Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе има ли муда Букефалчо :raz:

Дап

A067594F7B50894580013FDA8C96B871.jpg
 
Сега ми олесна. Неизвесноста ме убиваше од моментот кога беше поставено прашањето т.е од вчера 16.50.
Можете сеа релаксирано заедно да идете, со дечко ти, на бразилска депилација.
 
Aj малце оф топик- не е споменик, ама е жичара :kez: Ќе биде пуштена утре, а официјално ќе почне со работа од 3 јуни


dsc01489w.jpg

dsc01490k.jpg

dsc01492gg.jpg

dsc01487gl.jpg

build.mk
 
оф, оф, шо ленти сечење ќе падне утре, пазете со тоа маказите :icon_lol:
 
Чекајќи го Никола Карев

FEBD8F3DE343A447835791244240D106.jpg


Општина Центар го огради тревникот пред Собранието на Македонија заради изградба на постамент за споменикот на претседателот на Крушевската Република, илинденскиот деец Никола Карев. Од Одделението за односи со јавност не прецизираа временски рок за целосно завршување на градежните работи, велејќи дека во моментов не можат да кажат. Споменикот на Никола Карев, коњаник во бронза, се работи по идејното решение на авторот на Богоја Анѓелковски и чини околу 715.000 евра. Дневник
А додека да го постават да се потсетиме дека низ Македонија има и други споменици на Никола Карев

Кочани:

Nkola%2BKarev%2B-%2BKocani.png
 
Чекајќи го Никола Карев

FEBD8F3DE343A447835791244240D106.jpg


А додека да го постават да се потсетиме дека низ Македонија има и други споменици на Никола Карев

Кочани:

Nkola%2BKarev%2B-%2BKocani.png


Исто така, да не заборавиме дека има и во:
http://www.strumica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=176&Itemid=156&lang=mk

како и во:
http://www.google.com/imgres?imgurl...1&ndsp=22&ved=1t:429,r:8,s:0&biw=1007&bih=757

Оноа што може да се забележи, ако се разгледа на нет, дека не постои представа за Карев на коњ. Нема. Осим, разуме се, во Скопје, пред собрание. Некоја нова мода. Ако не е потпрен на некакво ТРУПЧЕ, онда мора да е насаден на КОЊ. Ех...!
 
Разубавувањето на главни градови виреело и под кратки бркови...

2339094652_11f5ed39f6.jpg

02-nuremburg-stadion_small.jpg

Speer_Germania_DW_P_447776p.jpg


На крај на краиштата, зошто да не?
Триумфална капија која ќе ја симболизира конечна победата на транзиционата олигархија, а бидејќи не планираат евакуација во скоро време, да се чувстуваат лагодно барем во центарот на Скопје, кога ќе пијат кафенце или Хенеси (или двете), посматрајќи ги робовите како “дебатираат“ за целта на изграденото...не сфаќајќи дека целта е одамна остварена и дека ова е само архитектонски симбол на триумфот.

Наздравје!
 
Кога ќе го качуваат Александар на плоштад ако знаеше некој?
Насетувам дека ќе биде наскоро по активностите на фирмата за монтажа. :)
 
Кога ќе го качуваат Александар на плоштад ако знаеше некој?
Насетувам дека ќе биде наскоро по активностите на фирмата за монтажа. :)

Еве неколку неколку извадоци од весници кои шпекулираат со терминот:

Фонтаната готова во август, Александар Македонски подоцна

петок, 06 мај 2011, 17:05

Градежните работи на фонтаната на скопскиот плоштад треба да финишираат во август – велат извори од изведувачот Бетон. Мермерни делови веќе се поставуваат во подножјето на фонтаната со дијаметар од дваесет метри. Целиот постамент треба да се обложи со мермерни прстени на кои е претставена македонската историја.

Извори од скопски Бетон за Алфа велат дека споменикот на Александар Македонски веројатно во септември ќе се постави на постаментот. Тодоровиќ најави дека е можно фонтаната да се отвори пред да се постави споменикот на античкиот војсководец.
Леарот Франко Бардучи кој работи за Галеријата Базанти, вели дека во Фиренца чекаат на сигнал од скопската општина кога да почнат со транспорт на бронзените делови на Александар Македонски.

Поставувањето на споменикот и изградбата на фонтаната се меѓу најскапите проекти- не чинат скоро десет милиони евра.
http://daily.mk/cluster3/a5059ad122b2d46473ceb5ef3d83c4a2/717586

Александар Mакедонски и фонтаната летово во Скопје

четврток, 28 април 2011, 16:26

Споменикот на Александар Македонски и фонтаната во центарот на Скопје ќе бидат готови наскоро – потврди за Алфа градоначалникот на центар Владимир Тодоровиќ.

Мермерни делови од фонтаната веќе се монтираат на објектот – скалила, подлоги, рабови– во земјава се пристигнати и бронзени делови од споменикот – фалангата на Александар Македонски.

За споменикот на Александар Македонски со фонтаната се потрошија 9.400.000 евра. Се лееше во бронза во италијанската леарница Фердинандо Маринели, а скопски Бетон ја изработува фонтаната.

Од другата страна на Вардар се очекува да пристигне и неговиот татко-Филип втори, излеан од истата бронза, во истата леарница за 4.500.000 евра. Со тоа треба да се заокружи проектот ,,Антиквизација,,-100 проценти реализиран од ,,Преродбата,,.

Милка Смилевска
http://daily.mk/cluster3/73150380dd238dbef9a1db2d9da20c33/706118

Споменикот на Александар на Интернет

Првите слики од споменикот на Александар Македонски и коњот Букефал вчера се појавија на Интернет. На социјалните мрежи Фејсбук и Твитер попладнето излегоа слики од коњаникот кој треба да се постави на Плоштадот Македонија.
Од Општина Центар не сакаат да коментираат дали објавените фотогорфии на Интернет се веродостојни.
"Споменикот не е стигнат во Скопје. Тој сè уште се доработува во леарницата 'Фернандо Маринели' во Фиренца", вели Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар.
Пред неколку месеци градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ најави дека споменикот на Александар Македонски треба да стигне во земјава летово.
Александар јавнат на Букефал се лие во Фиренца по идејно решение на авторката Валентина Стевановска и чини околу 10 милиони евра. (А.А.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=24897BBC08266F4AA873B7230C419CAF&arc=1

Инаку чинам во 2009 имаше најава дека ќе биде готов до втора половина на 2010 година.

Годинава имаше најави дека ќе е готов догодина, а имаше и такви кои велеа дека ќе е готов пред крајот на оваа година.

Некои пак велат дека ќе го постават пред изборите, други пак дека Александар ќе се постави последен и со него ќе се заокружи проектот Скопје 2014.

Јас лично мислам дека Александар ќе стигне во Македонија во јуни или јули (војниците се веќе во Македонија), а не мислам дека пред септември споменикот би можел да е целосно готов.
 
На крај на краиштата, зошто да не?
Триумфална капија која ќе ја симболизира конечна победата на транзиционата олигархија, а бидејќи не планираат евакуација во скоро време, да се чувстуваат лагодно барем во центарот на Скопје, кога ќе пијат кафенце или Хенеси (или двете), посматрајќи ги робовите како “дебатираат“ за целта на изграденото...не сфаќајќи дека целта е одамна остварена и дека ова е само архитектонски симбол на триумфот.

Наздравје!

Не лупетај, портата ќе се вика „Порта на независноста“ или „8ми Септември“. Ќе симболизира тоа што Македонците по долг период живеат во независна држава.
 
Мое мислење во врска со споменикот на Александар е дека тој ќе се постави после одлуката во Хаг, без разлика на исходот. Што ќе рече октомври или ноември. Ако ни тогаш не се постави тогаш најверојатно ќе се чека решение на пробемот кој грците го имат со нашето име.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom