Нема да умрете

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
„..не надевајте се на луѓе-на Бога надевајте се..„ би рекол Апостолот Павле. Ти текнува? Во Бога е надежта за спасение на душата...
А за војните и причините за војни, треба да се обратиш на друго место, кое не е баш препорачливо...

Mi teknuva , mi teknuva ...:pos:

Na primer : Underground , meet the Satan ...something like that
 
Не е во прашање сигурноста туку верата во вистинскиот Бог.
А тоа што и другите религии имале вакви и такви книги-па нормално е дека ги имаат. И тие религии се обидуваат да ја засноваат својата вера во некоја цврста подлога а таа подлога се, најчесто. книгите наследени од претходните времиња.
А за тоа дека мојата религија е вистинската, имам напишано веќе неколку стотици постови. Во нив, повеќе пати имам напишано дека на поедницните кои ВЕРУВААТ, не им се потребни никакви ДОКАЗИ. Нивната вера е најдобриот ДОКАЗ, а делата кои произлегуваат од живеењето според верата, се ПОТВРДА за исправноста од нивната вера.

Ubavo vaka sto potcenuvas drugi religii , bas hristijanski :uvo:
Epa aj ako si so mene , pocnuvam nova religija , religija vo mojot macor , The Hign Priest Prco , jas duri imam i zivo sustestvo za toa .

Neli tie malku smesno , da veruvas vo nesto , a ne znaes sto e ..
Taka e najlesno koga nemas odgovor , snajdi se ...
 
Добро може ли да се вратите на зададената тема..немора да ја уништувате буквално секоја, со препирки околу тоа која е вистинската религија, почитување спрема другите религии, не/постоењето на Бог...темата беше јасна кој сака да дискутира бујрујм..
 
Не е во прашање сигурноста туку верата во вистинскиот Бог.
А тоа што и другите религии имале вакви и такви книги-па нормално е дека ги имаат. И тие религии се обидуваат да ја засноваат својата вера во некоја цврста подлога а таа подлога се, најчесто. книгите наследени од претходните времиња.
А за тоа дека мојата религија е вистинската, имам напишано веќе неколку стотици постови. Во нив, повеќе пати имам напишано дека на поедницните кои ВЕРУВААТ, не им се потребни никакви ДОКАЗИ. Нивната вера е најдобриот ДОКАЗ, а делата кои произлегуваат од живеењето според верата, се ПОТВРДА за исправноста од нивната вера.
Тоа што си го напишал за твојата религија,важи и за верниците од останатите религии.
-И во нив на поединците не им се потребни никакви докази
-И таму верата е најдобриот доказ
-И во останатите религии,делата кои прозлегуваат од живеењето според верата се потврда за исправноста на нивната вера.
Комплетно истото важи и за муслиманите и за будистите и за хиндусите.Не гледам никаква разлика од христијанската вера.Компонентите се исти,само имињата се различни.
А тоа дека барале цврста подлога во христијанството,тоа е булшит,знаеш и сам.Можеби важи за исламот,бидејки Мухамед ја засновал својата вера според учењата превземени од христијаните,ама за останатите религии,не би рекол.
Политеизмот се јавил уште во античко време,кога уште немало ни Х од христијанство.Истото важи и за будизмот и хиндуизмот.На какви свети книги ја засновале тие својата религија,кога такви книги во тоа време не ни постоеле?
 
Хмммм...а делата бе брат?
„..покажи ми вера и јас ќе ти покажам дела...„ би рекол Апостолот Павле. Ај сега?
Еве, САМ провери ги делата од различлните религии и САМ РАСУДИ која е вистинската...
 
А што се оденсуваа до темата...
„..кој верува во Мене, и да умре, ќе живее..„ вели Богочовекот.
Поарно од тоа-здравје!

„Нема да умрете„ е лага со која лукавиот го насанка нашите прародители. Или, поточно кажано, ги излажа со вистина, оти и Адам и Ева беа создадени за бесмртност...
 
Тоа што си го напишал за твојата религија,важи и за верниците од останатите религии.
-И во нив на поединците не им се потребни никакви докази
-И таму верата е најдобриот доказ
-И во останатите религии,делата кои прозлегуваат од живеењето според верата се потврда за исправноста на нивната вера.
Комплетно истото важи и за муслиманите и за будистите и за хиндусите.Не гледам никаква разлика од христијанската вера.Компонентите се исти,само имињата се различни.
А тоа дека барале цврста подлога во христијанството,тоа е булшит,знаеш и сам.Можеби важи за исламот,бидејки Мухамед ја засновал својата вера според учењата превземени од христијаните,ама за останатите религии,не би рекол.
Политеизмот се јавил уште во античко време,кога уште немало ни Х од христијанство.Истото важи и за будизмот и хиндуизмот.На какви свети книги ја засновале тие својата религија,кога такви книги во тоа време не ни постоеле?

Кон болтуваното:
- кој има очи-нека види..надевај се дека еден убав ден, а пожелно е што поскоро, САМ ќе ја видиш ОГРОМНАТА разлика меѓу религиите...со среќа.
 
Кон болтуваното:
- кој има очи-нека види..надевај се дека еден убав ден, а пожелно е што поскоро, САМ ќе ја видиш ОГРОМНАТА разлика меѓу религиите...со среќа.
Исус-Мухамед-Буда.
Не гледам некоја разлика.Ај ако можеш објасни ми ти,спаси ме од вечните огнови на пеколот....
 
А змијата и рече на жената: „Навистина, не ќе умрете.."
прва книга Мојсеева 3:4
Ова би требало да биде првата лага на Сотоната, со која го завел првиот човечки пар(Адам и Ева). Незнам дали Адам и Ева биле свесни(најверојатно не) дека со погазувањето на божјите мерила и прифаќањето на оваа клевета го изгубиле правото на вечен живот.
Прашањето е што мислите да ли ова изречена лага е жива и ден денес и е темел на разноразни религиозни доктрини кои висат во маглата на раните чистилишта, реинкарнации, духови на умрени предции и останата боранија.
Ме интересира како луѓето кои се на пример финансики префригани и лукави за едни работи, паѓаат на такви лаги.Како е можно една таква лага да живее во срцата на луѓето.. Зошто луѓето не се спротиставуваат на искушенијата..Дали е до нас?

Прво и основно, потреба е способност за препознавање на искушенијата. Модениот свет и модерниот начин на живеење, во кој нема осет за духовност и осет за разликување на доброто и на злото, важи „сивилото„: може се, треба се, се е тоа едно и исто. На пример. „љу-ејџот„ не разликува добро од зло: таму смртта и животот се едно и исто, во различна форма.
А луѓето кои паѓаат на лаги, веројатно не разликуваат лага од вистина. А можеби и тие самите лажат, така да лажењето станала нивна особина и се претворило во нивна вистина.
За спротивставување на искушенијата, потребно е нивно воочување уште штом се „најават„. Таа способност се стекнува преку „вежбање„ во добрите работи, т.е. правење добри дела. Современите монаси го обајснуваат поимот „аскетизам„ не како накекво изолирано живеење во овој свет , туку „аскетизам„ значи увежбување во доброто.
Патем кажано, прашањето на доброто и злото, покрај прашањето за животот и смртта, е една од основните теми на христијанската религија.
 
Модерниот свет и модерниот начин на живеење, во кој нема осет за духовност и осет за разликување на доброто и на злото
Се сложувам комплетно со ова.
А луѓето кои паѓаат на лаги, веројатно не разликуваат лага од вистина. А можеби и тие самите лажат, така да лажењето станала нивна особина и се претворило во нивна вистина.
Исто и со ова.
 
Исус-Мухамед-Буда.
Не гледам некоја разлика.Ај ако можеш објасни ми ти,спаси ме од вечните огнови на пеколот....

Исус е Синот Божји, а тоа само по себе значи дека Бог ЛИЧНО го посети овој свет. Кажи ми ТИ САМ, која друга религија вели дека има/познава Син Божји? Кај другите религии, меѓу верниците и меѓу нивниот бог има ОГРОМНА непремостлива (духовна) бездна, која обичниот смртник НЕ МОЖЕ да ја премине.

Мухамед, за православието е само обична историска личност, која со своето учење има оставено историска трага за себе. Таа трага е Исламот како религија.

Буда (Гаетама Буда) е индиски философ од ковот/времето на старокинезите Конфуцие и Лао Це. Буда НИКОГАШ за себе не рекол дека е бог, туку неговите следбеници/ученици, по принципот „расипан телефон„ го имаат претворено во божество. Трагедијата е во тоа што будисти се најмногу кинезите а најмалку хиндусите, имајќи во предвид дека Буда не бил кинез!
 
1.Не гледам во што е таа трагедија.Исус уште помалку припагал на западниот свет,а христијанството е најмногу раширено на Запад.Ако гледаме географски,најмногу христијани би требало да има на Блискиот Исток,а каква иронија....таму скоро сите се муслимани.
2.Мухамед ЗА ПРАВОСЛАВИЕТО е историска личност.Исто како што е Исус за исламот.Православните го гледаат Мухамед така,а не муслиманите.Значи,различни гледишта,за кои ти како обичен човек,неможеш да судиш дали се грешни или точни.Ниту пак можат владиките,ниту пак оџите.Можат само да се надеваат дека нивниот концепт е оној вистинскиот.
 
Очигледно дека не ја познаваш состојбата со христијанството.
Исус, според пророштвата од Стариот Завет, роден е како евреин, но пред Своето вознесение, ги испратил своите Апостоли да го проповедааат Неговото учење насекаде, во тогаш познатиот свет. Апостолот Тома стигнал до Индија а Павле, велат, и до Шпанија. Но тоа е времето пред географските „откритија„.
Христијанството го има на сите континенти, дури и помеѓу арапите па и во Африка, во Кина и во Јапонија.
А тоа што на блискиот Исток повеќето се муслимани, тоа е нормално, па тие самите го прифаќаат Исламот, т.е. Мухамед меѓу арапите почнал да го шири своето учење па не е ни чудно што најголем дел од нив се муслимани.
Мухамед е историска личност-да. За муслиманите, Исус е само еден од пророците. Арно ама....секогаќ тука има едно „арно ама..„ За христијаните, Исус е ПОСЛЕДНИОТ ПРОРОК (и не само пророк, туку САМ БОГ!) после кој човечкиот род НЕМА ПОТРЕБА од други пророци.
Ти текнува?
 
Ти изгледа не го разбираш или не сакаш да го разбереш принципот на различни гледишта на работите.
Сите работи ги гледаш само од христијански аспект.Ама тоа е само еден од многуте.Христијаните се само обични луге,исто како и Муслиманите и Будистите.Веруваат во различен Бог и сите викаат дека нивниот Бог е оној вистинскиот и сите имаат "факти" со кои го потврдуваат тоа.
Твоето гледиште,гледано од објективен аспект,не е апсолутно.Можеби за тебе е,но на пример за еден муслиман сево ова би било срање,бидејки тој мисли дека неговиот аспект е апсолутен.И,на кој да му се верува сега?

Ова:
Буда НИКОГАШ за себе не рекол дека е бог, туку неговите следбеници/ученици, по принципот „расипан телефон„ го имаат претворено во божество
е многу слично со ова:
Исус, според пророштвата од Стариот Завет, роден е како евреин, но пред Своето вознесение, ги испратил своите Апостоли да го проповедааат Неговото учење насекаде, во тогаш познатиот свет.
Апостолите се ученици на Исус,нели.Од кај знаеш дека и тие самите не го претвориле него во Божество,слично како и следбениците на Буда?
п.с другпат не се побивај самиот себеси....
 
Исус-Мухамед-Буда.
Не гледам некоја разлика.Ај ако можеш објасни ми ти,спаси ме од вечните огнови на пеколот....

Буда не го спомнува поимот за Бог, или божество - но, во суштина зборува за потполно истото нешто кое во јудаизмот, христијанстовто и Исламот се нарекува божја природа. Спасението од непрестаниот циклус на страдање го нуди во обединување со бесконечното, непроменливото, единственото (она што ние го нарекуваме Бог). Како пат до просветленоста ја предлага медитацијата, свртувањето кон себе и духовното во себе (она што ние го нарекуваме молитва).

Исус, кој самиот веќе ги има постигнато просветленоста и единството со Бога, како пат кон спасението, ни се нуди самиот себе: “јас сум патот, животот и вистината“. Поточно, ни го дава неговото слово - совршен и беспрекорен систем на етички правила кои, ако доследно се спазуваат, го водат човека до просветление и вечен живот (она што Буда го нарекува нирвана и ослободување од циклусот на раѓање и смрт).

Мухамед го нуди спасението слично како и Исус, со строго следење на етичките правила, и со целосна потчинетост на Бога и неговата волја. Од верниците бара строга дисциплина во молитвата (пет пати на ден, без исклучок), и воздржување од алкохол и дроги кои го заматуваат умот и духот, и следователно ја оневозможуваат комуникацијата до Бога (она што Буда го нарекува постојана медитација).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom