Небезбедни и скапи кинески возила на нашите патишта?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Јужно корејските автомобили НИКОГАШ не се покажале како неквалитетни. Од ниту една марка ниту една изведба. Кажете ми модел што не се покажал и ќе го повлечам тврдењето. Еден модел само.
Се сеќаваш колку модели на Хјундаи Пони се возеа? Сега низ скопјево нема ни едно... тек тук некое низ Битола.

Не велам дека немаат квалитет, ама Пони споредено со И30 е светлосна година разлика.
 
Од друга страна можеби се сеќавате на Киа Капитал. За цена на Југо добивавте оромна кола. И ден денеска ги возат луѓето.
 
Се сеќаваш колку модели на Хјундаи Пони се возеа? Сега низ скопјево нема ни едно... тек тук некое низ Битола.

Не велам дека немаат квалитет, ама Пони споредено со И30 е светлосна година разлика.

Pony-то се возат и то многу. Иначе тие се со Mitsubishi Saturn мотор така што се покажаа ептееееен добри!
Во Битола ги има многу. Николче што го украсува како новогодишна елка, Љупчо од Бистрица со белото, после едно 988-АО претседателот на судот во Битола, колку ги има такси шо ги возат ;)
 
:pos2:Абе каков олд тајмер кажиго буба крш си возев не запнале олд тајмери:pos2:

твое лично убедување... бубата ја имав за кеиф... исто како што сега има опел кадет за кеиф.. ОЛДАТЈМЕР...во моментов имам 5 возила и 2 мотори кои се во функција и работат т.е. се возат. кадетот не се вози туку само за кеиф го палам и си се возикам со него... значи тоа е кеиф а не возење крш... и бубата и кадетов и ами 8 и дијана 6 (првата е не оваа што сега ја шитнав) и пезеецот, и гранадата и сите други што ги имав такви стари коли беа да ги лижеш, без корозија без расипани мотори мењачи и слично... т.е. како од фабрика излезени сега... тоа е ОЛДАТЈМЕР. кршови имаш сегде околу себе, ама олд тајмери многу малце... затоа и ми се крев притисокот кога ке видам некоја стара кола со дупки во крилата и праговите цели раце да пројдат, а оздола напишале дека се продава олдтајмеров... мислам АЛОООО...
 
Неколку работи...
1. Кинескиве коли ако почнат да се продаваат тука, сигурно ќе си имаат своја клиентела. Јас, искрено, не би купил таква работа. Јас сум по европејците. Но, нека купуваат луѓето, ќе има поголема конкуренција кај понудата хехе.
2. Олдтајмерот никако не смее да се нарече крш! Тоа е дел од техничкото наследство и култура кое зборува за времето и техниката во кое истото возило е конструирано и произведувано. Треба да се однесуваме кон тоа со должна почит.
3. Тотално депласирани се споредбите околу безбедноста на современите возила и олдтајмерите. Како прво, во времето кога се правеле денешните олдтајмери, не постоеле ни деформациски зони, ни патнички кафез, ни воздушни перничиња, а за разните електронски тракатанци и да не зборуваме. Башка, тогаш филозофијата била да колата биде напред и назад јака, арно ама, страдала на средината, кај Б-носачот...таму се прекршувала, па ако погледнете слики од сообраќајки пред 30-40 години, ќе видите на пр. како воланот е потпрен на потпирачот на предното седиште, па предните и задните седишта се „бакнуваат“ и сл.
Од друга страна, современите возила се конструирани така да напред отиде се, ама патничкиот простор да не ја загуби формата, а со тоа и да ги штити патниците од повреди или не дај Боже - СМРТ. Се разбира, сето тоа при културни брзини. Тука се и сите оние електронски тракатанци, перничиња, завеси...
 
Е па вака, ако бркате евтин автомобил, барем земете нешто квалитетно.
Ако добро помнам јас, во моментов најевтиниот квалитетен автомобил во светот се произведува во Индија, а цената му се движи помеѓу 2000 и 3000 евра.
Ама зборувам за квалитетен автомобил, признаен како таков од цел свет, а не за кинески шкарт !!!
А кога сме кај пезетките, москвичите, заставите и сите останати лименки, ве молам, без приговори !!!
Од кога производителите на автомобили во Европа и Америка, а по нив и останатите во светот, преминаа од челична на алуминиумска школка, бројот на сообраќајни несреќи секоја година руши рекорди.
Пезетките, москвичите, заставите и сите останати лименки, можеби немаат воздушни перничиња, вградени грејачи во седиштата, радија со CD и DVD читачи, mp3 и не знам што уште друго, серво волан, исполнување на еколошки стандарди и триста и кусур други срања, но сепак, школките им се челични и шансите за преживување на сообраќајна несреќа се поголеми.
Се враќам накај дома, имам што да видам: автомобил згмечен од автобус, летнал, удрил во улична светилка, светилката се искривила и, да видиш да не веруваш, автомобилот седи врз искривената светилка.
Ама автомобилот си е постар Голф, челичен, а човекот преживеал жив и здрав, без ниту една гребнатинка.
А кај Градско видовме што и се случи на шпанската Сеат Ибица, која е во сопственост на германски Фолксваген, и е на големо рекламирана од легендарната Шакира (која ја почитувам како во моментов најголемиот жив музички уметник во светот од женски пол).
Е сега, Ибицата директно се учукала со автобусот, ама за што постои тој ABS ?
За што постојат тие воздушни перници ?
За што постојат сите тие толку фалени сензори ?
Воопшто не ми се допаѓа ова со кинескиве шкартови, но немојте да плукате по автомобилите со челична школка, тие вредат богатство, во споредба со денешниве алуминиумски глупости.
А бе, еден Кристијано Роналдо купи Ферари, спортски автомобил, кој рачно го составуваат во Италија по нарачка, а не со машини и роботи, како во фабриките кои се занимаваат со масовно производство на големо.
И сепак, во Манчестер го учука во тунел, преживеа без ниту една гребнатинка, ама од алуминиумското Ферари ниту еден дел не остана во едно парче.
Да, го учука во тунел, но тоа не е оправдание за светски познат бренд, и дефинитивно не е оправдание за инвестиција од над 200.000 евра, ниту еден дел да не остане во едно парче.
Па и една Тојота до 2009 беше производител на најисправните и најбезбедните автомобили во целиот свет, а ова беше признаено од цел свет.
И сето тоа зошто ?
За да во 2009 Тојота да почне да повлекува милиони автомобили од секаде во целиот свет поради најразни дефекти.
Еден кинез, или јапонец или кореец, не помнам што бил по националност, помнам дека доаѓал од далечниот исток, се учукал со неговата Тојота во заштитна ограда на автопат во САД, само оградата и неговиот автомобил го кркале стапот, а кога типот го прашале зошто тоа така испаднало, човекот рекол дека автомобилот не сакал за застане, кочниците не работеле.
Автомобилот бил испратен на тестирање, кочниците испаднале исправни, а типот си ќарил 9 години затвор.
Неодамна пред 2009 кога Тојота почна да повлекува милиони автомобили од секаде во целиот свет, типот го ослободиле, откако ја одлежал казната затвор.
А во меѓувреме, во 2009, пред американскиот Конгрес или пред Сенатот, една девојка сведочеше дека автомобилот не сакал да застане, во момент кога почувствувала дека нема спас, почнала да се моли на Господ за помош, и вели:
"И Господ ме слушна и ми помогна, бидејќи тогаш автомобилот застана".
И нејзиниот автомобил бил испратен на тестирање, се испаднало исправно.
Очигледно дамите и господата од Тојота си имаат проблеми со нивните автомобили.
Од најбезбеден производител на автомобили од 2006 до 2009, во 2009 преминаа во сомнителна група на производители на автомобили, за да пред неполни месец дена, на целата светска јавност, Тојота и призна дека купувала стари и неисправни автомобили, кои ги рециклирала и ги препродавала како нови.
По ова, и типот кој ги одлежа 9 години затвор, во 2009 најави кривична тужба против Тојота, ама ништо на светот нема да му ги врати 9 години поминати зад решетки.
И Мерцедес најави пред неполни месец дена дека ќе повлече нешто над 10.000 автомобили поради дефект.
А Мерцедес не се баш било кои во Европа, а богами и пошироко во светот.
Така да, ве молам, без приказни за докажан или недокажан квалитет или неквалитет.
Челична школка си е проверена инвестиција, се останато сомнително е, а Тојота и Мерцедес се примери за тоа.
 
Добро викаат старите.

Не ги прават колите како што ги правеа. Чукни го лимот ќе видиш. Сеа демек полесни, по вакви, по такви...помалку да трошеле.
Тоа е битно сеа.

Ми недостигаат старите добри конструкции. Робусни!
 
Aма за што постои тој ABS ?
За што постојат тие воздушни перници ?
За што постојат сите тие толку фалени сензори ?

Да не забораваме - Системите за активна и пасивна безбедност кај автомобилите се само едниот дел од равенката, другиот дел во системот е ЧОВЕЧКИОТ ФАКТОР. Сепак, сеуште луѓето управуваат со возилата. Какви сака безбедносни системи нека има автомобилот доколку возачот премине во спротивна лента (било поради неприлагодена брзина на условите на патот, лоши временски услови, зборување на мобилен, замарање со други ситници како радио и сл.) нема систем* кој ќе го спаси од удар со друго возило. Мислам дека човековиот фактор е виновен во најголемиот дел од случаите.


*(има системи кои го предупредуваат возачот доколку ја премине белата линија, но тие се само за мали корекции - нагло влегување во спортивна лента неможе да спречи никаков систем засега - нема систем кој присилно ќе го преземе управувањето и ќе го врати автомобилот на соодветната лента).

А бе, еден Кристијано Роналдо купи Ферари, спортски автомобил, кој рачно го составуваат во Италија по нарачка, а не со машини и роботи, како во фабриките кои се занимаваат со масовно производство на големо. И сепак, во Манчестер го учука во тунел, преживеа без ниту една гребнатинка, ама од алуминиумското Ферари ниту еден дел не остана во едно парче.
Во тоа е целата филозофија. Поптполното уништување на автомобилот ја апсорбира енергијата на ударот и возачот прежувува. Автомобилот е потрошен материјал. Што ако колата остане неоштетена а човекот настрада, џабе е.
 
Добро викаат старите.

Не ги прават колите како што ги правеа. Чукни го лимот ќе видиш. Сеа демек полесни, по вакви, по такви...помалку да трошеле.
Тоа е битно сеа.

Ми недостигаат старите добри конструкции. Робусни!

Е да, а баш јас сум еден од елегантно пополнетите, со над 120 кг.
Мајка ми возеше Застава 101, која што ми ја даде на мене да ја возам откако изминатава пролет купи Опел Астра.
Седнувам на хаубата на 101 - от, тој ме трпи, а јас си уживам.
Седнувам на хаубата на Астрата, кога зеде тој алуминиумскиот лим се вовлече навнатре, исто како да стегаш пластично шише.
И уште од тогаш си реков, и да ми ја даде Астрата, ја нејќам, ич не ми треба.
Тој 101 - от ме трпи и си ќути, и со шкарт делови од трафика ќе си фура без никакви проблеми.
А бе ова со автомобиливе е исто како и кај музиката.
Некои си анорексични закачалки ги дотеруваат секси, ги носат во студио, и преку ноќ, ете ти музичка ѕвезда.
Исто и кај производството на автомобили.
Дај му алуминиум и гума и преку ноќ, ете ти автомобилски бренд.
А бе, за автомобилски бренд треба нешто многу повеќе од само убавина и брзина, исто како што и за музичка ѕвезда треба нешто многу повеќе од само анорексична закачалка дотерана секси.

101.jpg

Еве пример за квалитет* и неквалитет**.

Помош:
*предниот автомобил од левата страна на сликата
**задниот автомобил од десната страна на сликата
 
Јас имам Застава 1300 (Фиат). нека дојде БИЛО кој со некоја од модерните коли и ќе мериме димензии на лим, цврстина, делчиња и сл.
 
Да не забораваме - Системите за активна и пасивна безбедност кај автомобилите се само едниот дел од равенката, другиот дел во системот е ЧОВЕЧКИОТ ФАКТОР. Сепак, сеуште луѓето управуваат со возилата.

Е така.
Убаво признание.
Значи не е поентата во автомобилот, туку во возачот.
Воопшто не излегувам во одбрана на кинеските шкартови, туку да потенцирам дека и старите челични лименки сепак ги бива, се додека добро се одржуваат.
На една документарна емисија, не помнам која, ниту на која телевизија, покажаа еден човек кој ги има 70 години, а изгледа како да ги има максимум 50.
Човекот добро се држи во форма, со оглед на тоа дека на толкава возраст изгледа толку млад.
Кристално истото важи и за старите автомобили.
Пезетките, москвичите, заставите и сите останати застарени челични лименки, доколку добро се одржувани, одлично ќе ги служат нивните корисници.
Исто како што и мене одлично ме служи 101 - от што мајка ми ми го даде на мене, стар нешто повеќе од 10 години.
А татко ми исто така вози 101, таму негде од првата половина на 1980 - те, не изгледа баш на нов, ама сепак удобен е и врши работа, а баш татко ми, кој се занимава со градежништво, го силува автомобилот третирајќи го како товарно возило, а автомобилот само трпи и си ќути, така да, дефинитивно старите челични лименки од Застава вршат работа, а истото важи и за старите москвичи, пезетки и други застарени челични лименки.

Мало надополнување на пост #51:
И британски Ролс Ројс, кој е во сопственост на германски BMW, неодамна најави повлекување на не помнам колкав број на понови автомобили поради дефект.
А и Ролс Ројс, исто како и Тојота и Мерцедес, не е баш било кои во Европа, а богами и во целиот свет.
 
Е сега, Ибицата директно се учукала со автобусот, ама за што постои тој ABS ?
Знаеш ли што е функцијата на АБС-от, воопшто?

--- надополнето ---

Од кога производителите на автомобили во Европа и Америка, а по нив и останатите во светот, преминаа од челична на алуминиумска школка, бројот на сообраќајни несреќи секоја година руши рекорди.
:icon_lol: Дај извор за овој податок.
 
Еве некои статистики за Шкотска :)

0009351.gif
 
Знаеш ли што е функцијата на АБС-от, воопшто?

Функцијата на ABS - от е да оневозможува тркалата да се заклучат при кочење, и истиот води оригинално потекло уште од првата половина на 20-от век, како систем користен кај авионите, а кај автомобилите постои уште од почетокот на 1970-те.

Мене целта воопшто не ми беше да ја омаловажувам технологијата која ја користат денешните автомобили, туку само сакав да потенцирам дека денеска, кога сите се фалат дека најновиот автомобил доаѓа со не знам каква технологија, и се фалат со не знам колку ѕвезди таму за безбедност, на автопатот се случува нешто сосема спротивно. Е сега, некој би рекол дека е глупаво да се прави споредба помеѓу алуминиум и челик, што е кристално истата ситуација во сообраќајната несреќа кај Градско, алуминиумски автомобил удира во автобус, кој најнормално е челичен, бидејќи мора да носи патници и да се искачува и да се симнува, но сепак, кога веќе постојано ги фалат, треба да ги оправдаат своите пофалби.

Еве, и кинескиве шкартови, како што е прикажано на двата видео клипа во пост #4 користат ABS и други понови сензори, но самите тестови зборуваат за тоа колку неквалитетен е алуминиумот кој го користат. А Ибицата кај Градско не е кинески шкарт, ама убаво се виде дека е распарчена, а никој во автомобилот не ја преживеа несреќата.

:icon_lol: Дај извор за овој податок.

Немам извори за податокот, а и статистиките за Шкотска објавени во пост #58 зборуваат за нешто спротивно од тоа што го тврдев, но и понатаму го тврдам.
http://en.wikipedia.org/wiki/Car_accident#Epidemiology
Ова ти е на Wikipedia, но статистиката е спроведена од страна на Светската Здравствена Организација.
Како што може да се види од статистиката, ние спаѓаме меѓу најбезбедните, со помалку од 5 загинати на 100.000 жители секоја година, што воопшто не е за пофалба за народ од над 2 милиони жители. Тоа доаѓа во просек од помалку од 100 загинати секоја година, односно помалку од 1000 загинати на секои 10 години, а за изгубениот човечки живот нема надоместок. А да не зборуваме за статистиките на други меѓународни институти и организации, како и за тоа дека оваа статистика на Светската Здравствена Организација е од 2004, а од 2004 до 2010, бројот на автомобили значително е зголемен. Во 2004 јас бев средно, во 2006 завршив средно и извадив возачка, а од 2010 го возам 101 - от што мајка ми ми го даде. И иако не сум дочекал досега да го учукам 101 - от, сепак, јас не сум вброен во сообраќајот како возач на автомобил во 2004, така да, верувај ми, резултатите можат да бидат уште поразочарувачки.
За мене 0 загинати е прифатливо, се останато е неприфатливо.
Е сега, статистикава за Шкотска прикажана во пост #58 зборува за тоа дека во 1960-те и 1970-те имало најголем број на загинати во сообраќајни несреќи, и исто така вели дека бројот на загинати во 2004 е многу помал за разлика од 54 години претходно, во 1950, и тоа е за пофалба.
Но ние не сме големи колку Шкотска, ни по големина на територија, ни по број на жители.
Кај нас процентот е застрашувачки, појди до кај овие во МВР или во АМСМ да ти дадат нивни статистики, дури и да се поприфатливи од оваа на Светската Здравствена Организација и од оваа за Шкотска, сепак, останува фактот дека нашиве патишта се катастрофални, но многу повеќе се катастрофални за автомобилите со алуминиумска школка, отколку за автомобилите со челична школка.

И ќе повторам, јас воопшто не излегов во одбрана на кинеските шкартови, туку излегов во одбрана на пезетките, москвичите, заставите и сите останати застарени челични лименки.
Да, стари се, да, ја загадуваат околината, но исто така, да, челични се, и шансите за преживување на сообраќајна несреќа во нив се поголеми.
Тоа не значи дека дефинитивно ќе преживееш сообраќајна несреќа доколку возиш застарена челична лименка, туку значи дека поголеми ти се шансите да преживееш.
 
Филозофијата дека поцврста/челична конструкција која не го менува доволно обликот при удар се покажа како фатална уште пред 50 години. Тоа што некои источно европски производители фураа со таква градба до раните 90ти е уште поголема утка и голем безбедносен пропуст. Секој модерен (направен од пред 20 години) западен автомобил е направен со технологија каде околината на кафезот е подложна на менување на обликот со цел да го ублажи ударот и да ја абсорбира енергијата. Така што, нит пезетките нит овие кинескиве армоники не се безбедни во ниеден поглед.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom