Уше еднаш неписменоста на виделина.
Кузма гази на линијата од оној полукруг односно у restricted area каде што фаул у напад не постои.
Па форсирам дека е фаул у напад не биди прост како тенџере. Не е некоја 50/50 ситуација, од месечината се гледа дека гази внатре со цело стапало. Не приметуваш дека од старт на сезона некои луѓе форсаме контра ГСВ намерно, и оправдано и неоправдано.
И двајцата дефинитивно не го разбирате правилото во целост па и елементарно, како и мнозинството фанови на НБА со произволни интерпретации, за жал!
Па дури и коментаторов Мајк Брин од клипот, со декади искуство на оваа функција и еден од поизгубените коментатори-драматурзи, дикел кој слабо ја владее технички кошарката (само за специјални ефекти е кадарен- да вреска ) како и најголемиот дел од фановите го интерпретира правилото и се води
ИСКЛУЧИВО преку поставеноста на дефанзивецот во однос на полукругот (во или надвор) под кошот="ограничената зона", што е многу погрешно ! А неписмените коментатори најголем удел (вина) имаат во креирање на мислењето кај обичните фанови за овој спорт (особено НБА)и во градење на многу митови и шупливи тези, со кои прават таква штета и перење мозоци, кои потоа со години доминираат и е многу тешко да се искоренат од главите на фановите.
Најголемата заблуда и мислење кое преовладува во поглед на ова правило е тезата дека не може дефанзивецот да "изнуди" фаул во напад (charge) ако е во ограничената зона-
restricted area , и дека офанзивниот играч е најчесто заштитен како бела мечка (само делумно точно)! Точно е дека лигата имаше намера, при крајот на 90-те да со оваа правило, воведено 97/98 сезона (едно од поглупавите во тој период) реално да ги фаворизира офанзивците, ради атракција, иако образложението за причините за воведување на правилото според нивниот ванила PR беше- да бидат и офанзивецот и дефанзивецот порамноправни при контактите близу кошот. И ништо не постигна само забуни и фрустрации.
Пред се и над се, тајмингот во поставувањето на дефанзивецот (навремено да се "укотви") и принципот на вертикалност (во обид да игра одбрана или било каков контакт) имаат најголем приоритет при судење на ова правило и се круцијални во носењето правилни одлуки !
Принципот/критериум на
вертикалност при играње одбрана близу кошот (важи и за било кој дел од теренот) објаснет со неколку ситуации на клипот подолу, официјален видео материјал од лигата, што се користи за обука на судии во НБА !
https://official.nba.com/inside-the-rulebook-verticality/
Правилото за restricted area подолу разработено и објаснето во детали, со официјални видео материјали во неколку делови и сегменти, за разни аспекти, кои се надополнуваат, обавезно да се види :
1) Видео материјал со многу ситуации (со коментар и опис) за досудени дефанзивни фаули (
block), во контекст на restricted area, на следниот линк
https://videorulebook.nba.com/rule/restricted-area-blocking-fouls/
2) Видео материјал за досудени офанзивни фаули (
charge) во контекст на restricted area
https://videorulebook.nba.com/rule/restricted-area-charging-fouls/
3) Видео материјал за исклучоци со неколку специфични ситуации (некои многу едноставни и очигледни),т.е кога полукругот како и да не постои = не е во функција!
https://videorulebook.nba.com/rule/restricted-area-does-not-apply/
Лендри против Гасол, фаул во напад, Гасол иако гази линија, нема никаква улога во овој случај!
https://videorulebook.nba.com/archi...-apply-new-possession-in-lower-defensive-box/
4) Видео материјал за тајмингот и правилна поставеност на дефанзивецот (легален дефанзивен став) близу кошот. Принципот на континуитет кај офанзивецот (кој оди на влез, кога се дига на шут) е битен исто така!
https://videorulebook.nba.com/rule/blocking-secondary-defender-does-not-establish-legal-position/
https://official.nba.com/nba-rule-authority-restricted-area-and-verticality-plays/ Објаснета на зборови поврзаноста на вертикалноста во контекст на restricted area
Делот од теренот кој во контекст на правилото за restricted area е опишан како
Lower Defensive Box, судиите често не го сметаат тој правоаголник од тангентата на испрекината линија (полукруг) туку под линијата за слободни, односно цел рекет и тука има некогаш пропусти, логично!
За ситуацијата со Казанс/Кузма од клипот погоре - Горната камера на клипот најдобро ја доловува целата ситуација, како Кузма (
secondary defender) од никаде се инсталираше и никна под кош, рипа од страна и влегува нагло во патеката на движење на Казанот (која е праволиниска) =во моментот кога Казанот се дига на шут/забивање, Кузма нема воспоставена легална дефанзивна позиција што се гледа од неговите стапала (во движење/расчекор е) од разни агли.
Ама ич не е битно во оваа ситуација дали гази на линија и како е поставен во однос на restricted area, промашен тајминг е за Кузма, приоритет има тајмингот! Исправна одлука, нема никаква дилема!