- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 3.718
- Поени од реакции
- 772
Среќа што се високи 5 метри, иначе истана судба ко Гоце од градски парк ќе ги снајдеше нашите 200 милиони евричи... Чкрабаници и графити.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Абе море Македонец, македонските ликови не се кичерај, Зградата на Типо и споменици од овој тип заедно на едно место се кичерај. Прави разлика... :wink:
Ај биди љубезен и кажи му на народот ( пошто он незнае ) кога ќе е правото време и место за поставување споменици за луѓе кои со петни жили се бореле за држава како што сега ние ја имаме ( а мислам дека они у тоа време многу повеќе ја заслужувале него ние денес )... Ја еве стварно незнам,кога, дали за 20, 50, или 100 години ќе биде правото време...или треба да ја изгубиме државата па тогаш ќе е правиот тајминг...објасни ми please :se_ molam
Џабе ни е кога овие градби се екстериер, украс. Не се функционални во било која смисла... као демек туристи ќе доаѓале.
ЛОЛ не сте виделе се какви склуптури и плоштади има ширум светот.
Реков и ќе речам уште еднаш, идентитет не се докажува со склуптури!
Нека се спонзорираат трудови, археолошки ископувања, се што е од публицистичката дејност поврзано со тоа прашање.
Види сега.
Ќе има споменик на лик кој мене ми е некој предок. ОК е.
Ќе се градат градби (музеји) кои ми се струка, можеби таму ќе работам. ОК е и тоа.
Сега баш во моментов гледам вести. Еден господин вели сега требало да се гради, плоштадите ќе ни биле празни.
Нека се полни плоштадите.
А што е со стомакот и фрижидерот?
Празни се!
Се знае (ако си читал историја не за џабе се вели ако не учиш од историјата судено ќе ни биде да се повторува!), кој, кога и како правел склуптури, храмови, плоштади и раскошни палати.
Исто е како и денес - треба да си на завидно економско и културно ниво.
Срамота е и контрадикторно е а за да не зборувам колку е и смешно.
Склуптури на Делчев, Груев, Александар Македонски а да земам сега со една камера и микрофон да вршам анкета 70% од "патриотите" што ќе ги анкетирам нема да знаат ни основни работи за нивното дело или нашата историја.
Ни треба прво поголемо ниво на култура и едукација (на народот), на тоа следи економска моќ па после ќе си ги разубувуваме нашите живеалишта.
Џабе ни е кога овие градби се екстериер, украс. Не се функционални во било која смисла... као демек туристи ќе доаѓале.
ЛОЛ не сте виделе се какви склуптури и плоштади има ширум светот.
Реков и ќе речам уште еднаш, идентитет не се докажува со склуптури!
Нека се спонзорираат трудови, археолошки ископувања, се што е од публицистичката дејност поврзано со тоа прашање.
Се плашам дека за жал за некое време (прилично кратко) само новите склуптури ќе останат да сведочат за една древна нација која поради својата преголема гордост и непризнавањето на вина на погрешно ставеното гласачко ливче во кутијата, умре од глад како банту црнците во Африка.
Енигма ќе биде тоа за идните странски археолози како исчезнаа Македонците....
Многу добар начин за перење пари
Македонија
Во документите и во договорите различни цени на спомениците
недела, 17 јануари 2010, 16:40
Цената на спомениците на Даме Груев, Гоце Делчев и еден од лавовите во декларациите за увоз се многу пониски од сумите во договорите за леење – склучени пред 18 месеци меѓу Општина Центар и леарницата Фердинандо Маринели.
АЛФА дознава дека во декларацијата за споменикот на Гоце Делчев стои дека неговата вредност е 160 илјади евра наспроти цената во договорот со леарницата која е 425 илјади евра. И за еден од лавовите во декларацијата стои дека чини 350 илјади евра, а во договорот со Маринели 575 илјади евра. АЛФА уште вчера објави дека за споменикот на Даме Груев во извозната декларација од италијанските власти стои дека чини 125 илјади евра наспроти договорените 425 илјади евра дадени само за леење, траспорт и монтажа. Оваа информација ја потврди и холандскиот возач Јан Кокс кој го превезе споменикот на илинденецот и кој кај себе ги имал документите пред да ги земе шпедитерската компанија Дима.
Од оваа шема со различните цени излегува само еден споменик.
Попладнето на царинскиот терминал беше донесен уште еден од лавовите, долг пет метри, во декларацијата пишува дека чини 575 илјади евра што одговора на цената во договорот меѓу општина Ценатар и леарницата Фердинандо Маринели.
Откако уште ќе се завршат формалностите спомениците треба да се подготват за поставување – лавовите пред скопскиот мост Гоце Делчев, револуционерите пред Камениот мост – покрај контравезите со порачките и стиловите и по нивното транспортирање во македонија за јавноста останува нејасно колку пари се потрошени за уметничките дела и дали разликата од различните суми евра во договорите и декларациите завршила во нечиј џеп.
извор:
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=17212
мене лично Гоце не ми се допага чисто од неговата природна дебелобуцкаста физиономија која не е сокриена во делото барем со наметка која изгледа доста подраматично и похеросјки кај Даме, коњот и оделото некако не одат заедно
Реков и ќе речам уште еднаш, идентитет не се докажува со склуптури!
Нека се спонзорираат трудови, археолошки ископувања, се што е од публицистичката дејност поврзано со тоа прашање.
Но и за тие трудови и археолошки ископувања дежурните мрчатори на форумов ќе ти речат дека сега не е вистинско време за тоа, дека за џабе се трошат народни пари, дека наместо да ископуваат коски и антички саксии треба да се градат фабрики и бавчи на плоштадите од кои секој ќе може да си собере бесплатно пиперки и патлиџани...
Идентитет и култура се докажуваат и потврдуваат и со споменици, и со трудови, енциклопедии, археологија...:smir:
ама и тоа се прави ...
од се по нешто се прави ...
ако се ориентираме според мрчаторите треба ништо да не се прави само социјала да се храни ... и онака како паразити ќе бидеме ...![]()