ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Во најмала рака смешно е да се каже дека од протестот зависи поддршката кон Заев. Тој не доби поддршка поради тоа што е поголем демократ или што сега одеднаш им стана посимпатичен на странците. Едноставно е, кога ќе одлучат дека неговата задача завршила и повеќе не е корисен за агендата која ја одработува, истите оние кои му ја доделија оваа моќ и ќе му ја одземат. Дали тоа што го одработува е вредно од аспект на негов интерес, тоа си одлучува самиот тој.

Уште еден теоретичар на завери беше баш она што недостигаше на темата. Сега е тамам.
 
Ќе зборував со факти, али заеби. Очигледно сам веруваш во тоа што го зборуваш.
Он не е свесен дека ако Грујо и дружината повеќе не е на власт, отиде курбан „поддршката“ од јавната администрација и другите сектори. Ќе останат на членството и симпатизерите.
 

Не знам шо да речам :) Сега ми се појави на почетна. Уште го разглобувам низ анализа. Ми личи на пим мерка договрена однапред. Од друга страна не смее да излезе истата вака предвреме и се одговара, но кога ќе видиш добивката од ,,малку предвремена вистина" поднатежнува.
 
Поларизација на народ и кршење и премислување на неопределените. Тоа 100 странски фактори не го носат.

Битушанец ти даде лајк, значи тоа мора да е лоша идеја за СДСМ и Заев. :D
 
Добивме тоа шо ти кажав дека добивме, сеа ти моеш да филозофираш до утре али суштината е дека ја екстерен нема да видам.
Сега пак ретерираш. Пленумот инсистираше дека законот за високо образование е лош, дека решенијата за оценување на професорите и студентите се ужасни. Груевски тврдеше дека единствено заради што протестираат студентите е стравот од екстерно оценување. Пленумот со сета сила објаснуваше дека тоа не е точно.

И денес ти ми продаваш триумфализам со екстерен нема да видам. :D Тоа добивте, во право си.
 
Не го цитирајте Битушанец, ќе прекине да лупета, ќе куртулиме сите.
Ајде, разумно малце, разумно.

Kога веќе отиде у Лос Анџелес темата од неговите дневно-политички препуцавања...
 
Kaко за кои? За фузирање на Арачиново со Илинден и Петровец, за припојување на Липково кон Куманово и за префрлање на неколку села населени со Албанци од општина Струга во општина Охрид.

Тоа ли е новата програма на СДС?
 
Битушанец ти даде лајк, значи тоа мора да е лоша идеја за СДСМ и Заев. :D
Јас мислам дека тоа е единствен начин Заев да добие нешто од ситуацијава. Ама ќе мора да почекаме, џабе се натегаме вака.
 
Кои македонски историски личности бе , мадиња да драпаат тие шо ги наместија половина бугарофили на плоштад. Едино вредат спомениците на Гоце Делчев , Питу Гули , Даме Груев (ако го има) и фонтаната на Александар Македонски другото се може комотно во отпад да оди на рециклирање! A народот се приклонува кон ДРПМНЕ и двајцата многу добро знаеме зошто, а тоа е ради што работното место на многумина им зависи од ДРПМНЕовците!

Не се вади сега. Не знам од кога Беровски, Чупоски, Цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Карпош, Ѓорѓи Пулоски и Ченто станале бугарофили.
 
A народот се приклонува кон ДРПМНЕ и двајцата многу добро знаеме зошто, а тоа е ради што работното место на многумина им зависи од ДРПМНЕовците!

Да бе, затоа цела македонска емиграција во странство е за ВМРО.
 

Не знам шо да речам :) Сега ми се појави на почетна. Уште го разглобувам низ анализа. Ми личи на пим мерка договрена однапред. Од друга страна не смее да излезе истата вака предвреме и се одговара, но кога ќе видиш добивката од ,,малку предвремена вистина" поднатежнува.

Интересно е ова, само ја мито не видов.
Плус се глеа дека е исечено на пола на клучен дел.
Има индиции, не викам не.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom