Тешко ми е да пишувам, за една работа, повеќе пати за жал. Таман почна да игра добро и ефикасни утакмици....Но тоа е тоа, како што би рекол Тибс, имаме играчи за да победуваме.
Не, Чикаго нема да прават никакви измени на ростерот заради оваа нова повреда на играч од јадрото на екипата, иако иднината на франшизата е ставена во прашање, ќе останат до крај. Уште е рано за тоа, но нема многу место за оптимизам. Работата е таква каква што е, но доколку е отсутен до крај на сезоната и плејофот (Има шанси за да се врати до плејоф, со брзата постапка на сечење на менискусот, која му е отворена опција) ќе се земе нов плеј, можеби Нејт Роб, можеби друг и ќе се оди на се или ништо. Овој ростер на Чикаго е много подобар офанзивно од кој и да било друг од предходните години кога исто така Роуз беше аут. Прашањето за тоа дали Тибс ќе остане или не, не е за коментар. Тибс е тренер на принцип на фуднаментална кошарка со играчи кои се на неприродни позиции цело време и можат да покриваат повеќе позиции. Игра на ротација во одбрана и повеќе со страна на помош во одбрана и се покриваат физичките недостатоци во играњето одбрана на играчите, посебно на бековските позиции кои цело време се тенки откако тој е тренер на Чикаго. Во напад игра на бавна кошарка, гив-н-гоу, кружење на топка а помалку на изолации, и затоа тоа е причината што Чикаго се underachievers до некој степен оваа сезона. Има играчи кои можат да играат изолација, да шират одбрана, да играат на сопствен офанзивен талент, но тој си тера по свое и слабо ги користи младите играчи и речиси не можат да го скршат мразот и да влезат во ротација. Но ете, иако на тажен начин, по малку и ироничен, пак му се наместија коцките да игра таква кошарка, со тоа што играч со огромен офанзивен индивидуален талент падна поради повреда. До крајот на сезоната Чикаго пак ќе бидат во топ-3 во Истокот, на лето не се знае ништо, но не очекувам преголеми промени, Џими ќе го израмнат, Тибс би требало да остане пошто не покажа знаци дека како капетан на бродот прв ќе си бега, единствено може да бега доколку отиде на пичка мајчина со Паксон и Форман. Имаше нешто дека на Роуз му било кажано дека има големи шанси пак да се случи да се скине менискусот и дека опција би било да се се исече тој дел целосно но не и да се поправа. Така се скратува на кариерата и има поголеми шанси за хронични болки (Двејн Вејд) но се враќа за 2-3 недели како Брендон Рој кој знаеме како заврши. Не сакам да мислам дека е ова крај на една ера, на еден играч кој само сака да донесе слава за еден град, кој се труди премногу за да се врати и да помогне, не сакам да мислам дека нема да се врати во елита еден ден, но останува место за малку оптимизам и надеж ние, не само како фанови на Чикаго туку на самиот спорт, да гледаме интересна и атрактивна кошарка од Дерик во иднина. Не ги заслужува тие работи што му се случија но што е, тука е, Чикаго има играчи да победи и да стигне до втора рунда на плејоф, а натаму се можно. Ние како фанови можеме само да се молиме да оздрави и да игра на најголемо ниво пак.