Nirvana

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Многу краток :Д
 
H

HoT IcE

Гостин
Вчера го изгледав документарецот. Ептен ме погоди. Предобро направен, секоја чест, ама уште од старт знаев дека ќе развалат со документарецот од самиот факт што се опфатени неговите најблиски луѓе, и ХБО продукција.

Нирвана ја сретнав првпат во мојот живот на 10 години. Тогаш во Куманово на локалната телевизија имаше емисија во која праќаш СМС и ти пуштаат видео и песната по избор. И така ги слушнав првпат, со спотот на Smells Like Teen Spirit, уште од старт ме апла заинтересираа и таков ритам имаше заразен песната. Во следните недела дена направив околу 2000 сметка на телефон со СМС за да ја слушнам истата песна, тогаш немав ни компјутер, ни друг начин да ги слушам. Вртев и по МТВ да ги начекам, ама ретко успевав. И нон штракав СМС со порака „еј пушти нешто од нирвана“ и цел ден дремев пред ТВ чекајќи да ги слушнам. Откако изедев ќотек за сметката од татко ми, престанав да праќам пораки и само чекав некој да ги пише, се додека не се појави еден од моите најдобри другари кој беше единствен со компјутер и интернет у цела зграда. Он беше постар 5 години и мене, и кога му кажав за Нирвана ми ги симна од интернет и ми ги изрежа на ЦД неколкуте песни, на обично цеде, АУДИО. Бев пресреќен иако немав компјутер на што да ги слушам. И така си седев по цели денови кај него, купував сок, смоки, чоколада и слушавме Нирвана, Перл Џем и слични, и гејмавме секако. После тоа моите ми купија компјутер, и прво нешто што беше кога го наместив компјутерот беше пуштањето на цедето и уживање у Нирвана, буквално. И ден денес се единствената група која што останала во мене секогаш у срце, и секогаш ги слушам кога се ќе ми здосади, душевна храна ми се. Со нив останав и кога експирементирав со музика и слушав различни жанрови, ама сепак Курт и Нирвана останаа во срце. Unplugged on MTV беше тоа што ме мотивираше да си купам гитара со прва плата, за да свирам песна од мојот идол и омилена група Нирвана. Можам цел ден да пишувам за Нирвана и колку ги сакам, ама тие ќе останат вечни!!

Иначе вчера врвот на документарецот беше Where did you sleep last night?..Каква кулминација:cuc::cuc: Курт е човечиште со неверојатна енергија и години после неговата смрт!!
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359
Еј скроз заборавив дека искочил документарецов.. деновиве обавезно ќе го пуштам.
 
M!K!

supersonic
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.224
Поени од реакции
1.966

Нирвана на КРТ на времето... прајслес :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.520
Поени од реакции
3.656
Го изгледав конечно и јас Montage of Heck и освен можноста да се видат семејните приватни снимки, филмот не нуди ама апсолутно ништо ново, на моменти ми беше толку досаден и затупен, посебно делот кога стануваат познати, да посакав да го изгасам и да не го догледам али ај атер за тие приватни снимки го оставив да врти. Плус го осетив она класично американско преувеличување и холивудизирање на документарецот посебно во оној дел кога мајка му говори како заплакала кога прв пат го чула Невермајнд зошто знаела дека ќе стекне голема популарност и уопште обидот да продаде некоја своја приказна која не е ни малку блиска со било која друга биографија која би ја прочитале за Кобејн, и секако Кортни која во 10 различни документарци/интервјуа има дадено 10 различни верзии на исти случки. Во главно филмот е толку слаб што не би го оценил ни како екранизирана верзија на Heavier than Heaven, за која исто така постои хајп како ултимејт биографија, а има толку многу некажани работи во неа.
Ако некој сака подобро да се запознае со животот/кариерата на Кобејн/Нирвана би го препорачал овој документарец во 10 делови, во кој според мене до најситни детали е обработена неговата/нивната приказна:

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Нешто интересно поврзано со Нирвана :D

Имајте на ум дека се работи за понови генерации кои помалку/потешко би биле изложени на ваква музика во нормални услови како и другите деца (кои ги слушаат Ники Минаж и Џастин Бибер).

Последно уредено:

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Мојот омилен амбум од нив.
Smells like listening to Primus.

Исто така една од омилените.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Денес 27 години од смртта на Курт Кобејн па чисто за одбележување и да ја живнам малку темава...

Kajgana Shop

На врв Bottom