Непопуларни фудбалски мислења (без цитирање)

  • Креатор на темата Креатор на темата DeviAngel
  • Време на започнување Време на започнување

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.953
Поени од реакции
17.936
Локација
Мiddle Of Nowhere
Темава ја отворам со цел да ги споделиме нашите непопуларни фудбалски мислења, мислења со кои мислите дека 99% од светот нема да се согласи а сте ете да речиме во право или мислења кои сакате да ги кажите али ете да не се 'искините' со некој ги проќутвате. Дебатирање дозволено само без навреди и тролање.

- Недвед и Фиго се на ниво на Зидан
- Руни е просечен фудбалер дигнат на ниво на ѕвезда од медиумите во Англија, кој остана само потенцијал
- Алегри е во топ 5 тактичари во светот моментално
- Манчестер Јунајтед 80% се состои од просечни фудбалери
- Барселона летово ќе продај еден од Суарез/Нејмар, 100% првиот
- Батистута е подобар играч од Инзаги иако нема освоено титули како него
- Калчополи беше престрог према Јувентус, премек спрема Милан
- Педро изгледаше како одличен фудбалер само поради уиграноста во Барса
- Бонавентура е добар играч кој врви само низ добра форма, ќе се врати во 'нормала' наскоро
- Барзаљи е најблиското нешто до Лилиан Туран во Јуве
- Бонучи е одличен дефанзивец и подобар од Рамос
- Роналдо 'дебелиот' во денешниот Реал/Барса ќе даваше 100 голови по сезона
- Ибрахимович после Меси е наредното 'чудо на природата'
- Мартинез е најголемата утка на Јуве во ерата на Марота
- Бендтнер најдоброто засилување на Јуве :D
- Роналдињо е единствениот фудбалер кој беше на ниво на Меси а и подобар дриблер
- Moџи не заслужува да се споменува како легенда на Јуве
- Зидан не заслужува да се нарече легенда на Јуве

Па повелете :)
 
Последно уредено:
Си ги испофали твоите, шо убаво. :D


Руни моментално изгледа како просечен фудбалер, но дека низ кариерата не покажал класа и бил само издигнат од англиските медиуми е најнепопуларното фудбалско мислење што постои. :)
 
Недвед и Фиго на ниво на Зидан? Само на сон...
 
На (не)Фергусон му се погоди Премиер лига “село без кучиња“.

Во 80-тите се играше далеку подобар фудбал него денес.

Дејан Савичевиќ > К. Роналдо

Литманен кога беше здрав, беше топ 3 во светот.
 
Само предлагам без цитирања, оти ептен ќе се изгуби сенсот на темата низ репликите.

Инаку Рамос, најпреценетиот одбранбен играч на сите времиња.
Руни последниве 5 години ми е скроз тапа, не знам како остана уште во Манчестер
Ван Гал е добар тренер, до играчите е. АКо погледмене наназад какви се играчи имал Манчестер, моменталниот состав е збир просечни фудбалери.
Серџи Роберто > Хамес
 
Руни и Ван Перси просеци. :facepalm: Ваше мислење, ама ќе мора да пробам да ви го пробијам тоа мислење.
Ван Перси имаше големи проблеми со повреди и затоа се проби толку касно, иначе дечкото беше еден од најталентираните напаѓачи, нешто налик Левандовски сега.
Руни навистина последните години е за нигде, ама далеку е од просек. Сетете се како газеше се пред себе во времето на Роналдо кога беше во Јунајтед па и послем тоа 2 сезони по ред беше одличен. Не може најдобар стелец на Англија да биде просек.


- Тиаго Силва, Давид Луиз, Пике се најпроценетите стопери во светот. Не знам што гледаат во овие стопери.
- Бејл е далеку подобар играч од Роналдо во последните 2 сезони Само што ете не му ги сервират топките на тацна како на Роналдо.
- Жиру е многу потценет напаѓач. Се уште мислам дека немаше играчи позади него кој ќе го воиграат. Се виде сезонава дека кога ќе поработи некој позади него поработува и он.
- Многумина ги оспорваат квалитетите на Сколс, ама за мене заедно со Пирло и Чави се најдобрите играчи од среден ред во последните 20 години.
- Санчез е просек за мене. Играч кој се базира само на брзината и ништо повеќе.
 
- Пике, Рамос, Силва никогаш не би ги ставил во иста реченица со Малдини, Неста, Видиќ, Тери, Фердинанд, Занети и остала класа багра.

- Роналдињо е најатрактивен и најдобар за око да го гледаш, но никогаш не би го ставил пред Меси и Роналдо. Овие двајца се посебна класа и никој не им е ни блиску. 10 години играат на ниво како што никој до сега не играл, даваат по 5-60 голови во сезона ко од шала и надополнето со 2-30 асистенции. Роналдињо со 2 сезони озбилно и другото играње курташак може да им се фати. Нејмар ќе биде боље од него, колку и да го нејќам.

- Касиљас не е од класата на Кан, Буфон, Шмајхел итн. Сите овие биле голманишта цела нивна кариера и впрочем најдоброто од нив е после 30-тата година. Касиљас не постои веќе 4 години.
 
@ShakaZulu веројатно затоа што мислењето е повеќе популарно :D


И покрај фактот што постигна клучни погодоци за Италија пред некоја година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom