НБА Сезона 2017-2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Ако ги исклучиме 6те фаворити (GSW, LAL, SAS, BOS, 76ers, HOU) кои останати 10 ќе стигнат до плејоф?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
@Stefan-kobe Јас сум на другата страна на спектрумот, моментално Лонзо е најдобар дефанзивец во тимот, се залага цела утакмица, ојачан е сега физички и иако уште се враќа од повреда, одлично игра барем во одбрана. Лани беше натпросечен дефанзивец во секоја категорија, има желба да игра одбрана и мислам уште ќе се подобрува. Напаѓачки никогаш нема да стане играчиште, ама во одбрана мислам ќе биде одличен дефанзивец. Сезонава до душа иако малце утакмици се изиграни, ама добро игра и во напад, не го кочи нападот, одма се ослободува од топка, не е ко Рондо пример што ја држи топката по 15 секунди.
Сезонава си има 11.8 поени на добар процент, 5.8 скока 5 асистенции и 1.8 украдени топки, што е сосема солидно и дефинитивно има простор за напредок. Мислам од јануари негде ќе го видиме правиот лик на тимов и како леброн се вклопува со младиве (т.е. обратно, кој ќе остане со него подолгорочно :D )
 
Мене овој Бол воопшто не ми се свиѓа како игра, и во одбрана е дупка, не знае обичен cut во рекетот да затвори, страна на помош не разбира, до душа на прсти се бројат у НБА тие што разбираат за тоа, за напад да не зборам, циглар умрен. Дај нека го трејдаат таман и да не замара оној канцерон од татко што го има. Од овој голем играч теорија нема да бидне, смешник прав.

That look :icon_lol::icon_lol:
Прегледај го приврзокот 198716
Лонзо ќе има подобра кариера и од Инграм и од Кузма по шо сакаш можи да се кладиме

Иначе

KAT (31.8mpg) - 16.4 - 9.2 - 1.6 - 2 blocks and 2.8 turnovers (43/45/95 splits)

JaVale (25.4 mpg) - 17 - 7 - 1.6 - 2.8 blocks and 0.6 turnovers (63/50/65 splits)


Леброн од Мозгов ко напрај играч шо остана за другите :cuc:
 
Лонзо ќе има подобра кариера и од Инграм и од Кузма

Ako gi slusa Rondo i Lebron i prima soveti i kritiki i poraboti na negovata igra posebno na Jump Shoot-ot da mozebi i ke ima dobra kariera, arno ama don't forget LaVar :pos: kolkav pritisok mu nabi tatko mu use pred da bide draftuvan toa bese STRASNO
 
Јанис е страшен. :cuc:

2edfce427d00d5069b75a20a4d77b652.jpg
 
Трт продукција :vozbud:, под покровителство на брендот во подем кој растура во светски рамки(а сите се праат дека не го знаат, од љубомора!) -BBB :vozbud: :vozbud:(да , да, не е грешка (y)!),

Ви ја прикажуваат премиерно првата епизода за оваа сезона од трилогијата -"Господарот на Бургиите":busi: , featuring Лонзо Браварот. :kluc:

Ниско-буџетна продукција (се нема пари, ама се крпи некако), која зборува за авантурите, патешествијата и пред се голготата низ која минат многу од јунаците во денешната НБА, во походот кон дефанзивното челичење и идентитет.


Противнички играч (Џамал во многу прилики конкретно од клипот погоре, по желба го полни, го сере како на дугме) му бега на Лонзо и поентира со таква леснотија.... и непотребно удвојува на моменти (прва ситуација, 0.14, 0.25, 2.44)

На висок PNR се губи солидно , му ја брка "опашката" на Џамал и редовно му ги конзумира издувните гасови од ауспухот=бидејки и стандардно премногу простор остава за Јокич комотно да се постави на пик, касни редовно, а и со таква тактика(од под блок :neetaka:, на оној кој го поставил пикот) не може да биде ефикасен во PNR одбрана, особено ако блокот го поставил габаритен сомутрак/планина како Јокич (0.34, 1.50, 2.03 ).Со МекГи за на висок PNR се едноставно.....ептен HIGH за задачата!

Знае да го заборави "неговиот" човек при тимска одбрана, на неактивна страна од терен, со свртен грб "игра" тимска одбрана во заборав, непотребно фокусирајќи се на други противнички играчи (лоша навика за многу играчи последно време и заштитен знак за секој дефанзивен дибидус), кои веќе се покриени 1-1 дефанзивно- Пример,Монте Морис од Денвер(бр.11) -не е свесен дека овој е сам за три во многу прилики (0.45 и 2.24)

Спие транзиција, бар рака да дигне, многу лежерно и незаинтересирано -1.24

Е како бе не играл одбрана Лонзо?! (1.38, 2.13 ) Џамал му ја пушти и му намигна ;)....

Се на се, на скала од 1-5, оцена за генералната пожртвуваност во одбрана за Лонзо, двојка на стаклени (како бројот на дресот), од жал да не го праќам да повторува оваа година (абе и татко му ми ургираше, а со него нема заебанција :sneaky:), а и пропушти минатава година доста ради повреда и така.....инаку солиден единичар, да не се лажеме, ТОКМАК !!

"Тимска" одбрана LA- Комуникација меѓу соиграчи= Расипан телефон, кратери во рекет , цела лига стана оваква , не се само они исклучок, за жал (1.00, 3.06 )

3.16 - Кој ве лажеше чеда мои дека Папата (Калдвел) не прави големи гревови :anco:?!
Еееееее, абе светот за масовна педофилија им простува, та за ова.....Простено му е што се успа, до наредниот меч!

(2.55 од клипот - Стивенсон -soooo SMOOTH :cuc:!) А пак Стивенсон чаламот-extraordinaire, оваа година дефинитивно врти нова страна во профи кариерата (тврди извор кој сака да остане анонимен :masa:!)= се помири со Леброн (оваа година се многу во мода помирувањата, видел од кај нас), му дојде паметот :confused:и одлучи да го промени пристапот во играта.
Затоа и во пресрет на подготовките за оваа сезона, цело лето го вртел клипот од Мајкл и го вежбал неуморно, со цел да го збогати својот офанзивен арсенал......се гледа !!


Кога сме кај број 23, и жутиов 23 сосема пристојно се губи на моменти дефанзивно, си го чеша таквото (1.14 залагање во транзиција, 3.30 се истрча за каде? ) .....можеби и се заортачил со Лонзо :toe:, од солидарност, да не штрчи само Лонзо дефанзивно?!
=============================================================================

ОГРОМНА благодарност (y) (абе излишни се зборови ама ај, адетот е таков) до брендот BBB, посебно до газдата- нашиот ценет циркузант, талентиран бараба , уникатен претприемач/иноватор и докажан шалабајзер Лавар, што го одврза ќесето и ни испадна во пресрет, со многу разбирање во овие тешки времиња на рецесија и пад на БДП.... без негова финансиска поддршка овој проект не ќе беше возможен !

rPTtysd.png
 
Хјустoн a и Филaделфијa јa немa клупaтa oд лaни,пoслaби се сезoнaвa.
Денвер oчекувaнo ке бидaт пријaтнo изненaдувaње сезoнaвa.
 
Бостон каква тимска игра имаат мајкооо. Детроит не знаат каде попрво да чуваат :)
 
@Stefan-kobe Јас сум на другата страна на спектрумот, моментално Лонзо е најдобар дефанзивец во тимот, се залага цела утакмица, ојачан е сега физички и иако уште се враќа од повреда, одлично игра барем во одбрана. Лани беше натпросечен дефанзивец во секоја категорија, има желба да игра одбрана и мислам уште ќе се подобрува. Напаѓачки никогаш нема да стане играчиште, ама во одбрана мислам ќе биде одличен дефанзивец. Сезонава до душа иако малце утакмици се изиграни, ама добро игра и во напад, не го кочи нападот, одма се ослободува од топка, не е ко Рондо пример што ја држи топката по 15 секунди.
Сезонава си има 11.8 поени на добар процент, 5.8 скока 5 асистенции и 1.8 украдени топки, што е сосема солидно и дефинитивно има простор за напредок. Мислам од јануари негде ќе го видиме правиот лик на тимов и како леброн се вклопува со младиве (т.е. обратно, кој ќе остане со него подолгорочно :D )
Јебига брат, ја сум наклонет накај старата југословенска школа, незамисливо ми е плеј без шут, односно плеј со онаков одвратен шут. :D Дај Боже да сум грешка, ама од искуство ти кажувам од овој не бидува играч носител на игра, пошо сепак збориме за ВТОР пик на драфтот лани, не за некој штогоде играч. Такво време дојде кога недостатоците на врвните играчи се изразени во некои “невидливи финеси“ за обичниот гледач, а не пак шутот да ти е онаков криминал. Ок, оваа сезона до сеа можда погодува повеќе од лани, ама кога е сам, што правиме кога ќе дојде плеј оф и кога ќе дојдат сериозните екипи, кога нема да има лесни и отворени шутеви? И не глејте одбрана преку процент на украдени топки, има многу други работи кои не се изразуваат со проценти а се од круцијална важност. Еве тоа што спомнав претходно, страна на помош, дечкото не знае во кој Универзум се наоѓа кога топката е контра неговата страна во одбрана.

Иначе да спомнам дека и ЛЕброн не постои во одбрана, ја глеав со Денвер малце, абе ликот си стои буквално. :D
 

ДеМaр вo стилoт нa Кoби.
Брoн oдaмнa веќе не игрa oдбрaнa,
Брoн ти е сaмo стaтистикa.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom