Нокаут фаза (финале КАТАР-ФРАНЦИЈА)

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување
Ne bi gi otkazal Egipet,dodeka golmanot im e vo dobra forma.Igraat i pogrub rakomet,normalno africki stil..Mislam deka germancite ke se macat.
Па затоа и пишав АКО победат :D
ИМе изненадија еѓипјаниве во секој случај, АМА мислам дека нема да можа со Германците според покажаното до сега на двеве екипи.
Ама ајде, ќе видиме дали ќе има некое изненадување во 1/8 финалево.
 
Ќе може некој да ископа колку пенали имаше на Катар-Австрија и Словенија-Македонија? За фантазиво да знам на шо сум, а иначе нема таква информација на официјална :tapp:
 
Домаќинот на Светското ракометно првенство, Катар, најбогатата земја на светот според просекот на БДП по глава на жител, не жали пари за спорт, а посебно откако ракометната репрезентација дојде до четвртфиналето. Ако досега, секоја победа се наградуваше по сто илјади долари од играч, пласманот во полуфиналето носи невидени премии – најбогати во историјата на спортот. Дури и во фудбалот, кај најбогатите клубови, немало вакви „луди“ бонуси за успех.

Даниел Шариќ, Жарко Марковиќ и останатите играчи на Катар дополнително се мотивираат сега за да се најдат мешу најдобрите четири на светот, затоа што државата домаќин им нуди стан и тоа во монденската населба на вештачкиот остров во Доха, по едно Масерати и по – милион долари! Ако се направи груба пресметка, баснословните поклони што им се ветуваат, заедно чинат повеќе од два милиони долари. Тоа значи дека државата, за 60 минутен успех во четвртфиналето, ќе издвои над 32 милиони долари како од шега.

Сега, јавноста се прашува што има на мени како премија Катар да стане светски првак?! Злато, нафта…? Според некои информации, Даниел Шариќ за периодот од јануари и СП до олимписките квалификации ќе земе над половина милион евра за настапите во дресот на Катар.

Катар во четвртфиналето го чека подобриот од утрешниот осминафинален меч помеѓу Германија и Египет.

:kafence:
 
A за регуларниот гол, што беше вратен на седмерец што имаш да кажеш?
A потоа при еден напад судиите чекаа и малку повеќе од ова да видат дали хрватите ќе дадат гол да не дадеа ќе судеше седум метри...
 
Хрватите не заслужија 1/4 финале во никој случај....
Имаа невидена среќа шо беа во најслабата група,и можеби ќе имаат најлесен пат до финале....
Ама со ваква игра нема шанси да ги поминат Пољаците или Швеѓаните..
А од авион се гледа дека нема хемија меѓу играчите,ја нема таа пожтрвуваност шо ги красеше,како да им е сеедно шо играат...
Послаби никогаш не сум ги видел....уште од времето пред Червар...
Очај беа,дури и на моменти стоеја во место,не знаеа шо со топката...нешто нетипично за модерната Хрватска(од 2003 наваму)...
Уште еднаш Бразилците покажаа дека кога се сака се е можно..
Физички инефериорна селекција,пред се во висина успеа да држи лекции по ракомет,можиме многу да научиме од нив како се игра одбрана...
Дувњак тотално аут,иако на крај е херојот....
Лев бек како и да го немаат,Копљар даде 5 гола,но и него му треба некој да го храни со позиции за шут...
Вори тотално аут-полека му паѓа митот и него...
Да не беа пробивањата на крај немаше шанси да тепаат...
 
И голманите наши да поднаучат малку од тој голманот нивни Насцименто, човекот од очајната бразилска лига не е видел подобро а брани како луд..
 
Затоа и викам да дадеме шанса на друг некој сигурно имаме талентирани голмани.
 
И голманите наши да поднаучат малку од тој голманот нивни Насцименто, човекот од очајната бразилска лига не е видел подобро а брани како луд..
Тоа е добра анализа на меч...
Плус многу се мотивираат Бразилците,за разлика од нашите голмани кои се како времето,некогаш се полни со самодоверба,урлаат,а некогаш(како вчера)тотално се губат и се шо ќе шутнат противниците поминува...
Тотално аут беа...
За вакви мечеви кога не му оди на нападот многу е важен голманот...
Бразилскиот голман е пример за ова...
Знаеше каде шутираат Хрватите,добро ги проучил нивните удари...
Плус имаше голема помош од одбраната,која беше феноменална..
Ги отсекоа бековите од внатрешната линија,соработка со пикер никаква,проток на топка отежнат,да не речам и воопшто го немаше,немаше ни пас до крила,едноставно ги убија во поим...
И да не беа тие пробивања на крај,и чистиот гол шо им беше поништен на Бразил(кога без врска свирна пенал судијата,а немаше врска пенал,зошто не газеше во просторот играчот) се ќе се случеше...
Алиловиќ од друга страна,просечен,незаинтересиран....
Освен на моменти(почеток и крај на второ),и одбраната им беше хаотична...
Нападот безидеен,се извадија на потезите на Карачиќ,неколкуте гола при индивидуална акција на Копљар кога не знаеше шо со топка,и на крај Дувњак шо презеде одговорност...
Со ваква игра немаат шанси во 1/4 финале...
Гледав на РТЛ(хрватска телевизија која ги има правата за Хрватска на ова СП),премногу критики имаше од легендите Џомба,Лацковиќ и од ко-коментаторот Златан Сарачевиќ..
Ако не помини во 1/4 финале,мислам дека е редно време Голужа да си ги спакува куферите...
 
Ми се чини некаде прочитав дека Ким Андерсон бил повреден (може и сум грешка) и ќе ја пропушти со Полска. Во тој случај полјаците се во пол позиција за место во четвртфинале. Премногу зависат швеѓаните од Ким, квалитативно и психички. Само за оваа вест не сум сигурен, може и да е грешка.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom