Нокаут фаза (финале КАТАР-ФРАНЦИЈА)

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување
Како играат во последно време Французите се е можно...
Посебно во меч со Аргентина која се покажа како многу незгодна селекција за сите..
Освен од Швабите(со кои изгубија малку поубедливо,иако според играта во 2/3 од мечот беа тука некаде)....со сите други не се посрамотија..
Со Данска извадија бод,со Полска изгубија во последна минута,Русите ги преслушаа,речиси најубедливо од сите во групата(освен од Данска)..
Како играат Французите,посебно нивната перјаница Карабатиќ не ме убедија дека се непобедливи...
Зошто да не изиграме и ние машки со нив...
Кога можеа Алжир да ги намачат,кога можеше Египет да е на чекор до победа со Шведска,па пичка му матер,зошто да се плашиме дека би вкрстиле со Франција..
Па ако си јак ќе играш со сите...
Од другите средби,очекувам лесни победи на Хрватска,Шпанија,Германија(ќе ги помачи малку Египет,но на крај треба да ги решат)....
Данска би требало лесно да го тепа Исланд,иако не ги отпишувам предвреме рибарите,Скандинавци и се е можно,но влегоа во ритам Данците,конечно и на десен бек имаат ротација со Кристиансен,не се лоши....
Катар ќе се помачи малку со Австрија но на крај треба да тепаат,сепак ова е шансата на векот за Катар и не ми се верува да ја поебат....
Тешка борба ќе се води помеѓу Шведска и Полска,дерби на 1/8 финалето,овде се бива,Швеѓаните се мали фаворити,но не исклучувам изненадување,Пољаците имаат голем потенцијал,но некако не се конкретни до крај,склони се на доста грешки,им недостига некој како Јашка,шо би ги поврзал како треба,имаат класа бекови,вака без класичен среден бек не можат да го покажат сиот свој потенцијал,но сепак се многу квалитетни....
Шведска-топло-ладно,од блескави партии со Исланд и Чешка до очај со Египет и барање по терен со Франција...
 
@Tomasino Се сложувам со тебе за Французиве, очекувам и јас да се мачат со Аргентинците според се докажаното до сега.

Него, постовиве ептен ми се wall of text, потешки мене лично ми се за читање, него ли ако ставиш линија празно. Еве на пример анализа на Франција-Аргентина

Па празно место па друга утакмица и така. Полесно е за читање така :)

Него, само јас мислам дека Хрвативе нема ептен лесно да победат со Бразил ? Ако победат не би било тоа повеќе од 3-4 гола според мене (ма да и 3-4 многу..ама ете очекувам утакмица слична како против нас кога играа)
 
Според тоа што ја гледав Словенија како одигра со Шпанија, очекувам да биде изедначена утакмицата, ако прифатиме нивно темпо може и да го јадеме, посебно од Бежјак, Гајич (инзворедно крило какво што очекувам да стане нашиот Манасков за неколку години), Доленец. Е сега зависи дали ќе одат на Кирцата фластер па да очекуваме во нападот повеќе од Миркуловски, Манасков, Прибак, Мојсие. Мислам дека треба да го форсираме пикерот повеќе против словенците. Е ако ја тепаме оваа ќе биде весело со Франција, не дека неможеме да ја победеме физички, психички се нашите пички и повеќе од страв би изгубиле него од физичка подготвеност. Имаме инзворедна репрезентација, имаме страшен десен бек, инзворедни крила, Миркуловски е се подобар и подобар и игра со срце дечкото, Прибак исто, Вугринец искрено ме нервира, пикерите ни се ОК, а за голманите немам зборови. Добро е да го форсираат и Диви кога паѓа на моменти Борко, али мислам дека имаме голема шанса барем за Х со Франција.
Со Словенија за утре предвидување од мене
Прво полувреме да водиме со 2 разлика (кој се коцка на бетмаратон јас одиграв дека македонија ќе води со повеќе од 1 и имаше одличен коеф од 2.9), второ ќе ни падне газот и очекувам да се мачиме до крај.
 
Според "дрвото" од Сабјата јас уште од сега би ја прогласил Германија за шампион !
Леле со вајл карта влегоја и ќе дотуркаат до финале според мене и ќе го освојат како му се поклопија коцките чудо. Иако пред првенството гласав за Данска, но картите на германците му се отворија ко 1 на 10.
 
@Tomasino јас не би се согласил со тебе во тоа што го кажа дека Шведска слабо изгигра против Франција.. им пружија голем отпор, башка дури и водеа на 10 мин до крајот и на 3-4 мин до крајот беше нерешено.. Така да 55 и те како се држеа со фаворитот број 1 за титулата...
 
За мене (а и за многумина) најпријатно изненадување на првенствово е Аргентина. Ај ова што ја скинаа килавата Русија океј, али се држеа јако и со сите останати. Што би рекле, Аргентина = Македонија 2009.

Што се тиче европскиве, очекував Белорусија и Босна сигурно да отпаднат плус можеб уште една од Исланд и Чешка. Тоа и се деси, иако повеќе мислев дека Исланд максимално ќе се обрукаат на првенстовво, сепак се извадија на крај. Русите максимално разочараа, мислев дека ќе експлодираат сеа со својот неискористен потенцијал али тие пустите на чело со Кулешов прописно се посрамотија.

Шпанија лагано си ја мина групата во прва брзина, Варгас се покажува солидно за сега, секако со голема заслуга на одбраната пред него.
Франција и Хрватска, доколку играат вака ко во поголемиот дел од минутите во групната фаза нема што да бараат повеќе од полуфинале.
Данска не е нешто поарна, но тие се обратни целите, кога почнуваат јако се усеруваат и обратно, кога почнуваат килаво дигаат постепено форма. Сепак премногу зависат од Хансен, така да ако нему не му е денот, може и од Исланд да го сркнат. Со играва досегашна не гледам како би ја тепале Шпанија, но реков со нив е можно подигање на формата.
Шведска ми е исто пријатно изненадување. Не очекував да играат вака добро, одлична одбрана, Андерсон брани ко луд. Но многу работи и нив им зависат од Ким.
Полска мислам дека ова и е крајната фаза и дека ќе биде елиминирана од гореспоменатите.

Германија - Египет/ Катар - Австрија, една од овие екипи ќе биде полуфиналист, а ретко кој очекуваше на стартот на првенството дека тоа ќе се деси. Швабите предничат во оваа четворка секако, би било чудо да не стигнат. Како е тргнато, ќе бидат пандан на Фленсбург во ЛШ.

Сума сумарум во групнава фаза ниту една репрезентација не се истакна премногу, што ни ветува интересна завршницa. (y)
 
Абе просто е ко грав,ако сакаме медал мора да се победи една од топ 4 репрезентации.Ако се осеќаш сигурен,нема калкулации идеш у борба па што биде.Чекор по чекор се иде,прво утре ние да го добиеме мечот,па после ќе гледама како петливе се мучат со Аргентина,е тек тогаш може да се прави муабет за тој дуел.
 
реално не само што русите не го искористија својот потенцијал, ама и Пољациве не го искористија, пошто страшна екипа имаат според мене појака и од Шведска ...
 
Еве кратка анализа од мене:

Хрватска - Бразил - Хрватска релативно лесно ќе победи. Бразил може да направи доста проблеми на повеќе екипи, ама Хрватска е еден од најлошите можни противници за нив. По се она што го гледам на првенството, Хрватите ги потценуваме. Овие нови судиски правила им доаѓаат како кец на десетка, а и добро се одморија во групата.

Катар - Австрија - Некако сите го впишавме Катар како четвртфиналист, ама се ми се чини дека ќе имаат многу проблеми со Австрија. Ги типувам Катар само заради евентуалната помош од судиите, која екипа како Австрија не мислам дека може да ја преживее. Инаку мислам дека малку ги преценивме Катар, Австрија се на се земено е малку подобра екипа од нив. Само тие пусти судии страв во коски носат (макар што досега и не се нешто особено туркани)... Во секој случај овде е можно изненадување.

Македонија - Словенија - Меѓу најнеизвесните осминафиналиња. Тежок натпревар меѓу две сосема различни филозофии. И двете се доволно искусни па ќе одлучи подобрата форма, а мислам дека таа е на страната на Македонија (Словенија на хартија има појака екипа од нашата ама не функционираат како што треба).

Шпанија - Тунис - Тунижаните ќе ја намачат Шпанија, ама шпанците ќе минат на искуство. Шпанците не ме импресионираат воопшто, толку добар скор имаат само затоа што младиот Перез де Варгас се повампири против овие послаби екипи, а и се некако ми се чини дека најслаба група ќе испадне А групата - послаба и од нашата.

Франција - Аргентина - Интересно е дека на пријателскиот турнир во Нант Французите играа со Аргентина и Македонија :) Како да знаеја што ги чекa :) Тогаш беа во топ форма и екстра мотивирани па газеа со 10+ разлика, сега не се сеуште во тој ритам, ама на Аргентина му дојде крајот.

Германија - Египет - Египет се покажа како доста квалитетна и незгодна репрезентација со сите се држеа. Ама Германците мислам дека имаат многу добар психички пристап на ова првенство и се најопасни во вакви ситуации. Нема да оди се глатко ама патот до полуфиналето им е отворен.

Данска - Исланд - Исланд ќе биде без Палмарсон (кој пак нешто се повреди), и тука завршуваат сите надежи на Исланд кој и онака играше доста променливо и нестабилно на првенството. Данска со лесна победа до четвртфинале.

Шведска - Полска - Дербито на осминафиналните натпревари. Тешко е да се прогнозира кој ќе победи. И двете екипи беа главните кандидати за да ја победат големата четворка и да се протнат до полуфинале, ама едната од нив уште сега ќе мора да се прости од првенството. Ако игра Ким Андерсон (а се ми се чини дека мистериозно ќе се )
 
1/4 финале

Хрватска-Шведска
Катар-Германија
Данска-Шпанија
Македонија-Франција

1/2 финале

Хрватска-Германија
Шпанија-Франција

за 3 место

Германија-Шпанија

Германиците ќе победат тесно со 1 до 2 гола разлика

Финале

Хрватска-Франција

Шампион Хрватска
 
Четвртфинале
Хрватска - Шведска
Катар - Германија
Данска - Шпанија
Македонија - Франција

Полуфинале
Хрватска - Германија
Данска-Франција

Финале:
Хрватска-Франција
Шампион:Франција
 
Мариновиќ гази а и Катар лупнаа 3-4 пати стативи.А и Стојанович добро брани.
 
Катарциве алал им вера како им се фрлаат пари за судии :cuc: :cuc: :cuc:
 
Ха, интересен е текот на Бразил со Хрватска...Некако премногу изгледаат истрошени Хрвативе за дечкиве.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom