НБА сезона 2015-2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши серијата?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Во ред, погодува тројки, ете и повеќе од 50% нека има за три. Тоа ли е нереалното? Што некој земал на една утакмица само тројки шутирал. Што знам, мене ми е одбивна таквата игра, фати шутни за три.

da be brat stvarno i jordan so tolku praese ja neznam....
 
Јас не знам што е толку нереално во играта на Вориорс? Или па на Кари еве? Што е нереалното никако да сфатам. Можеби тоа што шутира од пола терен во 6тата секунда од нападот, или што шутира само тројки, јака работа ако погодувал толку тројки. Мене ич ама баш ич не ми е убаво за гледање како игра Кари. Шутнал 30 тројки на утакмица, погодил 10 и нереално било. Глупости, се надевам ќе изгубат од Оклахома.
Ајде, спремен сум да ми се каже колку знам. :)

По 983 пат, муабетов за тројките може да го правите за Клеј Томпсон на пример. Кари го има најлудиот дриблинг што го имал некој у задњиве години, води топка полесно од невеста оро, погодува луди положувања од под кош, и уште многу. Офанзивно Кари нема лоша страна освен шут од полудистанца, али што кур ќе му е тоа коа од надвор погодува со 50% реализација.
 
Ова е најтешкиот противник ГСВ во овие две години во плејофот, да видиме како ќе се снајдат.
 
Ако некој помислил да ги потцени Голден Стејт по овој пораз гадно се излажал. Голден Стејт според мене сеуште се фаворити во серијата иако ја изгубија предноста од домашниот терен.

Во секој случај браво за OKC. Многумина ги заборавија и многу усти затворија овој плејоф. Но не смеат тука да завршат имаат уште многу работа пред нив...
 
Оклахома полесно се справува со Сан Антонио и Голден Стејт од очекувањата на многумина.
Инаку да, и јас мислам дека Оклахома повеќе проблеми ќе има со Кливленд ако стигнат до финалето.
Едноставно недостаток е што немаат решенија за Леброн во дефанзива како што би имале Голден Стејт.
Во 2012 Оклахома на патот до финалето со Леброн и Мајами ги исфрлија Сан Антонио и тогаш многумина даваа предност на Сан Антонио, а Оклахома ги среди Сан Антонио исто со 4-2 во 6 натпревар на домашен терен, па може и оваа сезона ќе испадне исто Оклахома во финале да имаат проблем со клуб на Леброн Џејмс.

Иако оттогаш до сега Дурант и Вестбрук имаат повеќе искуство од играње натпревари против Леброн, го немаат Харден да троши топки а се сеќавам во 2012 во финалето со Мајами Харден слабо изигра.

Ќе повторам пак Оклахома имаат допрва што да покажат во плејофот, една победа со Голден Стејт не значи ништо, но кога победија со мизерен шут на Дурент и Вестбрук, а бес посебен допринос од клуша на Вејтерс и Кантер имаат шанси со Вориорс.

Навивам Оклахома да земе титула.

Да, требаше при 105-102 за Оклахома, да се свири чекори на Вестбрук, иако не верувам дека Вориорс ќе погодеа тројка, едноставно редно беше шутот да ги изневери.
Нереално е секогаш да им оди шутот за три поени.
Тоа дефинитивно требаше да се свират чекори. А она со Вејтерс против Џинобили ќе повторам добра одлука на судиите, Џинобили мисли стар лисец па ќе добие фаул и слободни на ефтин трик.
Технички немаше чекори пошто Донован побара тајм аут некоја секунда претходно.
 
[DOUBLEPOST=1463531549][/DOUBLEPOST]А еве ја и конечната

CisuEGPUUAAwTpI.jpg


Дали ова значи крај за тенкањето на 76ers???:LOL:
 
Последно уредено:
Симонс го сметаат за најдобар проспект, а во двата тима што бираат први инграм повеќе се вклопува. Мислам Лејкерс имаат полесна одлука, целиот притисок е врз филаделфија, како и да е сличен квалитет на играчи и голема разлика до третиот.
 
Што им прават леле:pos:

Нема нешто што не функционира кај Кавс. Ирвинг страшен , Леброн без промашај. Си играат ко со мали деца. Јас да сум на местото на Керол би си излегол сам од игра. Магаре го прави кој стигне , дури и Шамперт му мава постери хаха. Едино Дероузан покажува знаци на живот ама што дека..
 
Не е цел тим на Торонто превара, него повреден им е главниот играч во одбрана и воедно еден од најдобрите центри во лигата, и плус Кливленд е преквалитетен тим, одморени се, едноставно се е на нивна страна.
 
Имамо едно деденце у кладилница што седи нон стоп, и кој сакамо да знаемо сигурица го прашуемо него Дедо Љубе кој ќе има м'ка днска.
За сите што рекол дека ќе имаат м'ка, тепале по 4-0, 5-0, 5-1. Изглеа и Кливленд ќе има м'ка со Торонто :icon_lol:
 
Едноставно на друго ниво се Кливленд спрема другите екипи на истокот.
Ако се развлече серијата на западот и посебно ако ОКЦ испадне како победник Кливленд ќе имаат големи шанси за титула. Пред се зашто Вестбрук и Дјурант мораат да бидат на теренеот по 43+ минути.
 
golden state najgolemata prednost ja imaat u psihata...pa posle se drugo...moze da probaat okc ali nemaat sampionski mentalitet
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom