Нема да умрете

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
А змијата и рече на жената: „Навистина, не ќе умрете.."
прва книга Мојсеева 3:4
Ова би требало да биде првата лага на Сотоната, со која го завел првиот човечки пар(Адам и Ева). Незнам дали Адам и Ева биле свесни(најверојатно не) дека со погазувањето на божјите мерила и прифаќањето на оваа клевета го изгубиле правото на вечен живот.
Прашањето е што мислите да ли ова изречена лага е жива и ден денес и е темел на разноразни религиозни доктрини кои висат во маглата на раните чистилишта, реинкарнации, духови на умрени предции и останата боранија.
Ме интересира како луѓето кои се на пример финансики префригани и лукави за едни работи, паѓаат на такви лаги.Како е можно една таква лага да живее во срцата на луѓето.. Зошто луѓето не се спротиставуваат на искушенијата..Дали е до нас?
 
Веројатно е до нас, види и сам, сами сме го прифатиле тоа, слепо сме се фатиле за лагата и сега нормално сами ќе ги трпме последиците од тоа.
 
Za zal, istata taa laga go zaveduva covestvoto i denes. Lugjeto mislat deka mozat sami da se sprotivstavat na iskusenijata, ili poloso, ne gi prepoznavaat ili ne im se sprotivstavuvaat. Ili si pobednik od strana na Gospod, ili sam igras karti protiv Gjavolot sto sekako ke kjari od tebe, a ti gubis. Znaci, ako covek se prepusti vo racete na Bog (crpi sila od Negovoto Slovo i zivee so vera) togas e na stranata na Pobednikot i lesno i brzo gi prepoznava lagite i ne im podlegnuva na iskusenijata. Pozdrav. Interesna tema.
 
А змијата и рече на жената: „Навистина, не ќе умрете.."
прва книга Мојсеева 3:4
Ова би требало да биде првата лага на Сотоната, со која го завел првиот човечки пар(Адам и Ева). Незнам дали Адам и Ева биле свесни(најверојатно не) дека со погазувањето на божјите мерила и прифаќањето на оваа клевета го изгубиле правото на вечен живот.
Прашањето е што мислите да ли ова изречена лага е жива и ден денес и е темел на разноразни религиозни доктрини кои висат во маглата на раните чистилишта, реинкарнации, духови на умрени предции и останата боранија.
Ме интересира како луѓето кои се на пример финансики префригани и лукави за едни работи, паѓаат на такви лаги.Како е можно една таква лага да живее во срцата на луѓето.. Зошто луѓето не се спротиставуваат на искушенијата..Дали е до нас?
Можда не е лага?:toe:
Можда големата лага е уствари во конвенционалните религии и нивните стеги,норми,догми кои упорно го ограничуваат духот на човекот,правејки огромен притисок,со цел засекогаш да се потисне идејата за слободна волја и размислување.Епа,кај некои луге,тоа довело и до спротивен ефект(за срека),и ја зголемило нивната детерминираност,еднаш засекогаш да ги остават зад нив илузиите за Рај и Пекол,за аскетски живот,за понижување и коленичење пред нешто што е лажно,не постои и е измислено и воведено само со една единствена цел-држење на масите во покорност,која ке им донесе материјална благосостојба на таканаречените "претставници на Бога на земјата".
А за оние лукави луге со ситни материјалистички испрани мозоци?
Епа тие,алтернативните решенија би ги прифатиле само ако имаат некоја корист од нив и ништо повеке,како што и сите други нивни избори и одлуки во животот се водени само од желбата за пари.А ништо духовно не влегува во нив,биди сигурен.
Извини,ако е темава само за верници,бриши пост...:smir:
 
Па ако не е лага како тоа старееме и умираме...Поентата беше во тоа..Од состојба на Рај и вечен живот до состојба на распаѓање и минливост со помож на една лага..Како неможе да ја препознаеме..
Дали човекот е толку контрадикторен што го отфрла животот во замена за добра лага..Зошто би му поверувале на Сотоната а не на Бог...
 
Па ако не е лага како тоа старееме и умираме...Поентата беше во тоа..Од состојба на Рај и вечен живот до состојба на распаѓање и минливост со помож на една лага..Како неможе да ја препознаеме..
Дали човекот е толку контрадикторен што го отфрла животот во замен за добра лага..
Па стареењето и умирањето се релативни процеси.
Факт е дека енергијата никогаш не исчезнува,туку преминува од една во друга форма.Многу логично е и човечката енергија никогаш да не изчезнува.Значи,кога умираме,процесите во нашето тело престануваат,но нашата енергија продолжува понатаму,можеби во друго човечко тело,можеби во некое растение,можеби во камен.Битно,тука е,околу нас и не оди во нејзиното наводно вечно престојувалиште...
Човек,како и да е,ја веруам во едно,ти во друго.Можеме да се убедуваме до другиден и пак ке остане истото,а веке ми е смачено од такви дебати.Затоа,нека ти биде темава само за верници,јас ја напуштам...
 
Па ако не е лага како тоа старееме и умираме...Поентата беше во тоа..Од состојба на Рај и вечен живот до состојба на распаѓање и минливост со помож на една лага..Како неможе да ја препознаеме..
Дали човекот е толку контрадикторен што го отфрла животот во замена за добра лага..Зошто би му поверувале на Сотоната а не на Бог...

Еве што е запишано неколку стиха понатаму (3:22-24):

И Бог рече: “Човекот стана како еден од нас, го спозна доброто и злото. Не смее да му се дозволи да ја испружи раката, да набере плодови од дрвото на животот, и да живее вечно“. Затоа Господ Бог го изгони од рајската градина да ја работи земјата од која е направен. И откога го изгони, постави на источната врата од рајската градина ангел херувим со огнен меч да го варди патот кон дрвото на животот.
 
Може да се претпостави дека Адам и Ева пред спознанието на доброто и злото биле како мали невини деца, голи, безгрижни и среќни секако. Така да тој рај може да се посматра и симболички, а со спознанието на доброто и злото влегуваме (веќе сме влегле) неприпремени во светот на возрасните, си остануваме деца по менталитет, само ги менуваме играчките со „играчки за возрасни“ :) а се што добиваме е само вознемирување и грижи. Можеби Бог и самиот сакал да им го даде она што Адам и Ева го зеле по наговор на змијата но во свое време, кога ќе бидат припремени за тоа, а вака ете што испаднало - поделени сме на 1001 табор по разноразни критериуми а во суштина сме сите исти.
Павел Липранди, не сакал да ни даде од дрвото на животот за да не живееме вечно несовршени, подобро било несовршени да умреме, нели?
Патот што води кон рајот е на прв поглед враќање назад, губење на свеста, т.е. спознанието на доброто и злото но не е така, ништо нема да изгубиме од свеста и знаењето, само треба да си го вратиме неизмерното чувството на радост и среќа на мало невино дете во умот, не и менталниот склоп на дете. Тоа чувство се вика вистинска вера. Верувајте ми.

Cool Hand Luke, the God's advocate. :icon_cool
 
Патот до рајот и не е така лесен и едноставен. Можат сите да се согласат дека човекот ја знае разликата помеѓу доброто и злото, но што ако со тек на време се изгуби јасната граница помегу тие две диаметрално спротивни стојалишта, што ако денешниот човек не ја знае вистинската разлика помеѓу Бог и Сатаната?
Мислам дека лугето не самошто се излажани од Сатаната туку продолжуваат со затворени очи да живеат надевајки се дека на некаков магичен начин ќе им бидат простени гревовите.
Каде ќе го барате одговорот на најбитното прашање, а?:raz:
 
Па не може на тоа да се гледа така, тоа сепак не е случка(која мегу другото е митска) која можеме да ја разгледуваме на тој начин Што ако...? или Што ако....? Тоа е настан кој е составен дел од религијата во која веруваме(или не) и на него треба да се пристапи на начин како на текст со навроучение, приказна од која во животот треба да учиме, како на пр. дека лагата не води до добро, алчноста и сл... Барем јас така гледам на тоа, не како на настан кој навистина некогаш се случил. :)
 
Патот до рајот и не е така лесен и едноставен. Можат сите да се согласат дека човекот ја знае разликата помеѓу доброто и злото, но што ако со тек на време се изгуби јасната граница помегу тие две диаметрално спротивни стојалишта, што ако денешниот човек не ја знае вистинската разлика помеѓу Бог и Сатаната?
Мислам дека лугето не самошто се излажани од Сатаната туку продолжуваат со затворени очи да живеат надевајки се дека на некаков магичен начин ќе им бидат простени гревовите.
Каде ќе го барате одговорот на најбитното прашање, а?:raz:

У Библијата да го тражам ?

Зашо цело време викате Ѓаволот не лаже ?
Како можете да го тврдите тоа ...
Тоа што “не лаже Ѓаволот“ , се вика неморалност , неправдина , љубомора , злоба итн.. Тоа се емоции и особини на човекот , сосема природни . Нема виша сила тука умешано прсти .
Тоа дека ја губи сликата за доброто и лошото е едноставно . Околината и односот на другите влијаат врз карактерот на човекот , и ако тој однос е лош ( вреѓање , понижување итн.. ) , постепено ќе го смени и карактерот на тој човек .Пак тука нема делување на “виша сила “ ...

И за крај , па кој а е разликата меѓу Ѓаволот и Господ ?

Ако гледаш неутрално и двајцата се слични ...
 
Гледаш малку да размислиш и знаеш каде да бараш, ако продолжиш така може ке биде нешто од тебе.:helou:
 
Напротив ти си физички цел но........ духовно?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom