НБА сезона 2014-2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

The Finals:


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
@Stefan-kobe Субјективно ако глеаме на работите за мене рецимо Коби не е ни у топ20 на сите времиња, објективно е втор.

:vrtioci:

Да не мислиш обратно?

Инаку дали некој играч ви се допаѓа или не не смее да биде дел од тоа дали треба да биде МВП. И јас не го сакам Харден, ама ако на крајот излези дека тој бил најдобар сезонава, нека биде МВП.
 
@Stefan-kobe кажуеш две реченици у кои со втората ја побиваш првата. Субјективно ако глеаме на работите за мене рецимо Коби не е ни у топ20 на сите времиња, објективно е втор. Така и со твојот муабет за Харден.
Оди легни си одма ако мислиш на тоа дека Коби не игра одбрана.

Инаку Xsago е во право до негде. Прво, сеуште има да се игра до крајот на регуларниот дел, ама искрено мислам дека нема теорија Хјустон да ги помине Голден Стејт или пак Голден Стејт да паднат на втората позиција. Како што стојат работите 100% Кари ќе земе МВП, Хјустон е 4ти, а ГСВ се први. Е ако нешто драстично се смени јебеш га...

П.с. Немам никаков проблем со тоа што мислиш дека Коби не е ни во топ 20, ствар на вкусови е тоа...
 
Кој спомна одбрана уопште? Као прво за мене одувек било глупо тоа шо за индивидуална награда се гледа тимскиот ранкинг. По логика на нештата ако Кари беше у Милвоки, на пример, немаше ни да биде стаен у иста реченица со МВП наградата пошо најверојатно немаше да бидат у први 4. Е, сеа логиката на НБА е дека ако си најдобар ти САМИОТ моеш да ја издигнеш екипата у први 4 и да лапнеш МВП. Значи у логиката на НБА, всушност нема логика. По кој основ Вестбрук ако продужи вака до крај, а ОКЦ не се најдат меѓу први четири нема да земе МВП и место него ќе земе Кари, кој е исто така страшен да не се разбереме погрешно.
 
Џејмс Харден
2dgovg2.png

Стеф Кари
2zprrle.png

Субјективно би идел на Кари, просекот на поени му е поголем на брадата аналогно на минутажата, малку е дискутабилно сепак пошто GSW во глобала е боље тим а со боље тим иде и боље статистика.
 
Кој спомна одбрана уопште? Као прво за мене одувек било глупо тоа шо за индивидуална награда се гледа тимскиот ранкинг. По логика на нештата ако Кари беше у Милвоки, на пример, немаше ни да биде стаен у иста реченица со МВП наградата пошо најверојатно немаше да бидат у први 4. Е, сеа логиката на НБА е дека ако си најдобар ти САМИОТ моеш да ја издигнеш екипата у први 4 и да лапнеш МВП. Значи у логиката на НБА, всушност нема логика. По кој основ Вестбрук ако продужи вака до крај, а ОКЦ не се најдат меѓу први четири нема да земе МВП и место него ќе земе Кари, кој е исто така страшен да не се разбереме погрешно.
Е ајде де... И ја тоа го викам уште одамна ама не не прашуваат мене или тебе, за жал... Ако ги рачунаа на овој начин МВП наградите, Коби сеа ќе имаше најмалку 3 МВП награди. Што се мене тиче ја одма на Расел би му ја дал МВП наградата, али знаејќи ги Америте како ги рачунаат МВП наградите знам дека Расел нема шанси да ја добие и дека битката ќе биде помеѓу Кари, Леброн и Харден, а сега за сега Кари е најголем фаворит.
 
Јас се согласувам дека преголема тежина се става на јачината на тимот и дека МВП наградата треба да се дава за индивидулни заслуги. Во денешно време па не знам колку да биде некој добар како играч, сам не може којзнае колку да постигне, па дури еден играч не е гаранција ни за во плејоф да се влезе.

Според мене, генерално има 5-6 кандидати за МВП сезонава што е најмногу откако се сеќавам. Обично целата ситуација е многу појасна, ама овојпат е стварно тешко да се прогнозира.

Од една страна се Curry и Harden кои цела сезона константно се одлични и го предводат своите тимови до врвот од табелата.

Од друга страна ги имате Westbrook и Davis кои објективно и според некои статистики имаат веројатно и подобри сезони од оние на Curry и Harden ама пропуштија по 15тина натпревари заради повреди (што е исто важен фактор), а и тимовите не им се во врвот на табелата.

И на трета страна го имаме Леброн кој објективно е најдобар играч во лигата, меѓутоа не е во онаа форма на која сме навикнале има послаба сезона од минатото, тимот пола сезона му беше во хаос во кој тој е меѓу главните виновници, па дури и тој пропушти доста натпревари заради повреда.

Згора на се тука може да се додаде и Chris Paul кој статистички игра цело време одлична сезона а и тимот му е добар, ама до повредата на Griffin беше потценет, па дури сега почнува да се сфаќа неговата вредност откако ги одржа Клиперси на исто ниво и без Griffin. Ама искрено Paul е зад овие 5 според мене и нема некои реални шанси.

Заради целата оваа нејасност мислам дека последната четвртина од сезоната ќе има клучна улога. Знаејќи го начинот на кој функционира ова во НБА, голема улога играат јачината на екипата и наративот кој цела сезона провејува низ медиумите, па затоа битката реално е меѓу Curry и Harden (моментално е 50/50 меѓу нив) со шанса да им се придружи па дури и да ги помине Westbrook ако продолжи во ова темпо од последниот месец, месец и пол и во следните 15-20 натпревари. Ако вака продолжи Westbrook и ако OKC делумно си го подобри пласманот (што е можно, нема да ме чуди да влезат во некоја серија од десетина победи по ред, особено откако ќе се врати Дурант) ми се чини дека тешко ќе се осудат да гласаат против него со оглед дека ова што моментално го прави повеќе наликува на бројки од видео игра отколку на реални натпревари.
 
Заврши сезоната за Вес Метјуз :(
 
Не е фан лигата на Харден, прво глупа суспензија доби пропушти со Атланта мечот, а после апсолутно ништо не му досудија против Мемфис, 2 слободни имаше цела утакмица, последниот напад исто не му го досудија и после мечот си ја увидоа грешката и се извинија.
Кари ќе земи и според мене тука негде ќе биди со Роуз 2011 за најлош МВП во последните 15тина години. Отпаѓат прва рунда ако добијат здрав ОКЦ
 
Не е фан лигата на Харден, прво глупа суспензија доби пропушти со Атланта мечот, а после апсолутно ништо не му досудија против Мемфис, 2 слободни имаше цела утакмица, последниот напад исто не му го досудија и после мечот си ја увидоа грешката и се извинија.
Кари ќе земи и според мене тука негде ќе биди со Роуз 2011 за најлош МВП во последните 15тина години. Отпаѓат прва рунда ако добијат здрав ОКЦ
Роуз најлош мвп во последни 15 години? се читаш ли бе што пишуваш?
 
Отпаѓат прва рунда ако добијат здрав ОКЦ

Јас се надевам дека нема да дојде до таков дуел во првата рунда бидејќи ако се сите играчи здрави ми се чини дека Голден Стејт и ОКЦ се всушност 2та најјаки тима во лигата, греота е во прва рунда да се сретнат...

А инаку не сум баш сигурен дека би отпаднале Голден Стејт. Ова што го играат оваа сезона е далеку повисоко ниво од она што го покажувале тимовите во регуларниот дел од сезоната во последниве години. Ќе видиме колку сето тоа ќе се преслика во плејофот, ама во регуларниот дел толку доминантна екипа немало уште од Чикаго во 90тите...

Од друга страна факт е дека прилично никој не знае кој е максимумот на ОКЦ. После трејдовите немаат заедно реално заиграно, а не пак да се уиграат. Ако се уиграат и Westbrook продолжи во ваква форма, а Дурант си е во стандардното негово издание којзнае до каде ќе дотераат.

Згора на се тоа и Мемфис никако не е за потценување. А да не зборувам за Атланта и Кливленд на "другата страна". Не очекува лудило од плејоф. Само да останат што е можно повеќе екипи здрави (Портланд на пример иако Метјуз не им е главен играч, мислам дека нема да го преживее неговото отсуство и кој ќе ги добие во плејоф ќе му се посреќи).
 
Се молам да не се паднат во прва руна ГС и ОКЦ. Предобри се двете екипи за да се сретнат во прва рунда, мада мислам дека ОКЦ ќе направи една добра серија до крај на регуларен дел и ја очекувам на барем 7мо место.
Мое мислење е дека со враќањето на Дурент, тешко Вестбрук дека ќе има вакви бројки. Сепак сега зема по 30+ шута, и секој напад оди преку него, е сега со Дурент во тимот ќе биде друга приказна.

Вечер Атланта-Кливленд очекувам да биде многу интересна утакмица.
 
Со секој нов напишан пост се повеќе и повеќе се бламира. Мислам дека за кратко време ќе дојде до фаза каде самиот ќе посака да си акне бан од што пишува глупости.
 
00 Шек
01 Ајверсон
02, 03 Данкан
04 Гарнет
05, 06 Неш
07 Дирк
08 Коби
09, 10 Леброн
11 Роуз
12, 13 Леброн
14 Дурант


Од кој имаше Роуз подобра сезона? Евентуално Неш во 2005 или Коби 2008

Пс не само во последни 15 туку ако видиш и наназад од 80та до 99та победници биле Карим, Др Џ, Мозес, Брд, Меџик, Џордан, Баркли, Олајџувон, Робинсон, Карл Мелоун.



Факт- Роуз е најслабиот играч во историјата на НБА шо добил МВП.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom