Нема работни места или нема кој да работи?

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Ај сега кажи ми кои други решенија?
Јас имам 21год и не ми пречи да работам ама баш ништо,како за утеха на некои работам од моја 15та година по кафичи,дискотеки,бутици,млад сум ми се може...не дека немале моите да ми даваат пари,туку дека сум сакал да имам мои лично заработени пари,и да ги трошам за што јас сакам,не гледам тука никакво заслепување и мислење на нешто како последна опција,завршив средно ќе го завршам уште малку и факултетот па после отом потом,ако ми се посреќи да се вработам по струка ок ако не здравје ќе се бара нешто друго...но кога веќе ќе те навасаат годините е тогаш бато нема опции ако треба и ќе чистиш,ќе копаш само за да преживееш...доста веќе со таа идеологија,и тоа размислување дека државата треба да се грижи за тебе,жими ашимов ако сам не се потрудиш дека некој друг ќе се замисли

Тебе дали ти е јасно зошто на некој му се плаќа повеќе а на друг помалку за истата работа????
Зошто западот се дави во луксуз додека ние тука скапуваме???
Дали ти е јасно зошто постојат калсни разлики???
Зошто некои луѓе и КАКО тоа се значително побогати од другите???
(имаш одговор на овие прашања)
Јас не велам дека не треба да се работи...и дека треба да се лежи по дома...ама велам дека за таквите гасни работи се додека има луѓе кои ќе се понужуваат за таква ниска цена да ги работата..нема никогаш да ја оправиме работата.

И друга работа...Кажи ми ти мене што е државата ако не е народот???
Се додека има луѓе што ќе викаат..."Епа јебига што е ,тоа е " има да не шупчат у гз цело време.
 
Императоре бато,ако толку се социјализираш со луѓето и работите,зашто не искочиш ти еве на пример да им се придружиш на штрајкувачите туку си седиш дома на топло и ти чуе цевка...патриотизам и пожртвуваност на дело а не преку зборови,лесно е сите да какаме тука

Од кај знаеш дека нема да излезам еден ден????
До сега не сум им обрнувал внимание на тие работи.
И друга работа...не е тоа патриотизам.
 
Dee Jay напиша:
Е сега бидејќи почетни пари односно добри плати неможеме да имаме мора да почнеме со тоа малку што го имаме и да работиме за да тоа што сега е малку после еден работен век порасне во нешто многу повеќе.

Ако течат вака работите нема да порасне тоа малкуто ни по 100 века!
Пак ке кажам,дури се нафајќа некој да работи за 5000 никој нема да ти дај 10000.За жал секогаш ке има такви што се нафаќаат,но од што мораат,како што кажа пред малку заради чедото!Меѓутоа тоа се друга категорија на луѓе.
И ти мислиш дека таа ДРУГА КАТЕГОРИЈА на луѓе како што ги нарекуваш покрај тоа што мораат да работат таква работа за да преживеат ќе се нафатат на штрајк? Или ти и Император случајно да не ќе се нафатите за штрајк за поголеми плати на чистачите.. Абе немој молим ти се.. И да се нафатиш ќе стигнеш до НИГДЕ со самото тоа што твојот став кон таа работа е - ГНАСНА РАБОТА.. Сепак работа си е работа.. Колку повеќе вложиш повеќе ќе добиеш.. И пишав и погоре.. Ако мора нема да работи и по 2 работи човек? Ти ги потценуваш тие кај нас ниско платени работи и после дигаш чалам дека треба некој да се бори и да штрајкува и незнам што.. Размисли што збориш бе брат..
 
Тебе дали ти е јасно зошто на некој му се плаќа повеќе а на друг помалку за истата работа????
Не,ќе ми објасниш?
Зошто западот се дави во луксуз додека ние тука скапуваме???
Затоа што е запад,и затоа што сме далеку од запад,и затоа што кај нас просечна плата е 200 евра а не 1000 евра
Дали ти е јасно зошто постојат калсни разлики???
И ова не ми е јасно...
Зошто некои луѓе и КАКО тоа се значително побогати од другите???
(имаш одговор на овие прашања)
И ти/ние или било кој ќе го смени тоа...па добро бе пичка му матер,се додека јас седам дома и размислувам како тој некој е побогат од мене и како станал побогат ќе го циццам прстот...едноставно не ме боли цевка мене за тоа како он е побогат си гледам за мене
Јас не велам дека не треба да се работи...и дека треба да се лежи по дома...ама велам дека за таквите гасни работи се додека има луѓе кои ќе се понужуваат за таква ниска цена да ги работата..нема никогаш да ја оправиме работата.

И друга работа...Кажи ми ти мене што е државата ако не е народот???
Се додека има луѓе што ќе викаат..."Епа јебига што е ,тоа е " има да не шупчат у гз цело време.
Ајде ондак да дигнеме востание,па кај беше ти сите овие години мајку му да не просветлиш и опоравиш?!
Од кај знаеш дека нема да излезам еден ден????
До сега не сум им обрнувал внимание на тие работи.
И друга работа...не е тоа патриотизам.
Излези,немам јас ништо против,ако ти е убаво,мене уште поубаво ќе ми биде,не поддржувам штрајкови никогаш не сум и нема ни да ги поддржувам :wink:
 
И ти мислиш дека таа ДРУГА КАТЕГОРИЈА на луѓе како што ги нарекуваш покрај тоа што мораат да работат таква работа за да преживеат ќе се нафатат на штрајк? Или ти и Император случајно да не ќе се нафатите за штрајк за поголеми плати на чистачите.. Абе немој молим ти се.. И да се нафатиш ќе стигнеш до НИГДЕ со самото тоа што твојот став кон таа работа е - ГНАСНА РАБОТА.. Сепак работа си е работа.. Колку повеќе вложиш повеќе ќе добиеш.. И пишав и погоре.. Ако мора нема да работи и по 2 работи човек? Ти ги потценуваш тие кај нас ниско платени работи и после дигаш чалам дека треба некој да се бори и да штрајкува и незнам што.. Размисли што збориш бе брат..

Едно е сугурно...ДА збориме...јас не седам пред собрание и не куцам од лаптопот.

Не се секирај не сум јас тој што го измисли зборот гнасна работа.....Секој знае дека постојат такви ризични, напорни и опасни работи ,досадни работи. Убаво ќе ти биде у комуналец да празниш конрењери???
Гнасна работа е тоа...не ми е целта да ја понижам таа работа...сепак некој мора да ја работи. Ја понижуваат тие што сметаат дека за тоа треба да се плати некоја мала смешна сума,....не сум јас тој.

А ти ме обинуваш за тоа што се обидувам да поткренам свест на повисоко ниво...еве ништо не превземајте...не идете на штрајкови...седете си пред тастатурата исто како и јас во моментов...ама знајте дека ве експолоатираат и отворете си ги очите.Немојте да викате "Епа тоа тие што да правам!!! "
 
И ти мислиш дека таа ДРУГА КАТЕГОРИЈА на луѓе како што ги нарекуваш покрај тоа што мораат да работат таква работа за да преживеат ќе се нафатат на штрајк? Или ти и Император случајно да не ќе се нафатите за штрајк за поголеми плати на чистачите.. Абе немој молим ти се.. И да се нафатиш ќе стигнеш до НИГДЕ со самото тоа што твојот став кон таа работа е - ГНАСНА РАБОТА.. Сепак работа си е работа.. Колку повеќе вложиш повеќе ќе добиеш.. И пишав и погоре.. Ако мора нема да работи и по 2 работи човек? Ти ги потценуваш тие кај нас ниско платени работи и после дигаш чалам дека треба некој да се бори и да штрајкува и незнам што.. Размисли што збориш бе брат..
1.Сите чистачи ко ке се нафатат на штрајк(сите чистачи)верувај ке постигнат(види дали не добиле оние од образование ко ке бараат нешто преку штрајк пример)
2.Мојот став кон таја работа не е дека е ГНАСНА.Туку дека ГНАСНИ се парите што се земаат за таја работа.
3.Кој ти кажа дека ако вложиш повеќе,повеќе ке добијаш?Сакаш да ми кажиш дека ако кројачка во конфекција сошија појче кошули ке земи поголема плата????Немој молимте.
4.Кај виде дека ги потценувам тие што земаат ниски плати??????ТИ размисли,за да ме сватиш што зборам!!!
5.Ја понижуваат тие што сметаат дека за тоа треба да се плати некоја мала смешна сума(како што кажа император)
 
Император кога ќе мораш да работиш таква работа веруј ми дека нема да наоѓаш мани и баш ќе си речеш - Тоа ти е..
Ама на крај краева не станува збор само за комуналец и слично..
Темава гласи - Нема работни места или нема кој да работи?
Значи - Сите кукаат дека нема работа, дали е така или не им се мрда гзот? Доста забегавме сите од темава.. Кој колку е платен е сосема друго.. Темата е повеќе кој колку САКА да работи и САКА да најде работа.. Ти ако сакаш да најдеш работа немора чистач бе.. Келнер, продавач бла бла не е битно што да побараш нема да најдеш? Повеќе е темава ко што пишав 56456736 пати погоре - Дали сите бараме лебот сам да ни чукне на врата и да ни се стај на маса..
 
Не,ќе ми објасниш?

Затоа што е запад,и затоа што сме далеку од запад,и затоа што кај нас просечна плата е 200 евра а не 1000 евра

И ова не ми е јасно...

И ти/ние или било кој ќе го смени тоа...па добро бе пичка му матер,се додека јас седам дома и размислувам како тој некој е побогат од мене и како станал побогат ќе го циццам прстот...едноставно не ме боли цевка мене за тоа како он е побогат си гледам за мене

Ајде ондак да дигнеме востание,па кај беше ти сите овие години мајку му да не просветлиш и опоравиш?!

Излези,немам јас ништо против,ако ти е убаво,мене уште поубаво ќе ми биде,не поддржувам штрајкови никогаш не сум и нема ни да ги поддржувам :wink:

Ќе добиеш по приватна порака , али не денес ..утре? оти ќе спијам сеа:smir:

И ти/ние или било кој ќе го смени тоа...па добро бе пичка му матер,се додека јас седам дома и размислувам како тој некој е побогат од мене и како станал побогат ќе го циццам прстот...едноставно не ме боли цевка мене за тоа како он е побогат си гледам за мене

Па мора од тоа да почне,,,,прво ќе осознаеш..ќе јадеш говна...ќе се јачаш....па после тоа или ќе те затнат или ќе направиш некоја голема фрка...Али мора така да почнеш.Седејќи дома и размислувајќи.

Ајде ондак да дигнеме востание,па кај беше ти сите овие години мајку му да не просветлиш и опоравиш?!

Нема потреба од иронија.....
Јас сум си тука кај што сум...ама не ќе да си запознаен ни со историјата и да препознеш дека МАРКС ти го зборам .
 
1.Сите чистачи ко ке се нафатат на штрајк(сите чистачи)верувај ке постигнат(види дали не добиле оние од образование ко ке бараат нешто преку штрајк пример)
Кога некој стигнал до тоа да МОРА да работи како чистач мислиш дека ќе си го ризикува работното место, тие малце пари што ги заработува, животот на својата фамилија и себе.. Ако работи тоа значи дека СЕКОЈ е*ан денар му е потребен, макар и еден загубен ден значи пропуст, а пропустите значат помалце пари.. И мислиш дека луѓе во таква ситуација ќе се нафатат на штрајк?..
 
Girll:Значи - Сите кукаат дека нема работа, дали е така или не им се мрда гзот?
Кој се тие што кукаат знаеш?Сигурно не се оние што ранат деца,тие си работат,и не зборувам јас за нив!
Оние што кукаат се лица воглавно од 25-35 години,кои и покрај тешко завршениот факултет
не можат да најдат соодветна работа!!!!!!Ке те видам јас тебе дали ке се нафатиш да работиш не 26 години се и сешто а пред тоа со сите сили (финансиски,психички и сл.)си го завршила факултетот после 6 години,зошто некој професор не те бендисал!!Сега вака размислуваш,ке видиме тогаш...
 
Nema koj da raboti... Za 6000 denari mesecno... Ni jas ne rabotam za niv...
 
Dee_Jay и тогаш и сега тоа ништо не менува..
Ти мислиш дека сите ОДМА добиваат соодветна работа? Мислиш дека така на лепе очи и само на диплома се дава? Можеби ќе се добие некогаш можеби и не.. А неможе место да кука за работа дури е млад да работи ете да речеме во кафич, бутик и сл? Подобро е да кукаш цел живот зашо си завршил факултет а не си се пробил или да го мрднеш газот во меѓувреме за да пробаш да се пробиеш понатака?
 
Не знам дали си разлистала по конкурси,али ако пролисташ ке увидиш дека бараат претежно до 30 години лица за работа??
Ако не ОДМА кога,кога ке имам 40????Е ете 40Годишници не му требале!!И сега???Немој да ме сватиш дека ти одам контра,ама мора од некаде да се тргни!:smir::smir:
 
Абе ете.. Испаѓа да не се пробиеш.. И што? Ќе кукаш цел живот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom