НБА сезона 2014-2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

The Finals:


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас многу го ценам Тибс, пошто еве веќе 5та сезона како со успех ги води Булс (и тоа оваа му е најдискутабилна), и најмногу го ценам за тоа дека никогаш не бара изговор во повредени играчи, туку баш обратно на секој прес во изминативе сезони ( а сите знаеме каков беше здравствениот билтен на Булси) инсистира на тоа дека екипата не е еден или двајца играчи.

Без Роуз Булс веќе не се контендери, но неможат да се отпишат. Сепак имаат широк ростер, искусен играч како Пау, Батлер кој е во топ форма, и нема да бидам изненаден ако истуркаат до Конференциско финале (а таму што биде нека биде). Мене најмногу ме загрижува одбраната. Ако играат одбрана како што треба и како што знаат, се може да се очекува од Булс.
 
2iitqur.jpg
 
http://bleacherreport.com/articles/...um=referral&utm_campaign=programming-national

Brooks has been a revelation this season in short bursts, the latest in a growing list of point guards whose careers have been rejuvenated under Thibodeau. But he's a bad defender, slight in frame and his recent NBA track record says extended minutes will only lead to lower efficiency. Hinrich is 34 years old and a bit of a mess on both ends of the floor.
 
http://bleacherreport.com/articles/...um=referral&utm_campaign=programming-national

Brooks has been a revelation this season in short bursts, the latest in a growing list of point guards whose careers have been rejuvenated under Thibodeau. But he's a bad defender, slight in frame and his recent NBA track record says extended minutes will only lead to lower efficiency. Hinrich is 34 years old and a bit of a mess on both ends of the floor.

Kој ќе игра сега повеќе минути од нив двајца?
 
Kој ќе игра сега повеќе минути од нив двајца?

Типувам на Хајнрих, заради неговата способност да игра одбрана, но и тој е стаклен па многу често се повредува. А како што се вели во статијата, кога и да добивал Брукс повеќе минути бројките му оделе надолу. Така да Брукс е многу покорисен кога влегува од клупа. Тука е и Мур, кој одлично си ги одработуваше минутите кога и да влезеше во игра, но сепак мислам ако е Нејт фит треба да му понудат договор до крај на сезона.
 
Тешко ми е да пишувам, за една работа, повеќе пати за жал. Таман почна да игра добро и ефикасни утакмици....Но тоа е тоа, како што би рекол Тибс, имаме играчи за да победуваме.
Не, Чикаго нема да прават никакви измени на ростерот заради оваа нова повреда на играч од јадрото на екипата, иако иднината на франшизата е ставена во прашање, ќе останат до крај. Уште е рано за тоа, но нема многу место за оптимизам. Работата е таква каква што е, но доколку е отсутен до крај на сезоната и плејофот (Има шанси за да се врати до плејоф, со брзата постапка на сечење на менискусот, која му е отворена опција) ќе се земе нов плеј, можеби Нејт Роб, можеби друг и ќе се оди на се или ништо. Овој ростер на Чикаго е много подобар офанзивно од кој и да било друг од предходните години кога исто така Роуз беше аут. Прашањето за тоа дали Тибс ќе остане или не, не е за коментар. Тибс е тренер на принцип на фуднаментална кошарка со играчи кои се на неприродни позиции цело време и можат да покриваат повеќе позиции. Игра на ротација во одбрана и повеќе со страна на помош во одбрана и се покриваат физичките недостатоци во играњето одбрана на играчите, посебно на бековските позиции кои цело време се тенки откако тој е тренер на Чикаго. Во напад игра на бавна кошарка, гив-н-гоу, кружење на топка а помалку на изолации, и затоа тоа е причината што Чикаго се underachievers до некој степен оваа сезона. Има играчи кои можат да играат изолација, да шират одбрана, да играат на сопствен офанзивен талент, но тој си тера по свое и слабо ги користи младите играчи и речиси не можат да го скршат мразот и да влезат во ротација. Но ете, иако на тажен начин, по малку и ироничен, пак му се наместија коцките да игра таква кошарка, со тоа што играч со огромен офанзивен индивидуален талент падна поради повреда. До крајот на сезоната Чикаго пак ќе бидат во топ-3 во Истокот, на лето не се знае ништо, но не очекувам преголеми промени, Џими ќе го израмнат, Тибс би требало да остане пошто не покажа знаци дека како капетан на бродот прв ќе си бега, единствено може да бега доколку отиде на пичка мајчина со Паксон и Форман. Имаше нешто дека на Роуз му било кажано дека има големи шанси пак да се случи да се скине менискусот и дека опција би било да се се исече тој дел целосно но не и да се поправа. Така се скратува на кариерата и има поголеми шанси за хронични болки (Двејн Вејд) но се враќа за 2-3 недели како Брендон Рој кој знаеме како заврши. Не сакам да мислам дека е ова крај на една ера, на еден играч кој само сака да донесе слава за еден град, кој се труди премногу за да се врати и да помогне, не сакам да мислам дека нема да се врати во елита еден ден, но останува место за малку оптимизам и надеж ние, не само како фанови на Чикаго туку на самиот спорт, да гледаме интересна и атрактивна кошарка од Дерик во иднина. Не ги заслужува тие работи што му се случија но што е, тука е, Чикаго има играчи да победи и да стигне до втора рунда на плејоф, а натаму се можно. Ние како фанови можеме само да се молиме да оздрави и да игра на најголемо ниво пак.
 
@Xsago
Зошто мислиш дека Булси треба да го трејднат Ноа ? Човекот денес напуни 30ка може уште да си тера плус супер игра и е одличен разигрувач во напад како за центар. Гасол ајде де ама пак... од него ако можат да извадат уште една-две сезони како оваа би било одчично затоа не гледам зошто би го трејдале. Само би било подобро од следна сезона да му се намали минутажа и да им се даде шанса на другиве како што кажа ти.

И двата Ноа и Гасол не мора, барем не веднаш, ама мислам дека таа би им била најдобра опција од три причини:

1. За да се развијат младите играчи пред се треба да играат. Ако не им даваат шанса и да ги фрлат во оган Миротиќ, МкДермот и останатите ќе им го забават и лимитираат развојот.
2. Ако веќе не играат некој играч, особено постарите, сто пати попаметно им е да ги трејдаат и да добијат нешто со долгорочна вредност отколку само да ги остават да им истечат договорите. Поарно нешто околку ништо. Особено ова важи за Гасол.
3. За Ноа во принцип ова мислам дека е оптимален момент за негово трејдање и добивање на максимална вредност од едноставна причина што и Ноа низ годините имал еден куп повреди и се повеќе и повеќе се чувствуваат тие повреди на него. Мислам дека подобро им е да ќарат од него сега отколку да влезат во голем ризик и да остават и тој евентуално да крахира. А инаку како играч Ноа апсолутно има вредност ама мислам дека треба друг правец да фати екипата.
 
Последно уредено:
док риверс е мотиватор ништо повеќе.. џим керито од далас е доста потценет тренер а и кер се гледа дека ќе биди квалитетен тренер.. има знаење а и бил учен од најдобрите.. за џејсон кид ќе видиме, можи да го биди и него.. сезонава далеку над очекувањата со бакси а и лани според мене го изваде максимумот со умрениот тим на бруклин
 
Kој ќе игра сега повеќе минути од нив двајца?

Хајнрих ако сакаат да им крахира нападот а колку толку да се држи одбраната, Брукс ако сакаат да им функциониора нападот, а да крахира одбраната.

Како да правиш не чини. Мој тип е дека Брукс ќе биде поважен играч.[DOUBLEPOST=1424882658][/DOUBLEPOST]И уште нешто, вака барем од она што пратам НБА низ америчкиве медиуми подолг период:

Тибодо е во катастрофални односи со менаџментот на Чикаго со години, и лебди онака во воздух идејата дека останува само затоа што и на едната и на другата страна му е страв да прекинат во ситуација кога имаат реален кандидат за титула кога се сите здрави.

Ама после оваа повреда, јас воопшто не би бил изненаден Чикаго ако направи некои посериозни резови во екипата, а тоа мислам дека има големи шанси да почне со Тибодо и да се донеси тренер кој ќе целосно ќе се согласува со потезите на управата. Не дека буквално ќе го избркаат, претпоставувам дека ќе има слична ситуација како онаа на Док Риверс кога премина од Бостон во ЛА Клиперс. Ова е во секој случај моја претпоставка.

А инаку за каков тренер е Тибодо, нема збор дека е меѓу подобрите во лигата и дека има солидно резиме зад себе особено во однос на дефанзивниот дел од играта. Реално ќе има еден куп кандидати за неговите услуги ако си замине од Чикаго. Ама не е ни идеален и си има и тој свои проблеми, како во однос на прилично заостанатите сфаќања за како да се игра во офанзива така уште повеќе за фактот што тотално нема осет за ротација на играчите и години наназад ја претерува минутажата на некои од клучните играчи. Роуз, Ноа, Денг и Батлер сите во овдредени сезони биле во ситуација каде имале преголема минутажа и Тибодо бил наголемо обвинуван за тоа. Засекогаш ќе остане прашање дали таа негова настојчивост физички до лимитот да ги истоштува играчите или не влијаеле на повредите на Роуз, Ноа, и Денг. Да се надеваме дека нема истото да му се случи и на Батлер бидејќи веќе втора година по ред е со преголема минутажа (а знаеме дека минатата година се повреди еднаш откако во првите две сезони немаше пропуштено ниту еден натпревар заради повреда).

П.С. Не би се согласил дека Тибодо е добар играч за тим кој е во rebuild фаза. Тој скоро никогаш не ги игра младите. Тибодо е тренер за сериозна искусна екипа која атакува на титула.
 
Последно уредено:
док риверс е мотиватор ништо повеќе.. џим керито од далас е доста потценет тренер а и кер се гледа дека ќе биди квалитетен тренер.. има знаење а и бил учен од најдобрите.. за џејсон кид ќе видиме, можи да го биди и него.. сезонава далеку над очекувањата со бакси а и лани според мене го изваде максимумот со умрениот тим на бруклин

Да, да, вчера ги гледав Вориорс, и можам да кажам дека Кер одлично го води тимот. Особено ми остави во впечаток неколку сета на напади кои ги направија Вориорси од аути. Кер можи да стани еден од најдобрите тренери во лигата за сезона-две.
 
Инаку искрено не мислам дека ќе има којзнае колкаво влијание врз самите резултати на Чикаго повредата на Роуз. Тие и досега на брилјираа затоа што Роуз не одигра ништо посебно цела сезона, па Брукс е адекватна замена за ваквиот Роуз. Ама со ваков Роуз секако немаше да освојат титула тие се надеваа дека со текот на времето ќе се врати стариот Роуз. Вака немаат никакви шанси против Атланта и Кливленд според мене, а прашање е и како ќе се снаоѓаат со останатите. Прво коло со Вашингтон, второ Атланта... Тешко, тешко...
 
Инаку искрено не мислам дека ќе има којзнае колкаво влијание врз самите резултати на Чикаго повредата на Роуз. Тие и досега на брилјираа затоа што Роуз не одигра ништо посебно цела сезона, па Брукс е адекватна замена за ваквиот Роуз. Ама со ваков Роуз секако немаше да освојат титула тие се надеваа дека со текот на времето ќе се врати стариот Роуз. Вака немаат никакви шанси против Атланта и Кливленд според мене, а прашање е и како ќе се снаоѓаат со останатите. Прво коло со Вашингтон, второ Атланта... Тешко, тешко...

Јас пак баш мислам дека Булс може да се мери со Атланта. Во моментов не, но мене побитно од се ми е тимот да заигра во одбрана како што треба. Е дури тогаш мислам дека Булс можи да се мери со секој тим од Истокот.
 
niso od rose....zalno ali toa e...ja nema nitu psihata...mu trebase tolku vreme da zaigra...sea koa ke se vrati ke puca ko lud trojki...
 
Да сакаат да го трејдаат Роуз што мислите што може највеќе да добијат?
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom