Оклахома полесно се справува со Сан Антонио и Голден Стејт од очекувањата на многумина.
Инаку да, и јас мислам дека Оклахома повеќе проблеми ќе има со Кливленд ако стигнат до финалето.
Едноставно недостаток е што немаат решенија за Леброн во дефанзива како што би имале Голден Стејт.
Во 2012 Оклахома на патот до финалето со Леброн и Мајами ги исфрлија Сан Антонио и тогаш многумина даваа предност на Сан Антонио, а Оклахома ги среди Сан Антонио исто со 4-2 во 6 натпревар на домашен терен, па може и оваа сезона ќе испадне исто Оклахома во финале да имаат проблем со клуб на Леброн Џејмс.
Иако оттогаш до сега Дурант и Вестбрук имаат повеќе искуство од играње натпревари против Леброн, го немаат Харден да троши топки а се сеќавам во 2012 во финалето со Мајами Харден слабо изигра.
Ќе повторам пак Оклахома имаат допрва што да покажат во плејофот, една победа со Голден Стејт не значи ништо, но кога победија со мизерен шут на Дурент и Вестбрук, а бес посебен допринос од клуша на Вејтерс и Кантер имаат шанси со Вориорс.
Навивам Оклахома да земе титула.
Да, требаше при 105-102 за Оклахома, да се свири чекори на Вестбрук, иако не верувам дека Вориорс ќе погодеа тројка, едноставно редно беше шутот да ги изневери.
Нереално е секогаш да им оди шутот за три поени.
Тоа дефинитивно требаше да се свират чекори. А она со Вејтерс против Џинобили ќе повторам добра одлука на судиите, Џинобили мисли стар лисец па ќе добие фаул и слободни на ефтин трик.