Ги пукам прстите на рацете дури по 2 пати, а палците на 3 начина ги пукам, 3 пати. Ја крцкам кичмата, лактите, колената, и главата (вратот) - тешко мене кога ќе остарам, колку ќе се тресам.
Кога влагам во кола се` правам по еден ист редослед. Отклучувам, влегувам, стискам кумплунг и убацувам у прва, симнувам рУчна, ја ставам ташната што ја носам кај ручната или пак на сувозачко седиште, палам светла, палам кола, пуштам музиче по мој вкус, пуштам бришачи и тоа средството за да си ја исчистам шофершајбната, се гледам во огледалото од колата и најпосле тргам. Ама се имам така добро испраксирано што сево ова го правам за некои 15 секунди, ако не и помалце

.
Кога палам цигара се нервирам ако ми се запали само еден дел од цигарата, го мразам тоа, мора да ми е целосно запалена. Првиот дим никогаш не го вовлекувам, на секој можен земен дим ја тресам цигарата, макар било тоа непотребно. Секогаш ја средувам во пепељара, го мазнам пепелот, го смалувам жарот - не можам да поднесам ако жарот ми е долг. Мразам кога ми е мокра цигарата, поготово филтерот - ако е така, палам друга цигара, не можам да ја пушам таа со излигавен филтер. Имам специфично гасење на цигара кој секој пат го практикувам.
Ја грицкам долната усна, ама ја убивам се` дур крв не ми потече

.
Не ставам крема на рацете, така да зимно време ми се како шмиргла.
Кога зборам ја кревам левата веѓа, а пак кога ептен се внесувам у зборење, мавтам со рацете.
Цело време си ги чачкам ноктите, ги пикам нокт во нокт, ги чистам...
Тоа е се` што ми текна во монментов :wink:.