Не ми е сеедно кога....

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Порано мислев на многу работи, не ми беше сеедно кога некој постојано ме уназадуваше, не ми беше сеедно кога доживував неуспеси во училиште, не ми беше сеедно кога гледав некого како му е тешко а ја не можев да му помогнам, ама од сето тоа со текот на времето си ја научив лекцијата,...сето тоа е минато...
 
Не ми е сеедно кога има неправда
 
Не ми е сеедно кога гледам вести поради некоја причина!
Не ми е сеедно кога гледам како се мачи мајками!
Не ми е сеедно што неможам да се контролирам понекогаш и со тоа стварам нервоза (на мајками)!
Не ми е сеедно кога ќе се почувствувам виновна и кога луѓето околу мене ќе ми замерат за нешто што не сум го направила со намера!
Не ми е сеедно кога ќе се испокарам со сите без причина заради мојата нервоза што ме избива а незнам од каде доаѓа!
Не ми е сеедно кога не зборам со брат ми!
Не ми е сеедно кога не правам муабет со *него на мсн или кога правам ама ме нервира без потреба!
Не ми е сеедно што за некој работи ми е сеедно а не треба да ми биде.....svetce:
 
Не ми е сеедно кога се случуваат кавги и расправии за глупости, кога гледам неправда и ситуации што се негативни, а не можам никако да влијаам за да ги изменам. Не ми е сеедно кога не ми веруваат, а ја зборувам вистината, кога морам да преминам преку некои работи и да се правам дека не ми е важно.
За многу нешта не можам да останам рамнодушна.
 
:helou:Не ми е сеедно кога гледам неправди
Не ми е сеедно кога лугето лажат за да постигнат нешто
Не ми е сеедно кога повеќе луѓе малтретираат некого
не ми е сеедно кога силуваат деца
не ми е сеедно кога за вакви случаи медиумите ги опишуваат децата за да може да ги препознаат
не ми е сеедно кога користат бебиња и дечиња за да просат
Не ми е сеедно кога прошишуваат на пешачки
Не ми е сеедно кога ги занемаруваат старите или родителите
не ми е сеедно кога се проценуваат луѓето
А што правам јас, се трудам да не ги правам овие работи.:smir:
 
Еднаш да излезам надвор низ градов, можам да направам цел список од работи за кои не ми е сеедно. Не ми е сеедно што ништо не можам/не сакам/не превземам во врска со тоа. Не ми е сеедно што немам моќ да превземам нешто за да допринесам за промени, ама уште помалку ми е сеедно што не се ни трудам кој знае колку. Не ми е сеедно што секој од нас може повеќе отколку што мисли, и што помило ни е да збориме за проблемите отколку да им најдеме решение.

Понекогаш се трудам да не мислам на нештата за кои не ми е сеедно, и посакувам да ми беше. Ама тоа е, не сме од камен. :toe:
 
Има огромен број на работи кои можам да ги набројам поради тоа што не ми е сеедно за нив. Тие работи се оние кои се непотребни за да се случат во животот, но ги има премногу.
Најмногу не ми е сеедно за негативни ситуации кои им се случуваат на моите најблиски и оние работи кои мене ми се случуваат без причина. А и не ми е сеедно за судбините што ги имат многумина, за тешкиот живот на луѓето и не ми е сеедно кога гледам луѓе со недостиг на здравје и среќа.
 
Не ми е сеедно кога ќе слушнам дека е извршена некаде смртна казна.
 
Ма во последно време за се` ми е сеедно :toe:
 
Не ми е сеедно кога на вести ќе видам колку невини луѓе страдаат
не ми е сеедно кога некои се омаловажени само поради фактот дека се поразлични од останатите
не ми е сеедно кога во момент на нервоза ќе се издерам на мајка ми или на татко ми
не ми е сеедно кога ќе видам деца шо просат на улица
и не ми е сеедно за уште еден куп работи кои моментално не ми текнуваат...:toe:
 
НЕ МИ Е СЕЕДНО КОГА ЌЕ ГИ НАВРЕДАМ МОИТЕ
НЕ МИ Е СЕЕДНО КОГА НЕКОЈ ДОБАР ДРУГАР ДИСКРЕТНО КЕ МЕ ИГНОРИРА

ВИКНИ НАЈГЛАСНО ШТО МОЖЕШ , ТВОЈОТ ГЛАС ЌЕ БИДЕ ЧУЕН
 
Не ми е сеедно кога некој страда,
Не ми е сеедно кога некој лаже,
Не ми е сеедно кога ќе видам просјак на улица,
Не ми е сеедно кога гледам некој некого да искористува,
Не ми е сеедно кога знам дека има гладни во светот,
Не ми е сеедно....секогаш кога не ми е..а многу често не ми е..лол
 
не ми е сеедно кога некој постојано ме лаже,мислејќи дека јас уште верувам во тоа шо е многу погрешно и шо е најтрагично си продолжува по своето
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom