Лонзо е 7 асистент, 3 скокач, 14 во украдени топки по натпревар, 5 по блокади по натпревар, топ5 во DPI +/- (пред него е Робертсон, позади него се Хорфорд и Вајтсајд), а и последниве 15 утакмици што ги играше доста му е подобрен процентот на шут, конкретно од 7 декември наваму (13 натпревари на кој што играл) има 12.2 поени со 46% од поле и 38.5% од тројка. По мене може нема да стане топ5 играч во лигата никогаш, ама ќе биде ѕвезда, има таков потенцијал, само дефинитивно му треба искуство. Мене ме изненадува тоа што дефанзивно е одличен, може најдобар дефанзивец во Лејкерс е моментално. Претпоставувам преку лето ќе најде добар тренер да го подобри шутот, но повеќе како да го усоврши отколку од ново да учи друг шут.