Вчера го изгледав документарецот. Ептен ме погоди. Предобро направен, секоја чест, ама уште од старт знаев дека ќе развалат со документарецот од самиот факт што се опфатени неговите најблиски луѓе, и ХБО продукција.
Нирвана ја сретнав првпат во мојот живот на 10 години. Тогаш во Куманово на локалната телевизија имаше емисија во која праќаш СМС и ти пуштаат видео и песната по избор. И така ги слушнав првпат, со спотот на Smells Like Teen Spirit, уште од старт ме апла заинтересираа и таков ритам имаше заразен песната. Во следните недела дена направив околу 2000 сметка на телефон со СМС за да ја слушнам истата песна, тогаш немав ни компјутер, ни друг начин да ги слушам. Вртев и по МТВ да ги начекам, ама ретко успевав. И нон штракав СМС со порака „еј пушти нешто од нирвана“ и цел ден дремев пред ТВ чекајќи да ги слушнам. Откако изедев ќотек за сметката од татко ми, престанав да праќам пораки и само чекав некој да ги пише, се додека не се појави еден од моите најдобри другари кој беше единствен со компјутер и интернет у цела зграда. Он беше постар 5 години и мене, и кога му кажав за Нирвана ми ги симна од интернет и ми ги изрежа на ЦД неколкуте песни, на обично цеде, АУДИО. Бев пресреќен иако немав компјутер на што да ги слушам. И така си седев по цели денови кај него, купував сок, смоки, чоколада и слушавме Нирвана, Перл Џем и слични, и гејмавме секако. После тоа моите ми купија компјутер, и прво нешто што беше кога го наместив компјутерот беше пуштањето на цедето и уживање у Нирвана, буквално. И ден денес се единствената група која што останала во мене секогаш у срце, и секогаш ги слушам кога се ќе ми здосади, душевна храна ми се. Со нив останав и кога експирементирав со музика и слушав различни жанрови, ама сепак Курт и Нирвана останаа во срце. Unplugged on MTV беше тоа што ме мотивираше да си купам гитара со прва плата, за да свирам песна од мојот идол и омилена група Нирвана. Можам цел ден да пишувам за Нирвана и колку ги сакам, ама тие ќе останат вечни!!
Иначе вчера врвот на документарецот беше Where did you sleep last night?..Каква кулминација


Курт е човечиште со неверојатна енергија и години после неговата смрт!!