена рече децидно дека нема да поднесе оставка.
Само што за оставката на Горде решава Грујо, а Али решава и дали пратениците на ДУИ ќе гласаат и дали ќе излегува од коалиција. :)
 

Не знам шо да речам :) Сега ми се појави на почетна. Уште го разглобувам низ анализа. Ми личи на пим мерка договрена однапред. Од друга страна не смее да излезе истата вака предвреме и се одговара, но кога ќе видиш добивката од ,,малку предвремена вистина" поднатежнува.
Без разлика дали е сечено, средувано whatever, тука ама тотално нема никакви индиции за барање на мито... постапка за приватизација на земјиште, а овај го запознава со цени на земјиште..

уствари џабе е, ќе успее оваа кај многу народ
 
Само што за оставката на Горде решава Грујо, а Али решава и дали пратениците на ДУИ ќе гласаат и дали ќе излегува од коалиција. :)

Големо прашање е колку и што Али решава во моментов.
 
Големо прашање е колку и што Али решава во моментов.
Уште утре на лидерската средба ќе видиме тоа. Дали ќе се продолжи со декларативни барања или ќе има агресивен настап. Јас сум подготвен да се кладам дека Ахмети ќе го повтори стариот став. СДСМ да се врати во Собрание и таму ќе има конструктивен партнер во ДУИ.
 
Командант Хоџа во вчерашното гостување во косовските медиуми изјави дека има докази дека пред два и пол месеци, Ш.М., агент во Агенцијата за државна безбедност, што е под команда на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, имал средба со две лица чиешто име тука се спомнува, не само Соколи. Два и пол часа. Таа средба е снимена збор до збор. Што барале тие од овие момчиња?“
Ако ова е вистина, таа снимка би разјаснила многу работи.

http://revolucionermk.com/komandant...ada-dodeka-ne-go-oslobodish-komantant-sokoli/
 
Уште еден теоретичар на завери беше баш она што недостигаше на темата. Сега е тамам.
Друже ниту имам потреба да креирам такви теории ниту сум љубител на истите. Како ден е јасно дека разговорите се добиени однадвор. Во клучен период, кога е толку блиску до власт на Заев му прават евтини сопки како денешната со барање на мито. Една таква парализирана опозиција е способна самата да стигне до овие разговори? Само слепи партиски послушници може да веруваат во нешто друго.
 
Без разлика дали е сечено, средувано whatever, тука ама тотално нема никакви индиции за барање на мито... постапка за приватизација на земјиште, а овај го запознава со цени на земјиште..

уствари џабе е, ќе успее оваа кај многу народ
Како тоа приватизација на земјиште директно парите на него или на брат му да се дадат во кеш, каква е таа постапка?
 
Без разлика дали е сечено, средувано whatever, тука ама тотално нема никакви индиции за барање на мито... постапка за приватизација на земјиште, а овај го запознава со цени на земјиште..

уствари џабе е, ќе успее оваа кај многу народ
Братау, во крајот е фокусот :) Едно евро со едно евро, наликува на башка од тоа што регуларно треба да го плати. Значи реков, ова е само основа за сомневање, па ако се поткрепува понатаму ќе се подигнува на степен на основано сомневање и така натака ко шо треба. Засега има основа. И не го бранете копуков ве молам :)

Човекот кој го снима поставува и битни прашања, онака истренирано шо апла ми говори дека е пим мерка. Шо значи мора цела приказна да ја имаме со се документи и реализирано. Вака нештово е само почеток, ко шо рече Годот, индиција за сторено кривично дело.

@TITTANIK револуционер ти е прилепски сајт на нивото на охрид скај па сега види ти :)
 
Без разлика дали е сечено, средувано whatever, тука ама тотално нема никакви индиции за барање на мито... постапка за приватизација на земјиште, а овај го запознава со цени на земјиште..

уствари џабе е, ќе успее оваа кај многу народ


Озбилен си , или не разбираш струмички сленг? :pos: ... Ова на крајот "едно евро на црквата , едно евро ... кај Вицето на пример во кеш" ако не е мито , незнам што е.

Иначе Вицето е брат на Заев кој држи менувачница Пион , или да не кажам единствена легална лихварница у југоисточна Македонија , со најниски каматни стапки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom