Непопуларни фудбалски мислења (без цитирање)

  • Креатор на темата Креатор на темата DeviAngel
  • Време на започнување Време на започнување
Да бидеш 16ти на табела со тим вреден 100ци милиони долари и да го убиеш секој оптимизам и атмосфера во клубот не е баш добра работа и одлика на луѓе што знаат што прават.

Шо знам...ме хејтаат за мислењево така да..непопуларно ќе да е....
 
Дај ве молам без цитирања и не забегувајте од темата, ако реплицирате означете го членот па пишете :)
 
Ибрахимович е најдобар напаѓач на денешницата (само нема во главата многу).
 
Овребо одлично го судеше мечот помеѓу Челзи и Барселона :icon_lol:
 
Пирло>Чави

There it is I said it :icon_lol:

Според мене Пирло е подобар играч од Чави. Причини можам еден куп да набројам, па ќе почнам со некои основни работи. Пирло беше мајстор за прекини, таков мајстор што Чави во оваа категорија не може ниту на скала да биде ставен и да биде рамнет. Има постигнато околу 50 голови од слобеден удар во кариерата и тоа слободни удари од кои повеќето го оставаат човек со отворена уста мислејќи се како е можно топката такво движење да добива после нечиј удар :icon_mrgr:. Исто така според мене Пирло е поквалитетен поради улогата во средината на теренот која Чави ја немаше. Чави играше поголем дел на кратки топки, неговите пасови се базираа на игра по земја, додека Пирло го играше многу потешкиот дел во фудбалот користејќи ги долгите топки пратени зад одбранбените фудбалери на противникот, многу често наоѓајќи ја својата вистинска цел. Онака најсубјективен дел од споредбата сметам дека е тоа што според мене гледајќи го Пирло како игра беше право уживање, многу поголемо од играта на Чави. Некако тоа што Андреа го правеше на теренот е единствено онака со тие чудните движења со главата со кои исфрлаше играчи од колосек и ги праќаше по бурек.

Друго мислење што мислам дека само миланезите ќе го оспорат во врска со Пирло е тоа што сметам дека ако ја немаше играта во Јуве која ја имаше тој немаше да се смета за таква легенда за каква се смета сега.

Друга споредба на играчи од средината за која ќе се запалат фанови на Ливерпул е онаа меѓу Лампард и Џерард. Лампард според мене е поквалитетен фудбалер и повеќе покажа во текот на кариерата. Џерард многу повеќе симпатии добиваше заради играта во Ливерпул и фактот што немаше титула во ПЛ, па ајде повеќето муабети беа дека се жртвува и тие такви ствари.

И за Тоти ќе пишував нешто али ме мрзи друг пат здравје :D
 
@DeviAngel
Инзаги во никоја смисла не беше квалитетен ама имаше шесто сетило да се убаци од никаде и да се одбие топката од него и да влезе во гол. Во смисла на техника, физичка подготвеност итн можеби не е ниту просечен, но ако го земеш предвид факторот „уникатност“ не знам дали можам да го наречам талент она што тој го имаше може слободно 10/10 да му се даде за тој квалитет(таа непредвидливост?).
 
Е мој народе, Роналдо (ел феномено) бил преценет играч а даваше голови како луд. На двајсет години лидер им беше во репрезентацијата и човекот што чуда правеше во тинејџерски години низ Европа преценет бил. ПСВ, Барса, Интер... Се шеташе низ одбраните на противникот како во парк да игра. Ах тие повреди..

Сликава доволно кажува.
CVuEthvXAAAVzJW.jpg
 
Триото Нејмар - Суарез - Меси, немаше да се шета како на ексурзија покрај

Тасоти - Барези - Костакурта - Малдини
или пак
Турам - Тудор - Монтеро - Ферара

За ББЦ од Реал да не правиме муабет. Меси и Роналдо не се "од друга планета"... да точно се издвојуваат бааѓи од другите играчи, но недостатокот на КВАЛИТЕТНИ ДЕФАНЗИВЦИ во денешната фудбалска игра многу им ја олеснува работата.

Тие што се бираат секоја година во тимот на годината (Алаба, Пике, Рамос, Алвес) се пичкин дим за оние дефанзивци пред повеќе од 15 години.
 
@smihajlo точно али фудбалски гледано и општо земено како талент и се останато Батистута е класа играчиште за мнее и подобар играч од Инзаги :)
 
Меси, К.Роналдо > Роналдо дебелиот
Тоти > Дел Пиеро
Италија секогаш фудбалски ќе биде институција за Англија
Скоро сите освен неколку (што на рака се бројат) енглески фудбалери се преценети. И тоа тие неколкумина веќе не играат.
Сколс е далеку подобар од Лампард/Џерард, а Лампард е исто така доста подобар од Џерард
Сите што навивате за Челзи навивате од 2003/04 :kuracc:
 
Она ко че изиграваат дека Роналдо (бразилскио) бил човек и потекнувал од Земјата.

А тој бушеше мрежи и едно време сите се стрижевме келајци и напред тоа косичето на кец. Јбг, никој нејќеше да игра одбрана. :(

Голгетериште ипол!
 
Бускетс е најбитен играч у Барса..
Рибери е преценет играч
Марсело е преценет играч(не баш преценет,ама дефанзивно е дупка)
Волкот е преценет играч,10 години се вади само на брзината
Кошченли е у топ 3 дефанзивци у Англија,можеби и најдобар
Рос Баркли има потенцијал да стане најдобар англиски среден играч
Варди нема да успее ниту во еден друг клуб,додека Марез мислам дека би се снашол
Коке е моментално најдобар шпански везњак
 
Роналдо (дебелиот) е најдобар играч што некад сум го гледал. Го рангирам и пред Меси и К.Роналдо. Мислам дека да играше во време како ова каде што квалитетот на дефанзивците е драстично опаднат и каде што Пике е меѓу најдобрите дефанзивци комотно би можел да ги постигне бројките на Меси.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom