1. Не можам да одолеам на муабетов, иако ќе забега у политика. Некој во муабетот за спомениците бараташе со бројка 850 илјади евра. Знаеш ли колку пари се тоа? Свесен ли си? Дали знаеш колку време и колку вработени можат да се исплаќаат под точка плата со 850 илјади евра и тоа во музеите, театрите и по локалитетите за ископување? Тоа се викаат брат, приоритети.
2. Али од друга страна (еве, нема ни офтопик да бидам у муабетов) Затоа и плоштадот ни е таков, зашто кој и да му текне праи шо сака на плоштад. Оние од Тренд и покрај стриктната забрана за праење “летна тераса“ зашто не е предвидена според планот за плоштадот, си ја кренаа, одма до нив споменик на не знам кој историски лик беше, на оние плочкине ко за у веце шо се. Нема план брат за ништо, никој не поштуе никого, секој праи како ќе му текне само за неговиот гс да биде задоволен. Тоа не може така, кога живееш у заедница со други луѓе, а особено кога си на чело на таа заедница, како момциве кои ги поставуваат спомениците, мора да се грижат за нивната среќа и удобност. Затоа мора и идеално да проценат што на луѓето им треба, а тоа сигурно во моментов не се коњи. Ја неам гајле, ја сум топ ситуиран за разлика од огрооомен процент од населението во Македонија, можда и ти си, па ти е океј да гледаш статуи и споменици, ама многу луѓе не се. И сеа, пошто они не се снашле или немале среќа во животот, шо треба ние, да ги убиеме за да можеме да си праиме коњчиња? Плус, на тоа кога ќе додадеш дека Камениот мост + плоштадот заедно со коњите изгледаат како да стаиш миљенце на плазма телевизор... добиваш катастрофа, барем у мои очи, ако не и у твои.