Не знам дали баш е за овде сликата ама многу девојки што мислат дека ако се објектифицираат ќе праат јака пара од инцели.
Прегледај го приврзокот 469156
Една колешка се слика само од горе топлес и за то и плаќаат солидно. Во месецот има чисти 7.000€ од тоа.
Јас кога разбрав - не кажав никому, спротивно на вашите уверувања дека гејовите се трачерки. Впрочем, ваљда имав емпатија пошто несакав нејзиниот сексуален живот да е предмет на јавна дебата и/или потсмев ко мојот.
Она што во секој случај разбрав е...имаше често големи љубовни маки со дечкото. Дури сега сватив зошто. Да бев стрејт и за мене ќе беше проблем, сеедно дали биле градите ил што. Други да ја гледаат? Да дркаат? И да и плаќаат? Не.
Еден бивши другар Србин ми рече дека некој со (20цм) му предложил да го сними кај што го.. и дека ќе му плати 4.000€.
Овај го одбил, но ми вели, можиме ние да се снимиме. На што јас му вратив дека сакам нормална работа/нормален партнер/нормален живот - толку колку што можи да е нормален за еден геј. Незнам му реков, да купиме стара куќа во некое село во Црна Гора и да се занимаваме со неа, проект за обновување. Поарно така да ми врви времето, отколку да ме гледале кај шо се дупам.
Ама не. Скроз различен концепт за нештата. Ми мисири на секое стори шо го постирам - и тоа ми смета. А нејчам да го бришам. Му посакувам се најдобро и да не замини по патишта од кој неговите, ќе се срамат. Хомосексуалност е едно, при ова немаш голем избор, ама да те гледаат сите е скроз друго и дефинитивно - е твој избор. Како и да е, секој со својот морален кодекс.
Типот е остаен со мажот му Хрват, брак од 7 години - пошто мажот му бил љубоморен и имал проблеми со самодовербата (така ми го спакува ова). А не дека, овај одел да се дупи со Романец. На што јас директно му вратив или се држиш колку толку зауздан во животот или нема да те биди. Неможиш да бараш од лик што те љуби, да не е љубоморен, некој (или повеќемина) да ти прават тебе, она што сака да ти прави само партнерот. Еве и да не сум љубоморен, а да те сакам најискрено на свет - мене ќе ми е жал за тебе и ќе те мислам да не те повредат - има секакви. А не од што јас имам проблеми со мојата ебана самодоверба.
Ееј сето е кој од кој ќеј. Затоа ќе си останам среќен и сам.