Знаеш ли што е функцијата на АБС-от, воопшто?
Функцијата на ABS - от е да оневозможува тркалата да се заклучат при кочење, и истиот води оригинално потекло уште од првата половина на 20-от век, како систем користен кај авионите, а кај автомобилите постои уште од почетокот на 1970-те.
Мене целта воопшто не ми беше да ја омаловажувам технологијата која ја користат денешните автомобили, туку само сакав да потенцирам дека денеска, кога сите се фалат дека најновиот автомобил доаѓа со не знам каква технологија, и се фалат со не знам колку ѕвезди таму за безбедност, на автопатот се случува нешто сосема спротивно. Е сега, некој би рекол дека е глупаво да се прави споредба помеѓу алуминиум и челик, што е кристално истата ситуација во сообраќајната несреќа кај Градско, алуминиумски автомобил удира во автобус, кој најнормално е челичен, бидејќи мора да носи патници и да се искачува и да се симнува, но сепак, кога веќе постојано ги фалат, треба да ги оправдаат своите пофалби.
Еве, и кинескиве шкартови, како што е прикажано на двата видео клипа во пост #4 користат ABS и други понови сензори, но самите тестови зборуваат за тоа колку неквалитетен е алуминиумот кој го користат. А Ибицата кај Градско не е кинески шкарт, ама убаво се виде дека е распарчена, а никој во автомобилот не ја преживеа несреќата.

Дај извор за овој податок.
Немам извори за податокот, а и статистиките за Шкотска објавени во пост #58 зборуваат за нешто спротивно од тоа што го тврдев, но и понатаму го тврдам.
http://en.wikipedia.org/wiki/Car_accident#Epidemiology
Ова ти е на Wikipedia, но статистиката е спроведена од страна на Светската Здравствена Организација.
Како што може да се види од статистиката, ние спаѓаме меѓу најбезбедните, со помалку од 5 загинати на 100.000 жители секоја година, што воопшто не е за пофалба за народ од над 2 милиони жители. Тоа доаѓа во просек од помалку од 100 загинати секоја година, односно помалку од 1000 загинати на секои 10 години, а за изгубениот човечки живот нема надоместок. А да не зборуваме за статистиките на други меѓународни институти и организации, како и за тоа дека оваа статистика на Светската Здравствена Организација е од 2004, а од 2004 до 2010, бројот на автомобили значително е зголемен. Во 2004 јас бев средно, во 2006 завршив средно и извадив возачка, а од 2010 го возам 101 - от што мајка ми ми го даде. И иако не сум дочекал досега да го учукам 101 - от, сепак, јас не сум вброен во сообраќајот како возач на автомобил во 2004, така да, верувај ми, резултатите можат да бидат уште поразочарувачки.
За мене 0 загинати е прифатливо, се останато е неприфатливо.
Е сега, статистикава за Шкотска прикажана во пост #58 зборува за тоа дека во 1960-те и 1970-те имало најголем број на загинати во сообраќајни несреќи, и исто така вели дека бројот на загинати во 2004 е многу помал за разлика од 54 години претходно, во 1950, и тоа е за пофалба.
Но ние не сме големи колку Шкотска, ни по големина на територија, ни по број на жители.
Кај нас процентот е застрашувачки, појди до кај овие во МВР или во АМСМ да ти дадат нивни статистики, дури и да се поприфатливи од оваа на Светската Здравствена Организација и од оваа за Шкотска, сепак, останува фактот дека нашиве патишта се катастрофални, но многу повеќе се катастрофални за автомобилите со алуминиумска школка, отколку за автомобилите со челична школка.
И ќе повторам, јас воопшто не излегов во одбрана на кинеските шкартови, туку излегов во одбрана на пезетките, москвичите, заставите и сите останати застарени челични лименки.
Да, стари се, да, ја загадуваат околината, но исто така, да, челични се, и шансите за преживување на сообраќајна несреќа во нив се поголеми.
Тоа не значи дека дефинитивно ќе преживееш сообраќајна несреќа доколку возиш застарена челична лименка, туку значи дека поголеми ти се шансите да преживееш.