Хрватска-Полска
Ако играат макар и пола од тоа шо го "изиграа" со Бразил има да го скрнат утре од Пољаците....
Посебно ако ја заострат малку одбраната Пољаците,да бидат поагресивни со таа нивна 6-0 зона...
Со отсутен Дувњак,Вори во слаба форма,Алиловиќ ја заборави формата во далечната 2013 година...
Че имаат големи проблеми,плус салам накурчени се Пољаците,по сите тие порази од Хрватите...
Како никогаш досега не била победата на Хрватска очигледна,напротив шансите се 50-50%...
Данска-Шпанија
Финале пред финалето..
Две селекции со страшни состави...
Шпанците имаа полесен тренинг до 1/4 финалето,за разлика од нив Данците се мачеа на стартот за потоа да уфрлат во повисока брзина...
Горе долу изедначени состави,со мала предност на Данска,пред се заради Хансен и Ландин,но и Шпанците не се за фрлање,уиграна екипа,години се заедно,добра одбрана..
Кањелас,Ентрериос,Агинагалде,Томас,голманот Гаспар е откритие на првенството,не ќе бидам резервиран за него зошто досега не го видовме со некоја посилна селекција..
Утре ќе видиме колку вреди,
и дали ќе има ден?
Екипата која ќе го отвори мечот со голманите има повеќе шанси...
Ландин со Полска ја спушти ролетната во првите 10ина минути,исто и со Исланд,ако и утре си продолжи така ќе имаат мака Шпанците,сепак немаат тие таков напад како другите,малку се побавни...
Исто важи и за Гаспар,и тој е во шема...
Типувам тврд меч,со помалку голови од вообичаениот просек за Данците,под 55 гола,1-2 разлика за било кој од тимовите,изедначен до самиот крај.
Мои фаворити се Шпанците,зошто Скандинавците не можам да ги смислам,иако играат можеби најдобар ракомет. за око ...
Катар-Германија
Уште еден непредвидлив меч..
Фаворити се Германците заради искуството,имаат ротација,добро водење од клупата...
И ПРЕД СЕ ИСКУСТВОТО...
Иако и Германија има зелени играчи,како Штробел.Друкс,вториот голман,но сепак доста квалитетен состав...
Искуството на Хајненветер,Вајнхолд,Геншајмер,Грецки,Винчек,Краус можи да е пресудно..
Засега покажаа одлични игри,освен слабото прво полувреме со Русите,и со Аргентина на моменти на сите други мечеви Швабите го диктираа темпото...
Од друга страна Катар е селекција која се базира на шутерите-Марковиќ,Капоте се главните,ако тие имаат ден ќе имаат мака Швабите..
Ако ги задржат ја завршија речиси целата работа..
Плус многу е важно како ќе бранат голманите на Катар,искусни стари кучиња.ако се разбранат се бива...
Германија би требало да помини понатаму,без разлика на огромните премии кои се ветени за пролаз на Катар,но сепак оставам мала можност за победа на Катар..
Покажаа со Шпанија дека имаат квалитет,дека не се случајно втори во групата..
Со Австрија,Словенија се помачија,но сепак тепаа...
Утре ќе видиме колку вредат....
Франција-Словенија
Овде би требало Французите на почеток да ја покажат цела сила.посебно со одбраната и Омејер..
Ако ги запукаат на почеток полесно ќе биди,ако го пребродат Словенците почетокот и да се навикнат на зоната на Французите се бива...
Имаат екипа која е навикната на францускиот стил на игра,но сепак Французин си е Французин,посебно во елиминациона фаза....
Но,овде по сите параметри не би требало да имаат поголеми проблеми Французите,чиста нивна победа,најмалку 3 разлика...

Непишаното правило на големите натреварувања последните неколку години е тоа дека
СИНИТЕ СЕ СЕКОГАШ ПОБЛИСКУ ДО ПОБЕДАТА,БЕЗ РАЗЛИКА СО КОГО ИГРААТ...