Јас се согласувам дека преголема тежина се става на јачината на тимот и дека МВП наградата треба да се дава за индивидулни заслуги. Во денешно време па не знам колку да биде некој добар како играч, сам не може којзнае колку да постигне, па дури еден играч не е гаранција ни за во плејоф да се влезе.
Според мене, генерално има 5-6 кандидати за МВП сезонава што е најмногу откако се сеќавам. Обично целата ситуација е многу појасна, ама овојпат е стварно тешко да се прогнозира.
Од една страна се Curry и Harden кои цела сезона константно се одлични и го предводат своите тимови до врвот од табелата.
Од друга страна ги имате Westbrook и Davis кои објективно и според некои статистики имаат веројатно и подобри сезони од оние на Curry и Harden ама пропуштија по 15тина натпревари заради повреди (што е исто важен фактор), а и тимовите не им се во врвот на табелата.
И на трета страна го имаме Леброн кој објективно е најдобар играч во лигата, меѓутоа не е во онаа форма на која сме навикнале има послаба сезона од минатото, тимот пола сезона му беше во хаос во кој тој е меѓу главните виновници, па дури и тој пропушти доста натпревари заради повреда.
Згора на се тука може да се додаде и Chris Paul кој статистички игра цело време одлична сезона а и тимот му е добар, ама до повредата на Griffin беше потценет, па дури сега почнува да се сфаќа неговата вредност откако ги одржа Клиперси на исто ниво и без Griffin. Ама искрено Paul е зад овие 5 според мене и нема некои реални шанси.
Заради целата оваа нејасност мислам дека последната четвртина од сезоната ќе има клучна улога. Знаејќи го начинот на кој функционира ова во НБА, голема улога играат јачината на екипата и наративот кој цела сезона провејува низ медиумите, па затоа битката реално е меѓу Curry и Harden (моментално е 50/50 меѓу нив) со шанса да им се придружи па дури и да ги помине Westbrook ако продолжи во ова темпо од последниот месец, месец и пол и во следните 15-20 натпревари. Ако вака продолжи Westbrook и ако OKC делумно си го подобри пласманот (што е можно, нема да ме чуди да влезат во некоја серија од десетина победи по ред, особено откако ќе се врати Дурант) ми се чини дека тешко ќе се осудат да гласаат против него со оглед дека ова што моментално го прави повеќе наликува на бројки од видео игра отколку на реални натпревари.