Тоа што си го напишал за твојата религија,важи и за верниците од останатите религии.
-И во нив на поединците не им се потребни никакви докази
-И таму верата е најдобриот доказ
-И во останатите религии,делата кои прозлегуваат од живеењето според верата се потврда за исправноста на нивната вера.
Комплетно истото важи и за муслиманите и за будистите и за хиндусите.Не гледам никаква разлика од христијанската вера.Компонентите се исти,само имињата се различни.
А тоа дека барале цврста подлога во христијанството,тоа е булшит,знаеш и сам.Можеби важи за исламот,бидејки Мухамед ја засновал својата вера според учењата превземени од христијаните,ама за останатите религии,не би рекол.
Политеизмот се јавил уште во античко време,кога уште немало ни Х од христијанство.Истото важи и за будизмот и хиндуизмот.На какви свети книги ја засновале тие својата религија,кога такви книги во тоа време не ни постоеле?