НБА сезона 2015-2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши серијата?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
@Xsago Муабетот за олд скул, моментално лигата нема доминантени центри како порано, ниту еден. Шек во прајм или Олајџуван против оваа positionless basketball ќе ги сомелеа. Едноставно ГС има спој на одлични играчи и развиена тимска игра која во денешната НБА каде се игра на поен повеќе може да доминира. Да не ги спомнувам и промените на правилата за одбрана кои тоа како се во корист на Кари. Си имаат играчи, го тераат противникот да се прилагодува на нив и тоа е тоа, си победват. А тоа дека играат убава кошарка е личен вкус, не мора навреди. Јас не ги сакам но дечките си имаат систем во кој си газат и ќе газат се додека не дојди противник кој ќе ги натера тие да се прилагодат.
 
Дај не заебавајте, Голден Стејт не играл добра и убава кошарка??? Голден Стејт практично ја финишира револуцијата во НБА која се случува во последните години - ја усовршува комбинацијата на стиловите на Сан Антонио и Феникс од последната декада во напад и до многу понапредно ниво ја носи идејата за positionless basketball од аспект на одбрана како и одбрана базирана на многу switches со која повремено успешно експериментирале повеќето од најуспешните тренери во лигата н ниту еден не ја довел до ова ниво.

И во напад и во одбрана нивото на егзекуција им е извонредно. Тоа што Curry е способен од било каде на теренот да погоди без разлика кој го чува е значаен дел на успехот на Голден Стејт но апсолутно не е основата за овие резултати. Одбраната веќе подолго време им е доминантна - уште во времето на Марк Џексон беа топ 5 во одбрана Голден Стејт - нападот им беше слабост. Со доаѓањето на Стив Кер, се ослободија стегите, се остави имагинацијата на играчите да излезе на површина (слично како Сан Антонио), се ослободи Curry од заостанатите размислувања - реално со таа негова способност и талент паметно е да шутира еден куп тројки дури и кога сето тоа изгледа недисциплинирано.

Стварно не ми е јасно како мислите дека до среќа е. Имаат скор од 102-17 во последните сезона и пол. Освоија титула. Сериозно се закануваат да го срушат рекордот на сите времиња за доминација во регуларен дел од сезоната и покрај тоа што реално и имаат далеку повеќе проблеми со повреди отколку што имаа лани. Тоа што нивниот стил на игра е различен од некои минати извонредни екипи не ги прави воопшто помалку квалитетни. Едноставно играта се усовршува, правилата се менуваат, играчите се физички поспремни... Ама таква доминација може да биде се освен среќа.[DOUBLEPOST=1452453086][/DOUBLEPOST]

Попович поприлично сам ти одговори. Дали на некого му се допаѓаат тројки или сеуште сака old school изолациска кошарка и post up-и е една работа (со која јас апсолутно не се согласувам ама е личн избор) ама да кажеш дека било глупава стратегија и игра на среќа не може да биде подалеку од вистината. Впрочем Сан Антонио е меѓу првите екипи што почнаа многу внимание да посветуваат на шутот за 3 и тој бил многу важен дел од последните нивни титули. Попович можеби раскажува old school приказни но помодерен тим во стилот на игра од Сан Антонио во последните десетина години (по пензионирањето на Робинсон) тешко ќе најдеш...[DOUBLEPOST=1452453239][/DOUBLEPOST]

Да ги има тие играчи Попович прв ќе ја игра истата игра... Впрочем тој стил на игра е тренд кај скоро сите екипи. Сите пробуваат но ниту една екипа нема играчи со кошаркарска интелигенција и способност за шутирање како Голден Стејт. И пак ова е само за напад одбраната е друга приказна а е пола од јачината на ГС.
Kaj сум рекол на среќа дека играат вака? Ако ми најдеш такво мислење не коментирам веќе на темава како „извинување“, напротив Дрејмонд Грин според мене е еден од најдобри 10 играчи моментално и сѐ би дал да го гледам во Кингси. Играта не ми се свиѓа, субјективно. Исто кога ќе отидеш на баскет (ако играш) и цело време да шутирате од три. Еднаш играв со такви, и си излегов од игра одма.[DOUBLEPOST=1452457607][/DOUBLEPOST]Инаку да додадам, не верувам дека Поп би го фурал овој стил доколку го имаше овој состав, таа стара школа на тренери не се адаптира на играчите ниту пак им е задача да развива руки играчи (освен можеби Аделман?, читај тоа е работа на менаџментот) туку играчите на нив и да добиваат натпревари. Еве конкретно Џорџ Карл, гледа дека не функционира тоа со Казнс и упорно тера... За Тибодо да не праиме муабет. Едноставно си се поклопија коцките со gsw, ајде можеби тоа некако да се нарече „среќа“ мада не.
 
Последно уредено од модератор:
Не знам како може да ви е идиотска играта на ГСВ кога топката цело време се движи без некој значителен застој. Глупа кошарка е кога ги гледам Кливленд и ЛеБрон ја држи топката 20 секунди од нападот. Освен ако ви се допаѓа ваква игра, тогаш ве разбирам зошто ви е глупа кошарката на ГСВ. Тоа што имаат голем процент на реализирани тројки е како шлаг на тортата, мене ми е милина кога гледам играчи како Кари и Клеј кои што можат да дадат кош од секоја позиција. За среќа не е среќа, тие поени што ги даваат од ретардирани позции Клеј и Кари се знаење, два-три пати може да е среќа ама не е и континуирано да го правиш тоа веќе 2+ години.

Бтв изгледа слабо стојам со видот пошто на темава немам видено ниту еден фан на ГСВ, а луѓево зборат дека изникнале од никаде фанови на ГСВ ? :confused:
 
Бтв изгледа слабо стојам со видот пошто на темава немам видено ниту еден фан на ГСВ, а луѓево зборат дека изникнале од никаде фанови на ГСВ ? :confused:
По некоја глупава логика се завлече ретардиран муабет дека не смееш да се оддадеш кредит на екипа ако не си нејзин навивач. Ако оддадеш кредит, најверојатно си bandwagoner.
Вакво зауздано контање на работите одамна немав видено, барем не кај луѓе што пратат нба.:toe:

Секој кој има барем малку играно тимска 5х5 кошарка треба да знае дека е ултра тешко да извлечеш слободен играч и да создадеш вишок на наместена одбрана, тука нема никаква среќа...
 
Се јавија фановите на gsw, каде бевте пред 2 години? Тој е тој Лејкерс синдром :) Ќе навивам за Спрси ко никогаш до сега, поим за структура во игра, дисциплина, убава кошарка.[DOUBLEPOST=1452441134][/DOUBLEPOST]
Подобрен е бе пер 4-ти е на листа во стрелци, баш изненадува од Фили навака...
абе затоа реков у понашањето,виде вчера пак се исклучи на крај со техничката,инаку за игра неам зборови гази.
 
И Коби, Џордан, Дјурент, Џејмс... играчи што играат во тим што игра разновидна игра. Ова што го видов вчера од gsw ги надмина сите граници. Буквално секој шут им беше за три. Со добри шутери и константно шутирање нормално дека ќе имаат 120+ поени во утакмица. Чиста логика. Циркуз де, ко што кажа Марли.

ja mislam idiotska kosarka e taa na rondo so neznae da sutne pa puni go kazns debilceto da ja kuca i zavrsi so 4 poena i 15 asistencii epa nema brat toa e...smesno e da kenjas suteri a navivas za sakramento nivniot vrv bese koa imaa edni od najdobrite suteri...[DOUBLEPOST=1452464580][/DOUBLEPOST]jas sum fan na miami ali nemoze da ne postuem ekipa ko sparsi i golden state prekrasna kosarka si e prekrasna kosarka nema zbor tuka
 
Последно уредено:
Не знам како може да ви е идиотска играта на ГСВ кога топката цело време се движи без некој значителен застој. Глупа кошарка е кога ги гледам Кливленд и ЛеБрон ја држи топката 20 секунди од нападот. Освен ако ви се допаѓа ваква игра, тогаш ве разбирам зошто ви е глупа кошарката на ГСВ. Тоа што имаат голем процент на реализирани тројки е како шлаг на тортата, мене ми е милина кога гледам играчи како Кари и Клеј кои што можат да дадат кош од секоја позиција. За среќа не е среќа, тие поени што ги даваат од ретардирани позции Клеј и Кари се знаење, два-три пати може да е среќа ама не е и континуирано да го правиш тоа веќе 2+ години.

Бтв изгледа слабо стојам со видот пошто на темава немам видено ниту еден фан на ГСВ, а луѓево зборат дека изникнале од никаде фанови на ГСВ ? :confused:
Затоа јас реков, ГСВ отскокнуваат, односно се двојат од стандардната НБА кошарка и одма на грото од луѓето им ствара негативни симпатии, по мене сосема непотребни. Мене ми е фантастично тоа што они го прават, тој европски шмек што го имаат во својата кошарка, со многу движења, со сите елементи на кошаркарската игра... Најфасцинантно од се ми е тоа како сите се разбираат меѓу себе, односно до кој левел е доведена нивната тимска игра. Страшно е тоа луѓе, страшно е колку они се разбираат меѓу себе. Стварно не е во ред да се каже дека играат идиотска кошарка или дека играат на среќа, без разлика колку и да станува збор за вкусови и слично.
 
На спорт клуб 3,коментаториве се србите од лани така? :
Да на Макс сум,една српска на другата Хрватска верзија,господ знае што праат.Али ако има господ ќе ги стават српските.
 
Од кои што два пати мртвациве Њу Орлеанс, Портланд=ужас, и Филаделфија што не постојат.
Не е тоа муабетот, неколку пати ги имам гледано сезонава, секој пат на крај ја упропастуваат целата работа. Водат цело време и на крај безвезни пенал завршници, и тоа со "слаби" екипи. Што би рекле, немаат #тет. :D
 
Никси on fire :vozbud:
Колку лоша одлука направи Монро што го избра Милвоки место Никси...Многу подобар фит би бил во Њу Јорк место во Милвоки,а истото важи и за Лопез.Како би дошол еден трејд помеѓу нив за двете екипи...
 
ja mislam idiotska kosarka e taa na rondo so neznae da sutne pa puni go kazns debilceto da ja kuca i zavrsi so 4 poena i 15 asistencii epa nema brat toa e...smesno e da kenjas suteri a navivas za sakramento nivniot vrv bese koa imaa edni od najdobrite suteri...[DOUBLEPOST=1452464580][/DOUBLEPOST]jas sum fan na miami ali nemoze da ne postuem ekipa ko sparsi i golden state prekrasna kosarka si e prekrasna kosarka nema zbor tuka
Хм, посмешно од the big 3 патетики што ги правеше Леброн во Мајами нема, за тоа повлечи се како Леброн што на крај се опамети и сфати дека само прави глупости. Сакраменто никогаш не биле (само) шутерска екипа, владееја од секоја позиција од 2000 навака затоа и ги засакав пошо во секоја ситуација не се знаеше како ќе им заврши нападот дали преку Биби, дали преку Пеџа,Дивац или некоја атракција од Кристи за разлика од Голден Стејт кај што... welll... we all know, прашање на вкус не знам зошто толкав хејт.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom