Не ми е сеедно кога....

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Многу се работите за кои што не ми е сеедно. И тешко ми е кога ќе помислам на нив и не правам ништо да се сменат или не можам да направам нешто. :kesa:
Но таков е животот...:toe:
 
Овен тоа што сум го напишала на почетокот на темата....
Не ми е сеедно кога некој е слеп (намерно) пред неправдата,кога личниот интерес се става пред општествениот и тоа на оној најсебичен и најзлобен начин,кога некој ја злоупотребува позицијата која му е дадена,кога квалитетните луѓе се наоѓаат некаде длабоко под површината и се дава се повеќе шанси за оние неспособните.Не ми е сеедно за татко ми,не ми е сеедно за мајка ми,не ми е сеедно за било кој,кој страда и кој изгубил некој или нема доволно за проста егзистенција,а некој троши 10000 денари/евра за луксуз и без реална потреба.Не го сожалувам,едноставно не ми е сеедно,се сочувствувам(да се разбереме не е исто)и не ми е сеедно што не може да ми биде еднаш за секогаш ама баш сеедно за се(и не само мене,туку и н сите),секогаш постојат причини кои ме потсетуваат на болка макар и не биле мои лични!Ееех...да може светов да функционира на прост принцип,искреност и чесност.Можам да пишувам до утре,но ова во моментов ме засега.
Не ми е сеедно кога некој намерно ме повредува и е свесен за тоа.Но,сепак тоа можеби е и најдолно на листата,но вреди да се спомне.
 
не ми е сеедно грчките педерчиња кога ќе ги видам на тв како јадат *омна
 
Не ми е сеедно кога некој ме ингорира на некој начин... без разлика ако личноста ми е блиска или не.
 
Не ми е сеедно кога сум присутен а никој не ме забележува.
 
Не ми е сеедно кога некој ќе речи нешто , а не го исполни.:tapp:
 
Не ми е сеедно кога ја имам играта а не знам да ја инсталирам :((((
 
Хм...
Не ми е сеедно тој ако е со нејзе
Не ми е сеедно дали ке имам 3 или 5
Не ми е сеедно шо мислет другите
Не ми е сеедно шо мислет мојте дома за мене.
Последново најмногу
 
За ништо во животов не ми е сеедно. Се си има свој впечаток врз мене, без разлика дали го покажувам тоа или не. Али најмногу се потресувам на тага, смрт, болка, солзи, на луѓе кои немаат каде да живеат, цели семејства кои се уништуваат. Се потресувам кога ќе видам војни, омраза, непочитување, насилство... Не ми е сеедно ни кога ќе видам како некој лечи свои фрустрации врз некој послаб од него во било која смисла, не ми е сеедно кога ќе почнам да копам по некои свои рани од минатото, не ми е сеедно кога некој од моите најблиски му се случува нешто лошо...
 
ne mi e sveedno da rabotu po stranstvo, daleko od doma za močani pare...
:uvo::uvo:
 
Не ми е сеедно кога знам дека не треба да ми биде сеедно, а мене, сепак ми е сеедно...:cry:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom