НБА Сезона 2017-2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Ако ги исклучиме 6те фаворити (GSW, LAL, SAS, BOS, 76ers, HOU) кои останати 10 ќе стигнат до плејоф?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Вејн Елингтон е машина floppy вртат и fake screens цела утакмица трча ко ненормален и супер шутер е во рангот на Клеј ова сезона е кој шо сака нека ме цитира сега.[DOUBLEPOST=1517659860][/DOUBLEPOST]Screenshot_1.png
 
Играчиште е. Има потенцијал да стане скорер од најголем калибар,
Штета само што ROY ќе му ја дадат на незналицата Симонс.
Далеку е од незналица Бен, ги има бројките и статистиката ( Мичел има повеќе поени), а знаеме колку се луди по статистика Америте.
 
Ima vreme za Ben da bide All star. Ke bide od sledna godina :) Inaku za Donovanot neam zborovi, deteto ima SE STO MU TREBA da bide 25 ppg igrac i nositel na utah ponataka, Gobert e daleku od franciza igrac. So uste eden dobar draft izbor sledna godina i nosenje na zvezda(imaat i pari i assets) se gledame u playoff Jazzeri[DOUBLEPOST=1517661518][/DOUBLEPOST]Wayne GOLDEN ARM Ellington hahahah
 
Поранешниот втор пик Емека Окафор кој последната утакмица во НБА ја има одиграно во 2013. доби 10-day-contract со Пеликанс.
 
Ги гледaм Клиперси и вo мoментoв кaкo штo се немaaт лoшa пoстaвa.
Гaлинaри,Тoбиaс Хaрис,Бредли,Теoдoсич,ДеАндре Јoрдaн,Лу Вилиaмс,Хaрел и сoлиднoтo руки Тaјрoн Вaлaс + пoвредените Беверли и Риверс.
Нa хaртијa приличнo сoлиднa екипa.
 
Во последните 10-15 години, особено последнава декада, Детроит е еден од најлошо менаџираните тимови(на Истокот има огромна конкуренција во овој сегмент), од аспект на
турбулентен и безврска сработен транзиционен период по ерата Билапс/Хамилтон, кој трае подолго од Македонската транзиција, со такви промашувања на драфтови и собирање на талогот од истите, без никаков концепт на подолг рок. Gbinije, Синглер залижаниот, "играчиштето" од DUKE-комита на колеџ, кој не можеше тројка да погоди во ОКЦ со години за ред, Папата, Витезов, Максиел, Јеребковци и Бадинџеровци, Стаки штурецот, Монро спориот...Афлало, кој беше и меѓу посолидните/покомплетни играчи, кој го добија во период кога беше јасно дека филмот Билапс/Хамилтон е при крај, немаа трпение и го шутнаа избрзано во Денвер по само две сезони,за анонимус(Vernon Macklin) чија професионална кариера траеше неколку часови! Даре ајдукот, Мемет Семкарот, Делфино, Луиџи ...не се погодија ниту интернационалциве. https://en.wikipedia.org/wiki/Detroit_Pistons_draft_history

Да, повеќето од изборов и беше од втора рунда-остатоци, но нема тука оправдување за сите овие мизерни потези, премногу на број. Не дека и во 90-те немаа големи промашувања во изборот, со бескорисни таленти како еден Полард (поради Кралевите и светот разбра за него), или кардинална грешка со селектирањето на Кардинал(со Далас и титула зема). Па супер неефикасно бекче и чалам како Линдзи Хантер, со кој цела вечност поминаа. Имаа навистина прав погодок веднаш по ерата на Ајзеа и Барабите, во Хјустон, најголемо изненадување на драфтот 93-та и еден од најдобите шутери во втората половина на 90-те,за кој и имаше доста драми и шпекулации(за причините) за неговото заминување од Детроит, по само три години, од архивите повеќе
http://nyti.ms/2DZ3wYb
http://trib.in/2DZ3UpB


а со Грент можеа да бидат навистина феноменално дуо.....
Набргу по овој перформанс, со неговата повреда и мрсен договор, ги уништи Никси на подолг рок!

Или еден Тио Ретлиф, кој исто не остана долго, фантастичен блокер (ама токмак офанзивен), круцијален во годините во Филаделфија, крајот на 90-те со Мутомбо, како дефанзивен бедем. Па капак и трагедијата на Хил, а таман склопија солиден тим и тандем со Стекхаус инаетот.

Стен, откако дојде на функција ултимејт чауш во Пистонс, и не беше толку тешко да се претпостави што му се врти во глава и во која насока ќе ја гради екипата- сакаше, најверојатно да направи од Детроит некоја ниско буџетна и селска верзија(во рецесија) на Орландо, од некои минати и успешни времиња,по крајно импровизаторски и фушерски принцип= плукни-залепи, секое чудо за три дена(а ги спичка 4 години) Па што биде, биде! И во тој поход (доста тврдоглав), изборот на играчи му беше -абе прсти да излижеш : Џош Смит, Џенингс петлето, Блејк, Батлерот на залез, Ди-Џеј неконстантниот, Илијасова дефанзивецот, Толивер ветеранот ( знае по некое тројче од крило да здрви)= кој од кој шутери во екипава ! Ептен им го удри меракот на пропаднати четворки, со надеж дека под негова закрила и менторство ќе се распуцаат и процветаат. Или пак Геловеј и Стенли, солидни дефанзивци, 1-1 игра= дибидус, па и неколку години потрошени со Папата и Витезот, поталентирана и свежа крв.

Во Орландо на времето,во 2007-та, Стен всушност наследи екипа во подем, со веќе 40 победи претходната сезона,од Брајан Хил, стар и искусен тренер, кој ја имаше таа "среќа" да биде на кормилото во ерата Пени/Шек, донесен со надеж дека ќе ги разработи тазе-дојдените играчи Нелсон и Двајт. Беше ставен две години претходно на таа функција, по поголема пауза како главен тренер, за кратко и повторно да биде исклоцан од Орландо, најверојатно поради разултатите. А, овој фраер и беше набркан на времето од Пени лично,по заминувањето на Шек, поради некои "мистериозни" несогласувања,пред се ЕГОТО(за извоз) на Пени (се чита баш Пени, без С, не е грешка!). Повеќе за таа сапуницa и за организираната хајка кон Хил, материјал од архивите
http://bit.ly/2E1rm5X
http://wapo.st/2FI6Wv9

Орландо летото 2007-ма го собра и Рашард , во најдобри години,одличен шутер, по неколку сезони експериментални и промашени, како ударен тандем со Реј, откако Сиетл решија да сечат од корен и распродадоа се(пред КД /Рас ерата). Стен го стави на позиција 4 да игра. Во екипата го пречекаа и беа веќе зрел Туркоглу(имаше солидни ментори да учи во Сакраменто), кој имаше 2-3 навистина добри сезони ( над неговите можности), Пиетрус стариот- многу ефикасен играч со мултидимензионален импакт, особено дефанзивно, доста зенемарен и како шутер, Картер отепа една сезона, млади Редик-парно во раните години, на клупа со Гортат боксерчето (кој уште тогаш малите минути ги користеше солидно), Кортни Ли, подоцна и тРајан Андерсон.Па и една шутерчина и искусен играч како Џејсон Ричардсон ја собраа, во доцни години ама сеуште солиден, пред дефинитивно да го дотолчат повредите...или Аренас, пред да избега за Кина.
Сите овие играчи, кои продефилираа во Орландо, во тој период 2007-2012(без Двајт и Нелсон) беа далеку поискусни (меѓу 28-32 години), проверени (години плејоф стаж) и далеку покадарни во индивидуална игра, (да не зборуваме за шут за три или општо длабина на екипа), споредено со отпадов со кој Стен ја крпи екипава во Пистонс 4 години и живурка на стара слава!!

January 13, 2009
До тогаш и неколку години рекорд (до 2016-та). Овој видео материјал е тестамент, и му се сере на митот за супериорниот Двајт, кој "ги носел" Орландо тие времиња, а и митот и басните дека Голден ги измислија тројките - револуцијата во кошарката денес. И се уште е импресивна утакмицата и со највисока реализација меѓу екипите кои постигнале 23 тројки+ на меч(при 63% шут за три), до ден денес! http://bkref.com/tiny/F8cyB
-----------------------------------------------------------------------------------------------
Со Реџи, Драмонд и Иш кепекот не се прави озбилна и конкурентна екипа!

Кај Драмонд нема никаков прогрес(занемарлив) речиси 6 години,а тоа е долг период и доволно време отстапено и веќе сериозен аларм ...слична чивија има Стен и предизвик како и во Орландо, со стагнацијата на Двајт(Јуинг беше намерно ставен и ангажиран за помошник тренер цели 5 години во Орландо, со доѓањето на Стен, на препорака и врските со брат му Џеф, само да работи со Двајт, како негов ментор, ама џабе). Минутажата сигурно не е проблем кај Драмонд,веќе од втората сезона има прилика да игра 30+ мин., типична минутажа за стартер и прилика која ретко кој на негови години и позиција на драфт би ја добил (да би имал таква срека,со такви околности= да начека толку слобода рано во кариерата!)

Мајстор за скокови трупање, пред се поени од "одбојка" или втора шанса-по одбиена топка, по 3-4 слободни погодени на меч, по некој цепелин/контра и тоа е неговиот офанзивен учинок од скромни 14 поени/просек...тром, доста флегматично делува на моменти, како без енергија (затоа и со Монро беа лоша комбинација), со добар тајминг, да процени и да собере топка на обрач, ама џабе= нула игра под кош, хорок/полухорок ситуации или било каква 1-1 игра, слабо, иако се труди....Шут? Ма каков шут! А го напушти рекетот, ретко и успева да затвори навреме и да се опорави и Пистонс лесни поени голтаат. Pnr 2-2 елементарен не научи до ден денес да брани, во било која варијанта, слабо и го разбира, генерално! Како капак, Драмонд е дефанзивно инфериорен во класи, со Двајт тие години, тоа е факт. Офанзивно, 1-1 промашени и кај двата се очекуваше многу повеќе (бар Двајт), и за жал со години (светлосни) тапкаа и тапкаат во место! Двајт е веќе 3-4 години дух во лигата (и очекувано), и во која екипа и да игра, истата оди рикверц ,и никаков аир нема од неговото присуство. Ееее внучкоооо, а само колку тинејџерчиња, во светски рамки,и ентузијасти од вчера, на времето во Орландо ги прелажа, за сите пари со наметката (шиена во Кина)од Супермен, се будалкаа со лажна надеж и верба за играчина, успеси и слава (која никогаш не дојде) !!!!

Како и Двајт, премногу зависи од добар и несебичен плеј (Нелсон беше доволно солиден за таа работа , да одработи и сервира на Двајт цепелинчиња на тацна, како Пол на Грифин) и доста отворена игра. За жал, за разлика од Двајт, нема ни приближно таков луксуз да сите пропусти офанзивни бидат надополнувани од такви шутери, кои Двајт ги имаше на располагање, ниту пак толку отворен рекет и простор, ради репутацијата на "шутерите" сите овие години во Детроит. Физички ни приближно снажен,но и не толку крут. Градбата на Двајт, со премногу раширени рамења и латисимуси, му правеше додатни проблеми со изведувањето на слободните (кој го будалкаше тие години да форсира рамо и со која цел така да се рашири,алал да му е , како инка го направија) Функционално во кошарката, до тој степен, апсолутно непотребно.

Едноставно, Пистонс имаат прогрес и бенефит од стилот на игра на Драмонд колку што Торонто се офајди и ја дупнаа со Јонас, без оглед што станува збор за два разни профили на играчи, на иста позиција.
Херис, просечен шутер од дистанца и дефанзивец (оваа година за три изненадува и е исклучок, и тој и цел Детроит, прашање беше до кога), и кому му фалат премногу финеси во играта 1-1, може да биде само трета опција во шампионска екипа, или одличен "шести" човек во екипа со голем буџет ,која е спремна да се луксузира и да фрла многу пари. Околу него градење екипа како темел, долгорочно, само тим кој има амбиции во слаба конференција за 30-35 победи и со мнооогу среќа и последен воз како осмопласирана екипа да обезбеди плејоф! Фактот што Херис за 6 години стаж и смени исто толку екипи, говори колку квалитет и вонсериски играч е тој.Не е можно од толку екипи никој да не може неговиот квалитет да го препознае! Колку што и Феникс изгуби години со Бледсо и се лажеа дека е перспективен играч. Или пример, една Филадефија што цела декада чмаеше со Игуодала, колку што Булс можеа да прават екипа околу Батлер, Бостон со Томас, Бобкетс пак, цела вечност изгуби со Кемба, или Руди Геј итн ....Едноставно, лигата никогаш не била оскудна со "играчишта" како Херис!

Грифинчо за месец дена полни 29 години, и му преостануваат не повеќе од 2 години, максимум 3 (ако има среќа) на високо ниво да игра. Потпросечен шутер, кој и рано го достигна својот максимум(како ортаков нов) и не може едноставно да шутира од дриблинг, и како таков(плус неговиот стил)го прави со Драмонд инвалидна комбинација од неколку аспекти, проверена низ годините во многу екипи со слични констелации, дека не само што не функционира, туку нема смисла од многу аспекти! Бидејки и никој од противничките екипи не го респектира како серизона закана за три (па и од помало растојание), и го оставаат долго време да се намести ,
со по некој шут од место(по многу колебање) и може да ги казни. Но, генерално, играчи кои не можат да се дигнат на шут, во движење или некадарни се да шутираат преку блокови, не се голема закана. Огромна разлика има тука! Има мал прогрес во шутот последниве 3-4 години дефинитивно( од зорт), но сеуште недоволно. Најголемиот дел од реализираните тројки оваа година му се како финишер од висок pnr на периметар, или по обичен блок, најчесто шутеви од место, по конфузна противничка одбрана,со многу простор оставен. Тоа што пукнал само 150 тројки цела кариера доволно говори. Колку од тие тројки се бранети шутеви ?
Во регуларниот дел и онака во НБА речиси и да нема одбрана и многу е порелаксирано, се креираат лесно отворени позиции за било кој,со лопата да ринеш,на периметар и посебно последниве 5-6 години (отворена игра/правила/форсирање тројки), па по некое шутче што влегло и не е за галама за шутер од негов ранг. Дури 7 тројки има Грифин постигнато во вкупно 51 натпревар во плејоф!! (Повеќе материјал-видео за неговите шутеви за три, со контекст, види БОНУС)
Шутот за три и не е единствено(примарно) мерило за солиден шутер,особено за негова позиција па и во најопшта смисла на зборот, туку и шутеви кои се надвор од рекетот, а под линија за три просторот, полудистанца е груб збор. И во овој дел нема голем прогрес кај Грифин со годините (освен што во просторот над линија за слободни е стандардно константен и солиден)
http://vorped.com/1-nba/2014-2015/player/1096/blake-griffin/
http://vorped.com/1-nba/2015-2016/player/1096/blake-griffin/

FGA for Blake Griffin during the 2017-18 Regular Season
http://on.nba.com/2E2NQiN

Друг сериозен проблем (особено во оваа ера на пониски постави) е што и двајцата со Драмонд немаат толку добра контрола на топката (особено Драмонд), при водење, што многу ја комплицира и отежнува контролата и динамиката на нападот(темпото), најчесто би резултирало со куп лесно изгубени/продадени топки во напад! Со било кои други играчи да ги надополни овие двајца Стен во стартната постава, не може туку-така да компензира за посочениве проблеми и да ги закрпи.

Школски пример, во понова ера, и добар доказ за тоа какви се последици/ компликации се можни(на двете страни), и на што би личела една таква екипа е 2012/13 сезоната и експериментот на Џексон со Лејкерс,каде играше доста постави со Двајт и Гасол заедно на терен, голем дел од времето, и тоа на се личеше, само не на кошарка за озбилна екипа, со такви имиња. Слична, некомпатибилна комбинација од стил/шутерски карактеристики/недостатоци/конституција на два ПЕЛИВАНИ= 1 крут дудук, кој бара многу простор под кош за било каков маневар, ќутук од слободни како Драмонд , бесполезен офанзивно надвор од рекет + Гасол во години(доста поспор од Грифин) кој и тогаш и ден денешен е слаб(неконстантен) шутер од дистанца, и немаше потреба да игра со шут од дистанца поголем дел од неговата кариера, кога беше солиден под кош 1-1( други филозофии во раните години од претходната декада). Таа сезона испуца Гасол повеќе шутеви(и се изнавежба) од дистанца споредено со цела негова претходна 10-годишна кариера, како компромис да му остави простор на Двајт и не му беше сигурно по мерак.
Сликата подолу(СПОЈЛЕР), доволно говори за катастрофалниот ефект од тој налудничав концепт-поставите со Двајт и Гасол(во исто време на терен)губеа и продаваа топки, за извоз, повеќе од било која друга комбинација, исход и од лесно прочитани додавања (поради загушена игра со малку простор), кои резултираа со брзи контри од противникот/примени поени во транзиција од ЛА(со 2 центри, така спори, одбрана во транзиција и не постои) Па и комбинацијата на Кларк со Гасол/Двајт не беше сјајна. Голем придонес за тој циркуз има и Коби, кој заедно со овие двајца, на терен егзистираше во хармонија како Гепардот и Газелата на Енимал Планет и придонесуваше за "екстра флуиден" напад!
2uy4zl1.jpg
Неразбирливо е како Фил ја повтори истата грешка од старите времиња, кога со мечки како Шек и Поштарот(стар и шинат) на терен, сакаше да го брка Хамилтон, преку блокови, во финалето со Детроит!
https://www.basketball-reference.com/teams/LAL/2013/lineups/

Слични проблеми(со крајно килав напад) имаа и добри примери во овој контекст се и Мечките, со Марк/Зубер со години веќе(Гасол-грнето тројкаш ќе го правиме, пред пензија, овие трендови се во мода во НБА), Булс на времето со Бузер(параболата)/Ноа/Гибсон (во било која комбинација), Атланта пробаа минатава година со Двајт/Милсап и беше доста грдо, итн ..

Клиперс, тек со доѓањето на Редик почнаа да дишат, кој беше неопходен и најбитното засилување(на моменти дури и втор играч, по ефект на терен, кој не се мери статистички), можеа да ја отворат играта на задоволително ниво и мораа, и добија доста простор за Pnr да возат Пол и Блејк
(и да не се шуткаат колку-толку Џордан и Грифин во рекет, на нивно обострано задоволство), кој со тек на време стана толку предвидлив, и таа кореографија стана лесна за читање и бранење, дури и од послаби дефанзивни екипи. А за алтернатива, се беше на плеќите на Пол. И уште во 2015-та летото, беше одлична прилика, место целиот тој спектакуларен карневал и трилер (кога го бркаа Џордан) требаше да се откажат и да му го отстапат на Кјубан келнерот, кој препозна тогаш дури и "franchise player " во врба како Џордан (ништо чудно), пост Дирк ерата ! Со тој гест, всушност му направија голема услуга, го спасија од резил огромен и треба да им биде благодарен доживотно!

Апсурден потег за Пистонс,кој долгорочно ништо не решава, може да има и катаклизмични последици и гледам само спасенички потег на илузионистот Стен,еден вид втора шанса, или второ поглавје(по првиот чаптер експериментални 4 години/фијаско) да откако го исклоцаат од Детроит(и тоа со стил), да има барем да се пофали во CV-то и исплакне дека, ете успеал да донесе добро парче во екипата во негов мандат, по било која цена! Го почитував и Стен и брат му, маалку како тренери,но пред се и двајцата како личности со интегритет и кои се без влакна на јазикот= Џеф, бидејки редовно ги критикува и јавно говори за судиите и за посраните стандарди во тој домен во лигата ,и како солиден коментатор, а Стен, ради храбрите и отворени критики во било која прилика, кон ајванот Двајт,на времето (дека е тутурутка од слободни), со кои свесно си го ископа гробот во Орландо и беа причина да го истресат(а Орландо пак воскресна од тогаш !)
Пиеше од мака, и тогаш и сега
Живели, Великомаченик Стен !
------------------------------------------
БОНУС
http://textuploader.com/dh93t
Текстот(листа од клипови) постиран на линков, копирајте го во текстуален документ(notepad) и зачувајте го со екстензија .xspf за да креирате плејлиста и да гледате како газди(може и пешки да се отворат клиповите, по избор) Листата може да се гледа во било кој медиа плеер, пример VLC ..Оваа листа има видео материјал од 56 тројки погодени од Грифин оваа сезона , од вкупно 65 постигнати, до моментов.
 
Ja delumno go procitav i se e tocno. Tim
sto tapka u mesto, slicen na Memphis so onaa ostarena igra, deka samo odbranata ke im donese se. Samo ete oni se odlucija za rebuild, a Deteoit ke mu treba uste minimum all star igrac i uste 2 dobri role playeri za da bide vo top 4 vo istok naredna godina. Inaku koga sme kaj draftot i pistonsi, Luke Kenard bese 12ti niven pik, a donovan mitchell vednas posle nego :) .....
 
Доста добро изгледат Пистонси засега..3-0 после трејдот.. Реџи Џексон треба уште да се врати.. Со уште едно добро крило наредна година имаат шанса за истокот.. А и годинава Кавси ако не се соземат истокот е прилично отворен.. Блејк-Драмонд е далеку подобро дуо од Блејк-Диандре.. Доста поинтелегентен е Драмонд а и доста солидна пас игра има.. Иш и Стенли одлични засега.. Рано е да се филозофира кој победил во трејдот

 
@trt123trt Фина анализа, само сезоната со Хауард и Пау, не беше тренер Фил Џексон, туку почна со Мајк Браун, а заврши со Деантони. Последната сезона на Фил беше 2010/11 и кариерата ја заврши 4-0 поразот од Далас во плејофот и пораз од 36 разлика.
 
Шутот за три и не е единствено(примарно) мерило за солиден шутер,особено за негова позиција па и во најопшта смисла на зборот, туку и шутеви кои се надвор од рекетот, а под линија за три просторот, полудистанца е груб збор. И во овој дел нема голем прогрес кај Грифин со годините (освен што во просторот над линија за слободни е стандардно константен и солиден)
Е ова е тоа што пробувам на многу луѓе да им го објаснам, не само во ситуацијава со Грифин него општо. Али конкретно за Грифин, демек многу напредувал (не е дека нема напредок, ама далеку е он од некаков си добар шутер или четворка како Рашард Луис) и станал добар шутер. И јас ќе погодам нешто ако ме остават сам како што викаш во збунета одбрана или некоја пик енд поп ситуација.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom