Овен тоа што сум го напишала на почетокот на темата....
Не ми е сеедно кога некој е слеп (намерно) пред неправдата,кога личниот интерес се става пред општествениот и тоа на оној најсебичен и најзлобен начин,кога некој ја злоупотребува позицијата која му е дадена,кога квалитетните луѓе се наоѓаат некаде длабоко под површината и се дава се повеќе шанси за оние неспособните.Не ми е сеедно за татко ми,не ми е сеедно за мајка ми,не ми е сеедно за било кој,кој страда и кој изгубил некој или нема доволно за проста егзистенција,а некој троши 10000 денари/евра за луксуз и без реална потреба.Не го сожалувам,едноставно не ми е сеедно,се сочувствувам(да се разбереме не е исто)и не ми е сеедно што не може да ми биде еднаш за секогаш ама баш сеедно за се(и не само мене,туку и н сите),секогаш постојат причини кои ме потсетуваат на болка макар и не биле мои лични!Ееех...да може светов да функционира на прост принцип,искреност и чесност.Можам да пишувам до утре,но ова во моментов ме засега.
Не ми е сеедно кога некој намерно ме повредува и е свесен за тоа.Но,сепак тоа можеби е и најдолно на листата,но вреди да се спомне.